L'Apollonide (Souvenirs de la maison close) (2011)
Во филмов нема главен лик ниту приказна. Немаше ни некое запознавање со ликовите. Од една страна тоа може да се разбере како едноличност на сите ликови, односно дека индивидуалноста е потисната и дека било кој лик е репрезент на пораката што авторот сака да ни ја пренесе преку нив. Но после гледаме дека и не е баш така, дека се прави некаков обид за диференцијација помеѓу девојките.
Имаше сцени кои е повторуваа гледани од различна перспектива, не успеав да го видам различното или да разберам зошто повторувањето беше потребно. Во поголемиот дел од филмот се чувствував како да гледам дневен преглед од некое реално шоу. Учесниците јадат заедно, се бањаат, се подготвуваат, работат, правејќи некои неповрзани муабети без поента за нас гледачите.
И девојките и гостите цело време како во депресија да беа паднати. Ај за девојките разбирам, ама гостите? Еден да се насмееше, да покажеше
некаква возбуда. Како некој со сила да ги терал да дојдат во бордел, па сега едвај чекаат фајронт и да си заминат. Единствена разонода им беше тоа вртењето со прстите по чашите, да не беа сите хипнотизирани од звукот? Иста беше и таа новата што аплицираше за работата во борделот.
Има и добри начини да се пренесе таа порака, не мора сите ликови да се апатични.
Музиката па тотално анахрона. Потполно несоодветно. Баз Лурман ли се замислувал режисерот или што?
Последниот кадар од денешно време исто така потполно непотребен. Ја сфаќам поентата, но зошто?
5/10