Од оцена 8 и нагоре, допреле тоа што треба да допрат и силно препорачувам;
7 и 7,5 солидно, добро филмче, и нив ги препорачувам;
6 и 6,5 ништо посебно, ама не е лош, има моменти, ок е;
5,5 и надоле, варијации на разочарување и лошотилак;
(R) - реприза
(К) - глеан во кино
идеме пак на 300
1.
The Little Foxes-
8 (R) (Традиционално почнување на годината со великанката Бет Дејвис. Драма што наликува на претстава, па затоа во преден план се глумата и сценариото кои се одлични. Борба помеѓу од една страна човечност, топлина, искрена љубов, и од друга страна злоба, алчност.. многу добар.
2.
The Greatest Showman- 5,5 (K) (Еден збор: генеричност. Гледлив е дефинитивно, ама некако се' делуваше пластично. Посебно песните сите ко една звучеа со некој модерен досаден поп звук.
3.
Metropolitan-
8 (Кој сака филмови со мнооогу зборење еве му предлог. Група Њујоркчани, висока класа на хипстери од 90тите
, се собираат на забави околу божиќ и расправаат криви дрини. Сценариото и дијалозите ми беа смешни и досетливи. А и
саундтракот предобар.)
4.
Regalo di Natale- 7 (Исто неколку пријатели се собираат за божиќ али за покер партија со големи влогови, и парични и меѓу пријателите. Ликовите ми беа доста интересни, тоа и му донесе 7че)
5.
Extracted- 6,5 (
5х предизвик)
6.
The Infinite Man- 7 (
5х предизвик)
7.
The Rewrite- 6,5 (Лесно предвидливо филгуд филмче, со смешни сцени али и со сцени за превртуење очи. Хју Грант го движеше филмов, а и со Мариса Томеј си имаа солидна хемија. Плус многу зборење за филмови што е секогаш плус)
8.
Transfer- 6,5 (
5х предизвик)
9.
Dorian Gray- 5 (Џабе што имаш квалитетен материјал и убава поента и порака за пренесување кога тоа го правиш хаотично и без одмереност. Очигледно се одело all in на естетика, и ај шо не се напраило нешо посебно таму ама и начинот на раскажување беше неурамнотежен, а и се друго делуеше запоставено)
10.
Throw Momma from the Train- 4,5 ( Некоја комична верзија на Strangers on a train на Хичкок. За комедија премалку хумор и премногу глупости, и тоа од несмешните глупости)
11.
Anti Matter- 4,5 (
5x предизвик)
12.
A Mighty Wind-
8 (R) (Мокјументари за reunion концерт на три групи кои на времето жареле и палеле на фолк сцената низ Америка
. Смешни ликови, смешно сценарио и добри песни)
13.
ARQ- 7(
5x предизвик)
14.
The Prestige- 7 (R) (Реприза после 10 години коа ми беше одличен. Сега на моменти ко празен ми делуеше, ко голем дел од фокусот да беше ставен на пресвртите при крај.. али добар си е севкупно, убаво прикажано како делуе претерана опсесија, љубомора и желба за одмазда, со all-star екипа. Едино жена му на Бејл не ме бендиса со глумата)
15.
Paddington 2-
8 (K) (љеље љеље цуци буци
)
16.
Brawl in Cell Block 99-
8 (Винс Вон растури. Можда веќе виден плот за одмазда, али сместен во различен сетинг, а изведбата сурова, ноарска, сликовита, емоционална и без многу трте-мрте.
)
17.
Woman on the Run-
8 (Вато, тебе мајсимално ти легнал а? Доста добар у секој случај, од сите аспекти посебно сценариото)
18.
Husband & Wife- 6,5 (Маж и жена случајно се мењаат со телата, маж у женско тело и обратно..добар за пуштање мозок на пасење и релаксација)
19.
House of Tolerance- 5,5 (
Film Club)
20.
Popstar: Never Stop Never Stopping- 6,5 (и овој музички мокјументари само со модерни поп ѕвезди и многу познати камеа. Исто забавен али не до толку впечатлив)