5X филмски предизвик v.2/2018

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.290
Ако се прашувам јас, концептот на темава ќе биде 5/5, со тоа што ако некој филм од понудените ви е гледан, и не ви се репризира, си пишувате рецензија само за тие филмови што ви се гледани и крај. Во секој случај, ќе повторам... како ќе одлучите да се одвива проектов, така ќе се одвива. Јас ќе стојам зад секоја одлука што ќе ја донесете и ќе ја спроведувам во целост, па макар решиле и да гледаме по 20 филмови месечно.
Важно по мене е што е поголемата цел на темава. Дали да глеаме сите 5 исти филмови што е ко филмскиот клуб исто, или да глеаме филмови од иста тематика што на предложувачот му е интересна.

По мене изборот на тематиката е поважен, и било која комбинација шо не е 5 од 5 ги остварува двете цели полесно, и е попримамливо за тие шо треба да гледаат, да не се осеќа ептен ко зададена домашна[DOUBLEPOST=1514507018][/DOUBLEPOST]
ако веќе го усвојуваме овој концепт, барем да го направиме 5/8 со тоа што задолжителни да бидат 3/5
Може

еве ти. Може?
Може[DOUBLEPOST=1514507744][/DOUBLEPOST]ја одам да спијам
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.957
Поени од реакции
34.326
Важно по мене е што е поголемата цел на темава. Дали да глеаме сите 5 исти филмови што е ко филмскиот клуб исто, или да глеаме филмови од иста тематика што на предложувачот му е интересна.

По мене изборот на тематиката е поважен, и било која комбинација шо не е 5 од 5 ги остварува двете цели полесно, и е попримамливо за тие шо треба да гледаат, да не се осеќа ептен ко зададена домашна[DOUBLEPOST=1514507018][/DOUBLEPOST]
Може


Може
Ете, значи падна договор конечно:

-некој член предложува тема, и 8 филма според темата од кои 3 назначени како приоритетни;
-сите останати кои сакаат да учествуваат, гледаат 5 филма, по избор, од кои трите приоритетни - задолжително;
-да не се повторуваме, изберете некоја тема која нема поминато, или ако веќе има поминато, нека биде тоа некоја за која има голем избор на филмови.
-исто - филм кој веќе поминал во една тема, не може да биде предложен во друга.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Дефиниравме што дефиниравме, сега ќе гледаме.

Пред се, му се заблагодарувам на Злате што се нафати да го повтори проектов на моја иницијатива, уште поголема чест ми претставува истиот да го отворам. Ќе тераме колку што ќе тераме, без никакви ветувања и притисоци, секој кој што сака да ни се приклучи е добредојден.
А сега, околу првата тема на 5x филмскиот предизвик v2

Lo-Fi Sci-Fi (2000- )
Секој проект започнува со експеримент, па така и нашиот. Соодветно, ќе почнеме и со експериментален жанр. Или попрецизно, субжанр на научната фантастика. Оној сегмент од неа која што ги опфаќа нискобуџетните инди филмови што се занимаваат со time travel, time loop, parallel universes, conscience transfer, и слични мотиви полни со парадокс. Во главно, во фокусот на овие филмови се идеите, наспроти естетиката на високобуџетните sci-fi блокбастери, и како такви имаат мала фан база, но стабилна.

Јас издвоив 8 филмови кои ги нема никој обележано како гледани на летер од моите пријатели и колку што вие знаете за нив, толку знам и јас. Исто знам дека е секогаш ризично да се одбере овој концепт на предложување, меѓутоа сакав предизвикот да биде ист за сите, а зашто @wot има изгледано се што има да се изгледа од овој жанр, па дури и Beyond the Black Rainbow (dude, for real?), филмовите што ќе ги гледаме се ептен непроверени.

Се надевам ќе ви се допадне изборот на тема и изборот на филмови и ова ќе биде еден успешен почеток во новата 2018та.

3те филмови кои се италик болд се филмовите кои јас ги одбрав како задолжителни, 2 филмови кои ќе бидат само италик се филмови кои може да се заменуваат, и последните 3 филмови ќе бидат избор за замена по желба на членовите.
Јас се разбира, инсистирам да се гледаат 5те филмови што ќе бидат предложени како официјален избор за 5/5 предизвикот, меѓутоа замената секако е во склоп на правилата и дозволена.

Филмовите коишто ќе се гледаат во Јануари 2018, се:

ARQ
Anti Matter
Extracted
Travelling Salesman
The Infinite Man

You Are Here
El Incidente
Transfer



Happy watching, and Happy New Year!

 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.290
Extracted

Баш како и што се очекуваше од филмови кои би влегле во категоријава.. доста интересен концепт и идеја, плус и мултидимензионална. Од првичната идеја на “машинчето“, па влегување во туѓи сеќавања, заглавување во туѓо сеќавање, комунцирање со носителот на сеќавањата и на крај WinRAR extract here. И сето тоа покриено со трилер елементчиња. Тоа се и главните причина зошто филмов ми беше супер гледлив. Е сеа, другото ми беше малку лабаво. На моменти сценариото ми делуваше небалансирано, посебно во деловите неповрзани со “машината“/сајфај делот, имаше некои нелогичности како на пример целата сцена кога избега Ентони, посебно клучот од лисиците што се наоѓаше кај хакеров.. Исто така и глумата не ми беше уверлива скоро од никого, таткото на Ентони посебно ме нервираше, а исто и Том ми беше некако еднодимензионално изглумен со иста фаца низ цел филм(може така биле инструкциите), и без никаква харизма.
Приказната/заплетите ко што кажав, од сајфај делот ми беа добри и генерално оригинални, а од другиве делови(Ентони-женската, Ентони-таттко му, инвеститорите..) некако просечно неуверливи, барем така ги доживеав по начинот на кои беа изнесени.
Тоа е тоа отприлика, со поголем буџет уште боље ќе беше филмов, од мене добива една фино за почеток 6 иполче, затоа што ме држеше низ текот на целото дејство.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.957
Поени од реакции
34.326
Јас сакам прво да ги гледам сите, па после ќе пишам тука. До сега сум 2/5.[DOUBLEPOST=1515352910][/DOUBLEPOST]Ау, колку си стојам на зборот! Само што реков, и морам веднаш да порекнам. Морам да напишам нешто додека ми е тазе, зашто не сакам подоцна да избледи нешто од сеќавањата.

3 изгледав од петте на @Corvus до сега, по редослед: ARQ, Travelling Salesman, Extracted. Мислењата за секој од нив, тука, ќе ги измешам малку, нема да бидат по истиот редослед.

2 од филмовите кои ги гледав на прв поглед изгледаат толку многу стереотипни и веќе видено, што мислам дека од старт би им дал ниски оценки, а баш спротивно, токму тие два ги добија високите. За да го надополнам тој „веќе видено“, момент, така се погоди (коинциденција), пред секој од двата да гледам некој друг, со речиси идентична тема. Само 2-3 дена пред ARQ (time loop), го гледав Before I Fall (time loop), а само неколку саати пред Extracted (mind control, or memory control, да бидам попрецизен), ја гледав Black Mirror: White Christmas епизодата (mind control, or memory control, or sticking into somebody's mind). Ете, до толку беше „веќе видено“. Ќе пишам за обата посебно подолу.

ARQ - Прекрасно филмче! Прво, ме изненади фактот што е Netflix original, па мислев, како е ова Lo-Fi, а испадна дека стварно било Lo-Fi, канадско филмче. Реков, темата не е воопшто оригинална, сто пати сме виделе time loop филмови, од Groundhog Day, Butterfly Effect (и не беше баш time loop во вистинска смисла, но нешто слично на тоа), If Only, па еве, до овој Before I Fall кој го гледав само неколку дена пред ARQ. Разликата во двата беше тоа што Before I Fall ме тормозеше, time loop-овите беа речиси идентични и спори, поентата беше без врска, и сл. Кај ARQ, нема почеток, нема воведи, цел филм е кулминација и те држи цело време на штрек, и со грицкање нокти. Секој нов круг од ресетирањето на времето беше во ништо сличен со било кој претходен, како да гледаш цело време некоја нова приказна, и секоја доаѓа до тоа кулминационо ниво, што во секој момент може да ти излета срцето од гради. Плус, речиси цел филм е сниман на многу мал простор (малечко станче, 3 соби се на се, а јас обожувам такви филмови), но во него се случува мноооооогу. Морам да напоменам и тоа, да не заборавам - глумата беше ОД-ЛИЧ-НА, од сите до еден, режијата, исто така, одлична, речиси ништо и да не ми сметаше во филмов. Плус, толку многу спинови, толку многу WTF моменти во нискобуџетен филм не верувам дека сум видел. Ова беше вистинско мало совршенство! Е сега, откако заврши, увидов некои моменти кои немаа баш смисла, ама во time loop филмовите ретко кога некој успева да одржи логика. Пример: ако time loop-от се случуваше само во рамки на тој круг околу куќата, тоа значи дека тој типот им се јавуваше на тие надвор неколку стотици пати. Не им било чудно тоа ним? Како тогаш, на почетокот на некој следен круг, не се надоа пред влезот на кругот? Но, реков, тешко е да бараш логика во филм од овој тип. Важно беше дека овој мене ми направи толкав мерак, што дефинитивно ќе го репризирам, и препорачувам кај стигнам. Браво @Corvus ! 9/10 од мене.

Extracted - овој го гледав пред малку, и исто така, ми беше преубав. Се согласувам со @grande-juve од погоре дека имаше недостатоци и во него, но којзнае, можеби некој ќе направи високобуџетен римејк. Темата вреди. Исто, уште на почеток да си кажам - убеден бев во невиноста на Ентони, уште од самиот старт! Човек кој толку очајнички се труди да се сети, и да си докаже, не на другите, туку на себеси, дека не убил никого, нема шанси да е убиец. Е сега, вчера вечер го гледав Black Mirror: White Christmas, и исто и таму темата е влегување во нечиј мозок, контролирање на сеќавањата, и разговор со тој внатре, како и тука. Разликата меѓу овие два, и тие два од погоре е што во овој случај другиот филм (Black Mirror: White Christmas) беше подобар од овој. НО и тоа не ме спречи и овој да добие висока оценка од мене, зошто навистина беше добар, со исто така, многу WTF моменти, глумата мене па не ми беше многу лабава, што вика гранде. Да, можеби овој главниот и споредните, ама типот што го глумеше Ентони убаво си го долови ликот. На крај дури и ми беше жал што така заврши: со хепи енд за еден, но со тажан крај за другиот. Може и посреќен ќе бев да беше обратно. Плус, еден елемент што исто така совршено се вклопи во целата слика е трилер-сегментот(ите). Ова не беше само обичен SF, туку SF-трилер амалгам, и навистина одлично изгледаше. 8/10 за овој.

Имам уште многу што да пишувам и за двата од погоре, но не сакам да бидам предолг, па затоа запрев тука, со надеж дека ако се развие дискусија, ќе се надополнам..

И кога си помисливте - @Corvus did a very good job, доаѓа...

Travelling Salesman - Очај. Очобол. Досадно до бесвест. Значи и сам се чудам како го довршив „филмов“. Дури ни не сфатив како the hell е ова поврзано со SF. Четворица типци (башка, толку површно претставени што ги гледав како роботи, како бандери, а не како ликови), математичари, што пронашле некаков изум, или теорија, за некоја нерешлива матаматичка загатка, разговараат со петти типац, владин пратеник, за да ја продадат теоријата на САД (која верувам ни сами не ја сфатиле, исто онака ко јас што ништо не сфатив), и притоа да молчат за да не завршат во некој ендек. Притоа се дискутира за светски заговори, морални дилеми, политика, атомски бомби, природата, парите и што знам уште што, ама ништо не ми беше поврзано едно со друго во муабетот. Не знам многу работи. Не знам што всушност се случуваше. Не знам што дискутираа, не знам што е P=NP. Не знам ни со која цел некој го направил ова чудо. Не знам ни како успеав да го изгледам, кога обично ги прекинувам ваквите филмови. Само знам дека бев fucking 89 човек во светот кој го гледал ова и потоа се пофалил на Letterboxd. Којзнае, другите или умреле од досада гледајќи го, или им било срам да кажат дека го гледале. Имаше еден што напишал на LB - ова е како да присуствуваш на состанок на работа, ама да не ти е гајле за работата и состанокот, а не како да гледаш филм. And I cannot agree more! 1/10 - и и тоа му е многу!
 
Последно уредено:

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.290
Travelling Salesman - Очај. Очобол. Досадно до бесвест. Значи и сам се чудам како го довршив „филмов“
хехе ја го сменив тој со Трансфер.

The Infinite Man

Еве исто и за овој Злате, исто има прилично веќе видени моменти али пак си е свој. Сега сме во loop на Австралиски начин, со само тројца ликови.
Во суштина, филмчево е за несигурноста дали партнерот во врската те сака/те сака во иста мера, и обидите да го задржиш и да се бориш со љубомората и слично. Дин и Лана се парот, а Дин е несигурниот, и напнува во таа потрага по сигурност и совршеност, посебно зашто се појавува и ексот на Лана, и откако Лана “ќе го остави“, Дин после една година прави временска машина и се враќа 1 година наназад за да го направи тој ден совршен. Арно ама, се прави луп, испаѓа дека има повеќе Динови и Лани, и настанува хаос ама интересен хаос, како повеќе спирали да се вкрстуваат без да има судири иако има интеракција меѓу скоро сите ликови од сите времиња. Ние следиме еден Дин, и иако на почеток од спиралата мислев дека ќе ме изгуби филмов, откако се привикнав на шемата ми стана доста интересно да се следи тој негов пат, а крајот од патот значеше соочување и признавање на самиот себе, а и на Лана, дека треба да искулира малку, да остави простор за дишење и да не комплицира толку.
Иако на третина од филмот мислев ќе ме изгуби, сепак отиде во нагорна линија и на крај испадна убаво мало филмче, со добро смешничко сценарио, солидна глума, посебно ликот на Дин ми беше закон, и пред се најголем плус за целиот концепт преку кој се решил режисеров да ја престави таа метафора. 7/10

A ме потсети на еден сличен исто добричок, Ruby Sparks
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.290
Трансфер

(Зашо е изборен филм, спојлерите во спојлер)

Сега сме во германско сајфајче каде што старите луѓе кои што можат да си дозволат средства, можат својата свест да ја пренесат во друго тело кое сами го одбираат од понудените, со тоа што, навечер "домаќините" имаат 4 часа за нив, односно домаќините се свесни.
Главни ликови се еден стар пар, Ана и Херман, кои патем се заљубени до уши и беа ептен срцки, и се одлучуваат за трансфер систем поради болеста на Ана. Нивни домаќини се физички совршените Сара и Аполаин кои знаат во што се впуштаат и сакаат да им помогнат на семејствата кои им се во Африка.
Тоа и ми беше најинтересниот аспект кога 4 свести(ваљда така е свест у множина )делеа 2 тела, нивната комуникација, недоверба предрасуди и зближување меѓу двата различни пара, како и размислувањата на сите откога забремени Ана/Сара.
Имаше и поише коментари у позадина за моралност, расизам, коорпорации, користење на сиромашниве, ама некако ко да не се отиде до крај, а посебно тоа важи за самиот крај шо некако антиклиматично ми заврши.
За глума и тие технички аспекти неам замерка, единствено што иако се беше добро и интересно поставено, не ме внесе до толку филмот посебно во вторатата половина, и ко што кажав самиот крај придонесе да спласне се тоа од претходно посебно во првата половина.
Севкупно, сосема ок филмче кое држи внимание и вреди да му се дае шанса, 6,5/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.727
Поени од реакции
2.546
Еве да се придружам и јас, привлечен од насловот на темата кој чепка во „мојот“ жанр. Празници и слободни денови, па имав време да изгледам нешто, не можам да ветам и за понатамошните предизвици. Обично од 20 вакви нискобуџетни филмови од непознати автори, 19 излегуваат с**ње, ама во вечна потрага сме по тој едниот :)

Ги разгледав површно насловите и започнав со „Патувачкиот трговец“. Штом нешто обработува математички проблем, нема шанса да го испуштам.
За жал, огромно разочарување. Се гледа дека сценаристот/режисерот врска немаат од проблематиката што земале да ја обработуваат, чие што па решение воопшто не ги имплицира последиците за кои што дискутираа во филмот. Воопшто не се потрудија ни да го објаснат проблемот, чие што решение е мотивот за овој филм. Башка што математичариве се однесуваа како првпат сега да се виделе, а заеднички со месеци го решавале проблемот.
Да го тргнеме дури и тоа на страна, она што останува е повторно многу лошо направено. Некои неповрзани муабети за морал, етика, правни последици, дрн дрн јариња. Камерата се тресе ко снимателот да имал паркинсонова болест. Не препорачувам за гледање по било кој основ. Настрана што воопшто не е SF.


После го фатив ARQ. Тема позната и обработувана повеќе пати досега, овојпат во одлична изведна. Би го дефинирал како трилер во НФ опкружување со акцент на трилер. Од НФ беше само временската јамка и времето на случување поставено во некоја подалечна иднина. Другото се беше од денешно време, освен часовникот на наткасната од спалната и холограмот од тв-то. Оружјето, компјутерот, се останато од сегашно време. Но, не пречеше. Одличен саспенз, обработката на формата обичен човек ставен во необична ситуација, во која што главните ликови многу добро се снаоѓаа и не правеа будалаштини. Е сега имаше неколку пресврти, кои што ако се вратиме наназад не го оправдуваа претходното однесување на ликовите и текот на приказната. Во една од временските јамки дури и го спасија криминалецот чии што контакт со уредот ја предизвика оваа временска аномалија, што значи јамката започна пред да започне јамката. Главниот лик можеше и порано да ги открие записите за претходните јамки во компјутерот, не мораше тоа да биде во последниот циклус кога роботот ја пробиваше вратата. Не мораше ни така идиотски да се однесува кога ја снимаше пораката. И такви некои ситници кои се неизбежни кај овој тип на ситуации. Во секој случај добро дело, блиску до тој едниот од дваесет, но не е тој.


Антиматерија.
Пак уште една приказна за некаква форма на телепортација, која што нема баш да пројде како што треба, па ќе настанат некои нус ефекти. Па се отвораат некои философски прашања дали душата има маса и дали се двои од телото. Интересна филмска изведба, но предолга, предолга. Можеби би била многу подобра како епизода од некој серијал од типот на зона на самракот. Едноставно немаа сценарио за час и половина. Па го тегнеа, ќе ти кажеме дома, ќе ти кажеме во лабораторија, па нели ти кажавме, ќе ти кажеме ама ти запиши си, па зошто не си запиша не ти кажуваме пак и така. И тоа малку сценарио што го имаа, полно со дупки. А лабораторијана на Оксфорд како напуштена скривница од втора светска војна. Главниот лик многу ме потсетуваше на поручник Трој од „Ѕвездени патеки“. Тоа беше и најголемата заедничка точка со НФ:)



Еxtracted Ова е нешто Џони Мнемоник стил на НФ во домашни услови. Типот пронаоѓа начин да влезе во нечиј ум и да ги „чита“ сеќавањата. Филмски стандардно прикажано како лик во дејствието во форма на дух кој што никој не го забележува. Е сега заебот почнува така што типот што е толку паметен да го открие ова, е доволно глуп да ангажира еден крајно сомнителен лик за да го продаде изумот односно да најде инвеститор. И ни повеќе ни помалку овој како инвеститор наоѓа управник на затвор или што и да беше, на кој што најважно му е да знае дали затворениците се навистина виновни или се невини, па макар и по цена да му ги искрши нозете на научникот кој што тоа му го овозможува. Прилично секојдневно, не?
Она што останува од филмот и не е така лошо, гледливо беше. Штета што не остана многу.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.957
Поени од реакции
34.326
Камерата се тресе ко снимателот да имал паркинсонова болест.
Ауу, и тоа колку ми сметаше. И обично секогаш ми смета ако е без поента. Плус, овде изгледаше ко намерно да ја нишаат, без потреба. Инаку како би го објаснил тресењето? На федери ја поставиле? Ко со телефон со лоша камера да го снимале чудово. А бе ужас!

Инаку, речиси 100% се согласувам за трите што и јас ги гледав. Само за Антиматерија те прескокнав.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.727
Поени од реакции
2.546
Плус, овде изгледаше ко намерно да ја нишаат, без потреба. Инаку како би го објаснил тресењето? На федери ја поставиле?
Намерно е нишана, очигледно без некој систем за стабилизација. Немам јас ништо против камера од рака и слично, ама ова ептен без усул беше. Да беше на федери, многу помирни ќе беа движењата.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
ARQ

Добар беше ARQ. Јас скептична бев ради главната улога што ја имаше Роби Амел, којшто е брат на најлошиот актер во модерната историја Стивен Амел, па едно време и се мислев дали воопшто да го предложувам тука. Ама добро е, не сум направила грешка со овој. Многу ме потсетуваше на нискобуџетна верзија од Edge of Tomorrow, ама убаво кажа Злате, доби поени за тоа што скоро цело дејство беше во една соба. Многу едноставен and yet engaging филм, ниту бара многу да се размислува, ниту има комплициран тајмлајн, има пропусти тука и таму, не дека нема, еве пример не знам зошто беше битно дали loop-от се одвивал само во куќата или на глобално ниво. Дури мислам со тоа само и си ја закомплицира филмот логиката со тој дел. Ете вие прашувате, нели на тие од Торус им дошло чудно да им се јавува Сони секој ден, мене ми беше чудно како војната уште трае после тие 1000 дена, додека овие се loop-aa, зашто на крај нели кога ги видоа логовите, видоа дека не биле 9, туку илјадници entries, и не знам зошто тоа не го проверуваа на почетокот уште кога ги врзуваа туку секогаш пред да умрат. Ама добро, на тие работи не се ни обрнува многу внимание во текот на гледањето зашто како што кажавте си има изградена суспензија, и размислуваш само онолку колку што ти дозволува филмот, затоа и не знам што им требаше сцената со тоа на кое ниво бил time loop-oт, не верувам некој да се фатил на сред филм да размислува дали само за нив се повторува денот или за цел свет, мене ич не ми падна тоа на памет, ниту па ме интересираше.

Инаку јас се мислев меѓу 7 и 8 за филмов, ама му стаив 8/10, па понатака ако падне импресијата, ќе му ја симнам. И онака преоценувам филмови цело време :LOL:
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.727
Поени од реакции
2.546
, еве пример не знам зошто беше битно дали loop-от се одвивал само во куќата или на глобално ниво
Колку што сконтав, идејата беше да се прикаже дека додека овие се вртат цело време во круг, надвор веќе немаше ни опасност ниту веќе постоеа корпорацијата и движењето на отпорот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.957
Поени од реакции
34.326
Колку што сконтав, идејата беше да се прикаже дека додека овие се вртат цело време во круг, надвор веќе немаше ни опасност ниту веќе постоеа корпорацијата и движењето на отпорот.
Да да, па затоа и ми беше чудно како може на тие од Торус или како и да се викаше тоа овој милион пати да им се јавува, а тие надвор од кругот, или можеби веќе одамна мртви. Само сами си искомплицираа со тоа.[DOUBLEPOST=1515673461][/DOUBLEPOST]4/5
Anti Matter - Интересна идеја, наметнува многу прашања, од оние најелементарните, за употребата на живи суштества во научни експерименти, до некои на кои дури и неможно е да им се најде почеток, крај, форма - дали мислите тежат, дали душата има маса, што станува кога телото ќе го напушти овој свет, и сл. Но некако потфрли неколкупати во пренесување на приказната. Прво, зашто беше премногу наивен: актерите ми беа ко роботи на моменти, па ми наликуваше на ептен Lo-Fi, студентски филм, потоа дали лабораториите на Оксфорд се такви, ко во 70-тите, трето, приказната премногу некако ја завлечкаа, па ако се замислиш, не wormhole, туку black holes можеш да најдеш, итн. Иако филмов траеше многу кратко, само саат и четириесетина минути, некако предолг ми се виде, зашто ко да се вртеше се во круг и ко да делуваа бесмислено некои глупости што се случуваа. ОК, got it, не можеш да бараш многу логика во филмови за time loops, wormholes, и сл, но овде ко да ми беше бесмислен пола филм. Инаку, да, и за овој мислам дека ако некој направи високобуџетен римејк, го доработи сценариото, ја постави подобро сценографијата, поработи на крпење на дупките, веројатно би можело да испадне и ептен добар филм. Некако, на крај, и ова не беше лошо, генерално, интересна замисла има, ако ништо друго, и ми се допадна што поставува многу прашања, но пати од „лоша“ реализација. 6/10 само.[DOUBLEPOST=1515673644][/DOUBLEPOST]Еве, сега видов зошто ми глумеле ко роботи актерите: освен главната актерка, Ана, која има глумено во 3-4 филма, другиве се дебитанти во вистинска смисла на зборот - ова е прв и единствен нивни филм.
 
Последно уредено:

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.290
Anti Matter

Се согласуем со @moongoses и @Zlatikevichius

Идејата интересна, и прашањата шо ги поставува, донекаде и делот на почетокот коа се развиваше пронајдокот. После откоа помина лошо експериментот со Ана, и филмов почна нагло да се влошува и си заврши во тој стил, така што џабе и идеја и се'. Најмал проблем беше предвидливот твист дека има две Ани, иако нели друго беше поентава на филмов. Главен проблем беше раздолженоста, вртењето во круг, лошата глума, и многу смешно-глупи сцени како на пример сите со детективот-кикиритка, и друга шо ми остана ептен и бев втф, со оваа:
17917183_10210592076133154_4216911775664268611_o.jpg
не знам шо беше финтата со начинот на кој збореше..

Ме изгуби уште пред да дое до пола, и чекав што побрзо да заврши.. доволно за 4,5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom