Од оцена 8 и нагоре, допреле тоа што треба да допрат и силно препорачувам;
7 и 7,5 солидно, добро филмче, и нив ги препорачувам;
6 и 6,5 ништо посебно, ама не е лош, има моменти, ок е;
5,5 и надоле, варијации на разочарување и лошотилак;
(R) - реприза
(К) - глеан во кино
идеме пак на 300
1.
The Little Foxes-
8 (R) (Традиционално почнување на годината со великанката Бет Дејвис. Драма што наликува на претстава, па затоа во преден план се глумата и сценариото кои се одлични. Борба помеѓу од една страна човечност, топлина, искрена љубов, и од друга страна злоба, алчност.. многу добар.
2.
The Greatest Showman- 5,5 (K) (Еден збор: генеричност. Гледлив е дефинитивно, ама некако се' делуваше пластично. Посебно песните сите ко една звучеа со некој модерен досаден поп звук.
3.
Metropolitan-
8 (Кој сака филмови со мнооогу зборење еве му предлог. Група Њујоркчани, висока класа на хипстери од 90тите
, се собираат на забави околу божиќ и расправаат криви дрини. Сценариото и дијалозите ми беа смешни и досетливи. А и
саундтракот предобар.)
4.
Regalo di Natale- 7 (Исто неколку пријатели се собираат за божиќ али за покер партија со големи влогови, и парични и меѓу пријателите. Ликовите ми беа доста интересни, тоа и му донесе 7че)
5.
Extracted- 6,5 (
5х предизвик)
6.
The Infinite Man- 7 (
5х предизвик)
7.
The Rewrite- 6,5 (Лесно предвидливо филгуд филмче, со смешни сцени али и со сцени за превртуење очи. Хју Грант го движеше филмов, а и со Мариса Томеј си имаа солидна хемија. Плус многу зборење за филмови што е секогаш плус)
8.
Transfer- 6,5 (
5х предизвик)
9.
Dorian Gray- 5 (Џабе што имаш квалитетен материјал и убава поента и порака за пренесување кога тоа го правиш хаотично и без одмереност. Очигледно се одело all in на естетика, и ај шо не се напраило нешо посебно таму ама и начинот на раскажување беше неурамнотежен, а и се друго делуеше запоставено)
10.
Throw Momma from the Train- 4,5 ( Некоја комична верзија на Strangers on a train на Хичкок. За комедија премалку хумор и премногу глупости, и тоа од несмешните глупости)
11.
Anti Matter- 4,5 (
5x предизвик)
12.
A Mighty Wind-
8 (R) (Мокјументари за reunion концерт на три групи кои на времето жареле и палеле на фолк сцената низ Америка
. Смешни ликови, смешно сценарио и добри песни)
13.
ARQ- 7(
5x предизвик)
14.
The Prestige- 7 (R) (Реприза после 10 години коа ми беше одличен. Сега на моменти ко празен ми делуеше, ко голем дел од фокусот да беше ставен на пресвртите при крај.. али добар си е севкупно, убаво прикажано како делуе претерана опсесија, љубомора и желба за одмазда, со all-star екипа. Едино жена му на Бејл не ме бендиса со глумата)
15.
Paddington 2-
8 (K) (љеље љеље цуци буци
)
16.
Brawl in Cell Block 99-
8 (Винс Вон растури. Можда веќе виден плот за одмазда, али сместен во различен сетинг, а изведбата сурова, ноарска, сликовита, емоционална и без многу трте-мрте.
)
17.
Woman on the Run-
8 (Вато, тебе мајсимално ти легнал а? Доста добар у секој случај, од сите аспекти посебно сценариото)
18.
Husband & Wife- 6,5 (Маж и жена случајно се мењаат со телата, маж у женско тело и обратно..добар за пуштање мозок на пасење и релаксација)
19.
House of Tolerance- 5,5 (
Film Club)
20.
Popstar: Never Stop Never Stopping- 6,5 (и овој музички мокјументари само со модерни поп ѕвезди и многу познати камеа. Исто забавен али не до толку впечатлив)
21.
Marrowbone- 4,5 (K) (драмата слаба, клише jump scares шо точно знаеш коа ќе се случат(едно 5 секунди откоа ќе престане музиката), со некои пресврти шо го правеа претходниот дел нелогичен.. Освен прилично солидна глума ништо не ми остаи никаков впечаток)
22.
Logan Lucky- 6,5 (као шо се приметуе коа некој преглумува нешо, така и за филмов ми се приметуеше дека премногу сака да биде кул heist филмче. А некако и не можев да им го прифатам ликот шо го играа Татум и посебно Крег, глумците ми штрчеа некако, као да го прифатам Даниел Крег ко амерички јужњак
.. having said that(Curb), забавен со шо и си ја постигна целта)
23.
The Piano Teacher- 7,5 (Изабел Хуперт докажуе дека е актериште по којзнае кој пат..
добар кадар)
24.
Giants and Toys- 7 (на сатиричен начин, во посветол комичен тон прикажано како во трка за профит се престанува да се биде човек.. добро филмче)
25.
Senso-
8 (средина на 19ти век, Италија, костими, мелодрама, убави бои за око.. убав)
26.
Conan the Barbarian- 7,5 (
Film club)
27.
He Loves Me… He Loves Me Not- 7,5 (Интересеен.. и не читајте нишо за филмов..
Одри )
28.
What If- 6 (
Zoe Kazan .. си имаше шармантни мали моментчиња, али и прилично предвидливи.. Редклиф и Зои си беа добри, али ми фалеа добри споредни улоги.. за пред спиење да пуштиш мозок ок си е)
29.
Molly’s Game- 7,5 (K) (Арон Соркин првпат ко режисер, и којзнае кој пат ко сценарист на биографски филм. Конкретно за покер кралицата Моли, добар.. 2-3 пати можда се претера со нарацијата и објаснување на тоа шо и сами го глеаме коа немаше потреба, али освен тоа, филмов држи темпо 2 ипол саата, а богами и вниманието. Џесика си беше супер. Не ме допре до толку за 8че иако имаа една доста добра таква сцена Честејн и Костнер.
30.
Downsizing- 5,5 (K) (Глеаш и не дека има нешо лошо али ништо не предизвикуе кај тебе.. поентите расфрлани, концептот интересен али многу малку се играл со него Александар Пејн, на кого му ги сакам филмчињата и сценаријата али овој му е слаб и досадничок)
31.
Jeremiah Johnson-
8 (R) (
5x предизвик)
32.
Venus- 7 (Питр О'Тул
, и ко старец растура)
33.
The Piano-
8 (Романса во Нов Зеланд.. 3 оскари, за глума и сценарио, плус 5 номинации. Квалитетен)
34.
On Dangerous Ground- 7,5 (Типично ноарче во нетипичен сетинг)
35.
Will Success Spoil Rock Hunter?- 6,5
36.
This Must Be the Place-
8 (R) (Шон Пен е цар. Плус This must be the place од Токинг Хедс низ цел филм во разни аранжмани. I like)
37.
Baby Face-
8 (Барбара Стенвик е фам фатал шо користи мажи за да се има се шо ќе посака..
)
38.
Walking Out- 7,5 (Споро почиња али надокнадуе у вториот дел. Многу убави кадри од природа, со убаво саундтраче и глума. Кој е по outdoors филмчиња, дефинитивно вреди)
39.
Love in the Afternoon- 6,5 (R) (
Film Club)
40.
Pathfinder-
8 (R) (
5x предизвик)
41.
Mr. Blandings Builds His Dream House-
8 (многу закон скрубол комедииче)
42.
Fitzcarraldo- 8,5 (R) (
5x предизвик)
43.
I Know Where I’m Going!-
8 (Убава романса низ Шкотските мориња острови и замоци. Убаво снимен)
44.
Burden of Dreams- (R) (Се глеа после број 42)
45.
Crazy, Stupid, Love.- 6 (R) (Ролеркоустер од добри и кринџ моменти)
46.
Phantom Lady- 7 (ноарче)
47.
Wonder-
8 (Иде скоро all in на сентиметалност, и успешно функционира, иако најмногу ме допреа други два моменти шо беа странични у филмов, со кучето и бабата/внуката. Емпатија и добрина, не е толку тешко)
48.
Rocco and His Brothers-
8 (Млад Алан Делон во акција, легендарен глумец)
49.
Lady Bird-
8 (Веќе видено можда али одлично изведено, посебно дијалозите. Каминг оф ејџ плус однос мајка/ќерка. Овој стил на филмови си ги сакам ептен)
50.
All the Money in the World- 7,5 (K) (Динамично драма трилерче што те држи два и кусур саата. Саундтракот ептен погоден, исто и Кристофер Пламер.. не можам да го замислам Спејси во таа улога)
51.
Lars and the Real Girl- 7,5 (R) (Рајан Гослинг е несоцијализиран и има бркови)
52.
Call Me by Your Name- 7,5 (За уживање беше кинематографијата и природата во Италија. Сценариото е јако и ми е фаворит кај адаптираните сценарија за оскар. Глумецов шо беше Елио сериозно добро изглуми. Романсата не ми беше лоша али не ме ни внесе пример ко КршенГрб Планина.. почна али при крајот)
53.
Darkest Hour- 7,5 (Убаво снимен, внесува, и Олдман Гери заслужено ќе земе оскар)
54.
Il Posto- 8,5 (Плотов коа ќе го видиш е едноставен и делуе досаден, али копа длабоко и ептен се поврзав па и пронајдов во филмов.