@the_kop ќе напишам еве јас (не со намера да се направам паметен туку...)
наместо да го меревме сите овде кој е поголем зналец за НБА со споредбите можеше многу лесно ко мажи да го решиме во кафана. само децава ниту кафана имаат видено, ниту утакмица од џордан (па дури ни на јутуб)....
опклади се по вечера дека леброн зема финале или утакмица или било што, па ако губиш или добиеш плати или јади. фино лепо. чиста ствар.
само никој не сака да ги стави парите таму кај што му е муцката, а за лаење не бива сите (додуше форум е, ама не бива).
во однос на финалето,
ако некој мисли дека леброн стигна до финале само за да го јади во 4 утакмици тоаш се лажи.
голден стејт не се во форма во која што треба да бидат (тимски) и рачунајте на тоа дека кари и томсон се враќаа по повреди годинава.
какви год да се повредите, сепак се повреди и имаат влијание при утакмици со ваков интензитет.
од друга страна пак, леброн е исто така размонтиран, човекот има ненормално добро тело и го одржува па тоа му дава да не шлапа повреди кои ќе го оддалечат од теренот, но исто така ризикот од премореност е тука и има проблем со крајот на натпреварите.
џеј ар смит пак ќе биде еден од клучните играчи кој ќе треба да потегни со по некоја тројка, а и со игра во одбрана (колку што ќе можи ради годините и ради тоа дрогите што ги шиба - нема утакмица кога не е напушен)...
кевин лов ако успее да вдени некоја тројка супер, ако не успее тешко дека нешто ќе испадне од серијава
тристан под кош ќе биди стандарден, треба да се види дали и колку леброн ќе го користи пошто од тајрон лу не очекувам ниту тактика ниту пак спремна игра за контратежа на играта на стив кер.
кај голден стејт ќе бидат клучни дјурант и дрејмонд грин
првиот за да игра одбрана над леброн и во напад да го притиска, да го троши за да го принуди и леброн да игра одбрана врз него. дјурант треба да испорача натпревари со 25+ поени ако сака титула годинава
а вториот (грин) да не напрај некоја пиздарија од типот мавање играчи по мадиња, технички грешки и ебење на цела утакмица во клучни моменти, пошто онаков сељак каков што е само за тоа го бива.
како што кажав и погоре на темава очекувам 4-2 за ГСВ, едноставно далеку поквалитетен состав се
(барем имавме интересни полуфиналиња, финалето ќе има крв али не верувам седми натпревар)