Група Ц (MKD, GER, SLO, MNT) - Загреб

Која екипа нема да се пласира понатаму?

  • Германија

    Гласови: 9 6,2%
  • Словенија

    Гласови: 14 9,7%
  • Македонија

    Гласови: 14 9,7%
  • Црна Гора

    Гласови: 108 74,5%

  • Вкупно гласачи
    145
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Настрана тие 3-4 зицер промашувања на Манасков во прво полувреме, али јас мислам дека 80% од утакмицата ја добивме со седнувањето на министерот на клупа. Настрана шо не фати ништо, па и незаинтересиран изгледаше, едвај мрдаше со тие шимпитки раце. Нула од голман, незнам Барса на шо дроги е да го држи таму само плата да им зима.
Кире додека беше во зенитот им го предложи и го зедоа, посекако Де Варгас е незаменлив, да не речам втор голман на Барселона е церемонијална функција. Кога ќе му заврши договорот ќе го клоцнат некаде 100%
 
L

Löwe

Гостин
Јас искрено мислам дека Раул ќе ја сјебеше работата со тоа што го врати Борко да ги брани последните 7-8 а можда и кусур минути од мечот. Безвезно му го сјеба добриот ритам на Митревски и го врати летаргичниот Борко кој до крајот бранеше мизерно освен таа една што ја фати чинам на нерешено беше.

Се на се лоша утакмица за нас од квалитативен аспект, али кој го ебе тој дел кога најбитното го собравме, а тоа секако се бодовите. Со Црна Гора очекувам многу подобра и посигурна игра, инаку и јас мислам дека оваа утакмица ни беше малце во грч поради почетниот притисок, прва утакмица, битна башка бла бла кур се тресе.
Напротив, воопшто не беше во ритам Митревски во моментот на замената. Скроз правилна измена, и Борко продолжи лошо но пота фати 2 клучни зицера во клучни моменти со што сепак ја оправда замената.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.841
Поени од реакции
10.209
БРААААААВОООООООО БРЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ПЛЕМЕЕЕЕЕ ПЕДЕРСКО ВИ ЕБАМ!!!!!!!!
БУШИИИИИИКККККК
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Инаку, Манасков колку и да ги мразите, ни е најдобар играч.
Ееее сеа и ти, што пишуваш вакви непопуларни мислења?
Па се знае како оди тоа, секоја победа е поради Кире, Раул и Столе, секој пораз поради министерот и Деки Бој.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.127
Поени од реакции
11.170
Манасков постигна 8 гола,ама од 15 шута.Тоа како да не го гледате.
Ќе беше за браво ако постигнеше 8 од 10.Тие што барем малку пратат ракомет знаат како игра светска класа крило и каков % на реализација има.
Министеро ме мрдна од паметот во првото.АБЕ НЕ МРДАШЕ МИСИРОВ.Столица да имаше на гол ќе одбранеше нешто.
И не може бе да се фрла пред време на секој шут.Каков голман е тоа?Ако мисли дека му е јака интуицијата нека се пријави кај Лила со кутиине а не да не нервира цела нација.
Со Црна Гора треба да се игра без трошење,макар и 2-3 разлика да се победи.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
6.572
Неколку кратки впечатоци за натпреварот од местото на настанот:

1. Атмосферата солидна на моменти и одлична. Отприлика 50/50 беше меѓу македонци и словенци и тоа даде посебен шмек на натпреварот.
2. Многу пофалби за Раул, факт е дека го доби Вујо тактички во некои ситници но лично немам впечаток дека е ова негова победа. Лесно можеше да биде и пораз на негов товар со изоставувањето на Ојлески на сметка на Поповски и Велковски кои чисто сумњам дека ќе влезат во игра освен ако некој се повреди. Повеќе би рекол пораз на Вујо, се изгуби тоталка туку се фаќаше за глава и немаше никакви решенија за да им го освежи нападот.
3. Реално салам ја надигравме Словенија, дури и во прво полувреме. Натпреварот беше тесен само заради преголемиот број утнати зицери. Целта на нападот е да се креира добра чиста шанса за гол.Дали ќе се погодат или не шутевите е друга приказна, некогаш треба и малку среќа. Тоа со исклучок на 10тина минути во второ полувреме го имавме. Словенија имаше многу повеќе проблеми.
4. Столе man of the match за мене, изгина напад одбрана. Од останатите би рекол пристојни партии од повеќето. Манасков беше катастрофа без разлика што даде некој гол во второ. Талески јас не би го пцуел мислам ок одигра 55мин напад одбрана против овие касапи не е лесно. Во одбрана главно газеја со Јоновски, во напад Скок му скина неколку солидни шута тоа е. Георгиевски, Миркуловски, Прибак сосема коректни. Митревски не спаси да не потонеме. Борко стандардно ужасен.
5. Ако за Поповски и Велковски знаеме дека ќе подаваат крпи, нејасно е зошто Кузмановски не играше. Мислам дека имаше што да пружи против екипа како овие.
6. Словенците со Вујо се најголеми касапи во цела Европа. Реално искинаа во одбрана. На толку исклучувања пак да се држиш не е лесно. Ама во напад целосно безидејни. Само Зарабец глувчето нешто играше и донекаде Благотиншек. Се друго очај. Крилата ги заборавија дека постојат - а какви крила имаат. Кавтичник дедото како на туризам дојден не знам дали погледна кон голот. Безјак нула, во клопче ставен, не мрдна. Млакар даде некој гол па се изгуби тоталка... Само Скок ги вадеше особено во прво со тие скинати зицери. Не знам што судбина ќе беше само против нас брани.
7. Германија - Црна Гора, што да се каже, германците одлични, смирено полурутински ги искористија сите слабоати на ЦГ. Но пред се тешкиот пораз е резултат на очајот во напад на црногорците. Тие подолго време се во принцип дефанзивна екипа, во напад се вадат на шутерите пред се Борозан. Без него не се за на ЕП. Крила ужас, слаби пикери, просечни и потпросечни средни и леви бекчиња. Само десните бекови нешто им вредат. Ако играме одбрана како со СЛО, лесно ќе ги решиме мислам.

Поздрав од Загреб
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Класата на една репрезентација се гледа кога успева да го победи фаворизираниот противник и тогаш, кога не игра добро истата. :cool:

Министерот Ботко не уништи. Добро е што има свесен селектор и навремено реагираше со негово вадење. Браво за Никучот што во правилен момент не врати во игра.
Инаку сметам дека Талески не е за толкаво хејтање. Точно е дека во напад изигра слабо, ама во одбрана беше и тоа како солиден. На почетокот на второто кога се правеше разликата за нас искина назад. Е сега од друга страна мира да се потруди да игра подобро напад, бидејќи ако остани на ова ниво ќе биди иден Ацо Јоноски тип на играч. Еднонасочен.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.481
Поени од реакции
109.556
Инаку, Манасков колку и да ги мразите, ни е најдобар играч.
:pos:
Ставро во ред е, не мора даље. :D Најдобар играч со 5 зицери во просек... На крај можеше победа да не кошта кога утна чист зицер и ја закова во пречката, му ебам глушецот. Не го мразам јас, ама дека ни е најдобар играч нема проблем.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Добро е ова, кога може и двете страни да ги читаш. Словенците убедени, дека изгубиле заради судии...ние да изгубевме, ќе беа истиве коментари :icon_mrgr:
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
:pos:
Ставро во ред е, не мора даље. :D Најдобар играч со 5 зицери во просек... На крај можеше победа да не кошта кога утна чист зицер и ја закова во пречката, му ебам глушецот. Не го мразам јас, ама дека ни е најдобар играч нема проблем.
Da go imase Ojleski na klupa sigurno ke go izvadese..

 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.982
Поени од реакции
5.594
Единствената грешка на судиите која не беше во корист на Словенците беше тоа што ни дозволија во 59 минута, напад од 1 минута без да подигнат рака за пасивен напад. Секое исклучување кое го добија беше заслужено, играа како касапи.
Ама па и не игравме така лошо и во првото полувреме, не е точно и дека цело време се форсираше пикер кога имавме играч повеќе, направивме четири-пет пати вишок на крило, е сега што реализацијата беше ужасна, тоа е друга работа. Од друга страна, игравме доста цврста одбрана.
Кога ќе се сумира се, мислам дека победата е целосно заслужена и како што вика Раул, одиме чекор по чекор, оваа победа нема да значи ништо доколку не ги победиме и Црна Гора. После со Германија нека биде што ќе биде.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.615
Поени од реакции
7.231
Neznam dali primetivte na Stole muskulite na racete se mu bea modrici, kjotek jadese 60min.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.982
Поени од реакции
5.594
Neznam dali primetivte na Stole muskulite na racete se mu bea modrici, kjotek jadese 60min.
Тоа сакав да кажам и јас, ама ај, не мора да значи дека е од оваа утакмица, сепак ракометов е многу груб спорт.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom