Извини ама имаш и високобуџетни серии со по 22 сезони
Да, ама таквите серии успеале да одржат некаков континуитет преку содржината која ја емитуваат, си имаат база на гледачи која постојано ги следи. Секоја серија доживува подеми и падови во текот на прикажувањето, но во случајов со the walking dead серијата е во слободен пад последниве неколку години.
Мислам оти целиот концепт е веќе истрошен и приказната се врти во круг. Треба нешто ептен да се промени во 9 сезона ако сака да одржи некакво ниво. Ако биде како 8ма сезона тогаш верувам дека и нај хардкор фановите ќе прекинат да ја следат.
Симпсонови и сериите од тој тип со над 20 сезони се култни серии, материјалот за емитување го црпат од секојдневието, се пародија на американскиот стил на живот што им дава неограничен материјал за снимање.
Што ново може да произлезе од серија од типот на the walking dead за да има толку сезони? Да отепаат уште некој главен лик или пак да донесат некој нов негативец? Се тоа е веќе видено.
Затоа респектирам серии од типот на Breaking bad, си имаше концепт серијата и после 5 сезони си заврши фино лепо. Затоа е култна, постави ептен високи стандарди кои ретко која серија ги достигнала или може да ги достигне.
Лоша работа кога ќе изгледате нешто толку добро е што критериумите ви се креваат до небо и се останато го споредувате со таквиот квалитет. The walking dead не е ни приближно до такво ниво, иако станува збор за два различно жанра.
Можат да направат и 30 сезони но тоа нема да го смени фактот дека серијата е тапа моментално. Обратно, има серии со далеку помал буџет па и филмови кои направиле бум, за разлика од серии со огромен буџет кои прекинале да се снимаат после првата сезона.
Се извинувам за долгиот пост.