Овој Алегри секој елиминациски натпревар, 5-6 години уназад, истото го игра. На почеток на секое полувреме притиска со јак интезитет едно добри 20ина минути и пробува да го фати другиот тим кога не му е наместена одбраната, во транзиција. Ако пројде, добро, а и да не пројде, преостанатиот дел од полувремето, класичното италијанско, длабока позициона одбрана и контри. Уствари, изгледа само во такви околности знае да си ја организира офанзивата, на поставени одбрани се гледа колку не им се тренирани офанзивните движења. Да се надеваш на корнер или друг прекин за да создаваш шанси, не е знак за добро истренирана офанзива.
Кај спремни тренери не поминува секогаш таква игра. А Покетино е многу спремен тренер, мајсторски го изменаџираа второто полувреме.
Многу симпатичен тим се Тотенхем, се надевам дека ќе поминат и дека нема да пропуштат ваква шанса. Помлади се, физички и технички поспремни се, подобро тренирани се, единствена работа што им фали е искуство.
Него, Кејн, Али и Даер растураат. Добар backbone имаат Англичаните за во репрезентација.