Со Микитарјан барем (да не ме сфатите погрешно дека го ругам во некоја смисла, не ми е тоа целта) добивате вистински професионалец, поради тоа и на нас ни е жал зошто не успеа во МЈ. Нема кај него лудување до 3 сабајле како Ајвоби, тие забавите на Џек, пушење цигари по дискотеки или па скраја да е вакви видеа како што ги снима Лингард. Типичен СССР стил воспитуван спортист, за него читав дека додека играл за Шахтјор, целото време живеел во воената база која не се користела и била препуштена на користење на Шахтјор за фудбалери кои би живееле таму додека не си најдат стан. Жими една луксузна кола што ја има, може во Манчестер во контејнер има живеено. Венгер не бара агресивност од офанзивните играчи како што бара Мурињо, мислам дека подобри бројки ќе има во Арсенал. Исто сигурна сум дека во ЛЕ ќе прикаже одлични партии, лани со Погба најдобри играчи ни беа на турнирот. За дека е креативен, креативен е, на моменти има преглед на теренот и на локацијата на соиграчите како да игра ФИФА и да го гледа теренот одозгора, некои топки што ги праќаше беа нереални, знае да направи некој луд flick on и сите голови што ги даде за нас се кој од кој поубав.
Маани му се што знае да го нема по цел натпревар и после да извади гол или асистенција, слично како Озил до пред некој месец и што на моменти промашува зицери. Но како што кажав, првово можеби е резултат што не се вклопи во системот на Мурињо, не мора да значи во Арсенал дека нема да се вклопи.