Conan the Barbarian - филмов едноставно не е my cup of tea, sorry
@moongoses . Ова не е прв пат што го гледам, инаку. Кога бев мал, друштвото ми беше лудо по овие грамадиве од месо и мускули: Шварценегер, Ван Дам, Хулк Хоган, Сталоне, Чак Норис, Брус Ли... И постојано позајмуваа VHS од видеотека со нивните филмови. Јас зевав. Само за да не бидам отфрлен од друштвото, се правев дека ми се допаѓаат, ама всушност едвај чекав да завршат и да одиме да си играме. И Конан им беше еден од омилените ликови. Честопати дури ги ставаа и во хипотетични двобои: „Рамбо или Конан, кој е појак, кој ќе победи?“ И баш сакав да видам дали нешто се сменило. Не бе. Исто. Едноставно не сакам ваков тип на акциони филмови, и тоа е тоа. Едвај чекав да заврши. Единствено добро нешто, што стварно ми се допадна во филмов беше музиката. Врвови, од почеток до крај.
Инаку, во една прилика, за време на едно предавање на Милчо Манчевски на Филолошки факултет некаде во 2003, 2004 година, на студентско прашање дали го оправдува насилството од било кој тип во филмовите, одговори дека насилството не е забавно, лесно и убаво, и не би требало да е претставено како такво. Дека крвопролевања во филмови од типот на Рамбо, Конан и сл. не се ОК, но дека оправдува крвопролевања од типот на Saving Private Ryan (се сеќавам дека баш овој филм го зеде како пример), каде на гледачот би требало да му се згрози од ужасите при убивањата и бомбардирањата. And I cannot agree more. Тука се сечат глави ко да откинува глуварче за да го дувне во воздухот. Мене за глуварчето би ми било жал, а не па да гледам 2 саати кај што некој сече глави.
Ама ете, додека траеше, решив да се забавувам и си фаќав забелешки од моментите кои ме изнасмеаја. По редослед, во оригинал како што сум ги запишал:
-Сцената кога се бореше прв пат во арената ми беше ептен геј: овој го гризна за вратот, Конан му ја дигна ногата,
двајцата голи...
-Кога имаше секс со вештерката, не знам дали таа стенкаше од задоволство или од болка што и скршил некое ребро.
-Нокаутираше камила бе!
Задави белоглав мршојадец со заби. PETA и Анима Мунди, кај сте?
-„Let me breath my last breath into your mouth?“
What the... Was that suppose to be romantic? Awww.
-Ко ја запали плавушата, почнаа огномети да пукаат од неа. Од гасови во стомакот, или?
-Колку наивно и лесно го уби лошиот на крајот.
По толку акција, борби и колежи, очекував epic battle на крај, а не вака.
-Како стана Шварци гувернер на Калифорнија? Политичарите само зборуваат празни муабети, овој две реплики цел филм не изговори.
Терминаторска фаца, за таа улога е баш погоден. Ни на живо се смее, ни на мртво плаче.
Тоа. Толку од мене. Не ми се допадна, како што веројатно заклучивте од сѐ ова погоре. Се мислев меѓу 4 и 5.
5/10, сепак, заради музиката и сетовите (имаше чудни декорации на сет, како копјата свртени наопаку забодени во песокот во пустината, но повеќето беа супер: храмовите, облеката, оружјето...)