Да ја сефтосаме темава:
1.
Black Mirror: Crocodile - 6, едноставно за мене блек мирор не е тоа што беше на ббц, би рекол многу помека и коректна серија стана, добивам впечаток дека овие две сезони на нетфликс не се занимаваат со ликови, туку со технологија. Во првите сезони имаше и доста добри ликови и доста добри приказни, поткрепени со новите начини на раскажување.
2.
Black Mirror: USS Callister - 6, има добар хумор и тоа е она во кое единствено уживав, другото е бледо и неуверливо. Епизодава има премногу нелогичности, нема никаква разврска, приказната е предвидлива и монотона, направена е само за 80ти сци-фи фанови, друго образложение не гледам.
3.
Logan - 8, многу убаво си поминав со филмов, изгледа затоа што немав никакви очекувања и ај си реков одамна не сум гледал суперхеројски филм. Доста солиден, иако би рекол малку долг, ама ликовите се добро изработени, Стивен Мерчант буквално ја владее секоја сцена од филмот, Хју Џекмен се искина од глумење, браво. Динамичен и убаво сработен.
4.
Going in Style - 7, го почитувам Зак Браф, таков ми е некој мил симпатичен лик кој не те замара во што и да прави, ова е одлично филмче за во недела навечер, со одлична актерска екипа, шаблонска приказна, ништо ново но сепак културно. Ми личеше на некоја комедија од 90те.
5.
The Big Sick - 8, послоевита комедија од обично, со доста суптилен и добар поттекст, се носи со убаво темпо во раскажувањето, ни за миг не е здодевен, сите улоги во филмов се перфектно поставени, алал вера на тој што го правел кастингот, многу е важно во вакви комедии кога имаш силни споредни ликови, убав инсајт во меѓукултуролошкиот јаз, кој за нас може изгледа подалечен, али имам еден колега индиец што е ист ваков и буквално повеќето работи ми изгледаа познато, и него му бараат жена ако не се ожени до 26, таков е договорот со мајка му
6.
Arrival - 10, не знам зошто не го гледав филмов кога беше актуелен но ете, јас и онака во последниве години не сум баш во тек со тоа што излегува, изгледа заглавив некаде во времето. Прекрасен филм, многу добро снимен, со одличен продукциски дизајн пред се. Ми се допаѓа приказната, иако сум свесен дека не е совршена, има филмови кои ми го прават кејфот без резонирање и овој е еден од тие. Би го гледал уште неколку пати, ме измести од стол.
7.
The Squid and the Whale - 9, не можам да се изначудам колку филмов ми испадна автобиографски. После прочитав дека и на режисерот, воедно и сценарист, Ноа Баумбах, му се случило истото. Се гледа, она не можеш да го измислиш, или ти се случило или не. Интелигентен филм пред се, бара добро поткован гледач, не лаик затоа што ќе го мрази од старт, си бара некој што цени убаво сработена драма со примеси на комедија која е толку црна и апсурдна што боли.
8.
Suddenly - 1, го сакам Уве Бол, како гилти плежр ми е, сакам да ги изгледам сите негови филмови, човекот е мега ѕвезда на Б продукцијата. Во филмов ко за чудо има звучни имиња, меѓу кои Реј Лиота. Не е можно режисер толку да згреши кадар, композиција, насока на актери, музика каде што не треба, и пак да има снимено значителен број филмови. Нема таков како Уве Бол.
9.
A Ghost Story - 10, ако треба да напишам нешто за филмов, ќе треба да одам да плачам додека заспијам. Ги извади сите емоции од мене. Тоа е тоа, врвот на филмската уметност.
10.
Be Kind Rewind - 8, одличен филм за опуштање, пишав во темата за генерална дискусија, сакам филмови кои ќе ме опуштат, а периодов како што ми е напнат, ми требаа вакви филмчиња.
11.
The Big Picture - 6, ова е филм со Кевин Бејкон кој треба да не внесе малку во „непознатата“ страна на Холивуд која на сите ни е позната. Накратко, се работи за студент по филм, кој добива награда за најдобар студентски филм и се крева голема фама околу тоа, па го бараат продукциски куќи и овој мисли дека лесно ќе направи долгометражен филм. Се на се, очекував повеќе и малку повеќе ме разочара.
12.
Sleep Tight - 6, демек шпански трилер ова она, ама не е ни трилер, филмот е доста репетитивен, како за plot oriented филм, почнува многу доцна со приказната, никако не те поврзува со нешто, се е тука и се е предвидливо. Џабе губење време.
13.
The Foreigner - 8, лудница филм, Џеки Чен да плаче е еднакво на Рамбо да плаче. Значи кога ќе се случи тоа, тоа е и нема назад.
14.
Stand By Me - 10, најневиниот филм на светот, сите го имате гледано, па нема што да додадам. Случајно го фатив на тв, а секогаш кога ќе го фатам на тв, го гледам до крај.
15.
Kate & Leopold - 10, еби ме во газот и викај ме Бети ако ова не е мојот фетиш за романтични филмчиња. Кејт и Леополд е толку кул филм што не би му замерил за ништо, секогаш ме забавува, во сите сцени има нешто динамично, предвидливо, ама ме тера да го гледам до крај секогаш кога ќе го видам на тв. На имдб некој имаше пишано „добар филм, ама неточен time travel“, абе да земеш да го отепаш каков тајм тревел, не е ова Х. Џ. Велс, Кејт и Леополд е, најосновната приказна на светот, некој сака некоја девојка и не може да ја има, тоа е филмот.
16.
Napoleon Dynamite - 10, ни го пушти професорот на факултет демек да се олабавиме од оние депресивни црнобели несфатени чешки филмчиња, ова е ремек дело на векот. Секогаш кога го гледам наоѓам нешто ново во филмот, колку е надреален не е можно... Абе зеде го удри со плескавица по фаца