UEFA Champions League 2017/18

Статус
Затворена за нови мислења.

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
Буфон со контакни леќи, вода во колено, укочена рака и почетна фаза на паркинс е бог и батина за Тер Штеген и за сите голмани на Барса последниве две децении
Затоа 0 титули во ЛШ, хехехеуеххеххехеуехеухехеуе.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.224
Поени од реакции
8.093
Сеуште Јуве се прашува за пролаз у 1/4 финале. Од Тотенхем ништо не зависи, не си правете бајрам на умот. Јуве вака беше надигран од Баерн пред две сезони па на крај испадна поради гол во 90 за 2-2 (Баерн се спасуваше) и после на продужетци. Јуве знаеле да покажат две спротивни лица во два меча. Нема да ме чуди 0-2 да заврши во Лондон.[DOUBLEPOST=1518560698][/DOUBLEPOST]
Затоа 0 титули во ЛШ, хехехеуеххеххехеуехеухехеуе.
Хандановиќ да не има повеќе?
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Свака част за Тотнeм, заслужија дури и победа според прикажаното.
Најголемата грешка е на грбот на Алегри, ја не знам шо си мислеше чоекот, дека утакмицата заврши во 9та минута?! Алоооооооо, уште цела текма има бре, се затвори демек ќе умртви игра, мисли игра со Киево. Срамота е ова за Јуве, никако во смисла дека се слаби Тотнeм, али ти дома да се затвориш по нецели 10 минути, брука невидена. Играј бре мушки, до крај!
За Покетино капа доле, баш го прочита Алегри. И конечно енглезиве имаат вистински фудбалер во Кејн, да видиме колку ќе го искористат. А и тој данецот свака част.
Буфон не го плукајте, чоекот има 40 години, али факт е дека вториот гол е на негова душа. Би требало реваншот да биде пекол.
Прекрасно отварање на ЛШ, најбоље натпреварување без конкуренција :cuc:
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.224
Поени од реакции
8.093

Ништо не зависело од Тотенхем,чао.

Sent from my SM-G903F using Tapatalk
Не бе, Тотенхем, ако сака ќе ја освои ЛШ. Вечерва се сожалија иначе 2-7 ќе тепаа. Оставија малце неизвесност за реваншот, иначе толку се надмоќни што како сакаат ќе играат и пак ќе го победат Јуве.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Овој Алегри секој елиминациски натпревар, 5-6 години уназад, истото го игра. На почеток на секое полувреме притиска со јак интезитет едно добри 20ина минути и пробува да го фати другиот тим кога не му е наместена одбраната, во транзиција. Ако пројде, добро, а и да не пројде, преостанатиот дел од полувремето, класичното италијанско, длабока позициона одбрана и контри. Уствари, изгледа само во такви околности знае да си ја организира офанзивата, на поставени одбрани се гледа колку не им се тренирани офанзивните движења. Да се надеваш на корнер или друг прекин за да создаваш шанси, не е знак за добро истренирана офанзива.
Кај спремни тренери не поминува секогаш таква игра. А Покетино е многу спремен тренер, мајсторски го изменаџираа второто полувреме.

Многу симпатичен тим се Тотенхем, се надевам дека ќе поминат и дека нема да пропуштат ваква шанса. Помлади се, физички и технички поспремни се, подобро тренирани се, единствена работа што им фали е искуство.

Него, Кејн, Али и Даер растураат. Добар backbone имаат Англичаните за во репрезентација.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.799
Сеуште Јуве се прашува за пролаз у 1/4 финале. Од Тотенхем ништо не зависи, не си правете бајрам на умот.
Како бе нишо не зависи? Не се докажаа ко созреана и спремна екипа до сега?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.725
Поени од реакции
110.875
Не бе, Тотенхем, ако сака ќе ја освои ЛШ. Вечерва се сожалија иначе 2-7 ќе тепаа. Оставија малце неизвесност за реваншот, иначе толку се надмоќни што како сакаат ќе играат и пак ќе го победат Јуве.
Значи види вака, не сакам да се навредиш ама 30+ години си, а види што коментираш... Кажи ми кога последен пат Јуве вака бил надигран среде Торино? Биди реален и признај дека подобар противник беше Тотенхем денес. Нормално далеку е од готов овој двомеч, има и реванш во Лондон и ваљда на Јуве ќе му се вратат повредениве, ама Тотенхем е во подобра позиција затоа што игра дома и има дури два гола на гостински терен, автоматски и 0-0 и 1-1 им се во игра. Дај молим те немој глупости да коментираш, не ти доликува.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.439
Сеуште Јуве се прашува за пролаз у 1/4 финале. Од Тотенхем ништо не зависи, не си правете бајрам на умот. Јуве вака беше надигран од Баерн пред две сезони па на крај испадна поради гол во 90 за 2-2 (Баерн се спасуваше) и после на продужетци. Јуве знаеле да покажат две спротивни лица во два меча. Нема да ме чуди 0-2 да заврши во Лондон.
И повторно одиме со експертизите......
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.313
Поени од реакции
16.796
Значи види вака, не сакам да се навредиш ама 30+ години си, а види што коментираш... Кажи ми кога последен пат Јуве вака бил надигран среде Торино? Биди реален и признај дека подобар противник беше Тотенхем денес. Нормално далеку е од готов овој двомеч, има и реванш во Лондон и ваљда на Јуве ќе му се вратат повредениве, ама Тотенхем е во подобра позиција затоа што игра дома и има дури два гола на гостински терен, автоматски и 0-0 и 1-1 им се во игра. Дај молим те немој глупости да коментираш, не ти доликува.
Баерн 2012
 
Ете кажав, од Баерн. И на таков Баерн му се вратија и му водеа 0-2 до 80та и 1-2 до 90та. Разликата од Баерн и Тотенхем, нема портеба да ја спомнувам.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
0-2, максимум 1-1.
Пишав јас, минимална победа за Јувета или нерешено е сега испадна 2-2, гг 3+ :pos:(јас го играв пол X крај 1, на еден дечко поназад исто му реков само од 0 до 2 гола :pos:)

Битно поблиску сум него твоите 0 - 2 :ROFLMAO:
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.901
Поени од реакции
7.430
Пријателе,што форсираш објасни ми?
Што изигра Јуве денес на ДОМАШЕН терен? Тотално надигран,во секој можен аспект од фудбалската игра.Средината не постоеше,никаков проток на топка,Тотенхем со висок пресинг ве уби во прво полувреме.
Втората утакмица ја игра дома,има резултат,очигледно има и против игра за Јуве и ти овде објаснуваш како Тотенхем не се прашувал ништо.

Не бе, Тотенхем, ако сака ќе ја освои ЛШ. Вечерва се сожалија иначе 2-7 ќе тепаа. Оставија малце неизвесност за реваншот, иначе толку се надмоќни што како сакаат ќе играат и пак ќе го победат Јуве.

Sent from my SM-G903F using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom