- Член од
- 5 октомври 2016
- Мислења
- 95
- Поени од реакции
- 407
По која метода го пресмета COP-от на Хансол?
Има и други методи за пресметка, на пример твојот IQ x 0.08 = 4 (COP на Хансол).
Нејсе, има поинтересни информации на оваа тема.
Ете нашиот колега @StefusRefus ја открил тајната на најекономичното греење!
И уште еден пост да се просветлиме до крај.Некои ми тупеа дека ќе трошам многу повеќе за пелети греење дневно ме фаќа 220 ден 100 м2 со парно на пелети а инвестицијата е 60000 помала од клими плус и далеку подобра амортизација имаат печките од климите. Не ти се исплати клима дефинитивно ако имаш цевки дури и повеќе од тоа што ми беше прелиминарата пресметка.
На струја сигурни ќе ме фати 150 минимум 4*30*220-150=8500 годишно загуба ама добивка 60000 на 5 години плус камата вадам едно во просек 15-20/100 годишно од инвестирање што ми доаѓа 150000 на 5 години добивка за загуба од 8500*5=45000 или ќар од окулу 100000 за 5 години од пелети наспроти клими.
Најверојатно е и повеќе од 100000 за 5 години зошто животен век на котел х2 од клима ама треба експонеционални криви за тоа да се пресмета точно. 100000 ми е добивка ако животен век е ист. А не е...
Господине Рефус, стварно не знам на што си бил сношти, ама се ти е опростено. Напрај дупло кафе и препрочитај си ги постовите. Појдовна точка нека ти биде моментот дека ни деца од градинка не ти ја прифаќаат твојата весела математика.
Тоа што разбравме, грееш 100м2 со печка на пелети и радијатори (интерно парно).
Стан, куќа, изолација? Колку простории имаш и во колку од нив имаш радијатори?
Седни, напрај уште едно кафе, тефтерот, пенкалото и дигитронот во раце и уште еднаш пресметај колку си инвестирал во парното на пелети.
Радијатори (ребра), вентили, цевки, се да пишеш пред да дојдеш до печката на пелети. Немој да заборавиш работна рака, мајстори, кола/гориво, ќумци за печката, чистење на оџак... Не е лошо и да го опишеш просторот (ти си го знаеш, ама ние од другава страна појма немаме).
Тогаш и само тогаш, ќе седнеме сите домаќински и заедно ќе пресметаме дали тоа твое греење е супер економично. Ќе видиме дали во старт ти онака глатко поминуваш со 60000 ден поевтино него да си купел клими...
Белки ќе се дознае и твојот имагинарен ќар на име на камата од инвестирање 150000 денари (на 5 години колку што разбрав). Ако треба и експоненцијални криви ќе користиме, битно да дојдеме до крајната вистина.
Мислам дека ќе има многу заинтересирани на форумов (кој нејќе да се грее драстично поевтино отколку на клими), така и се вика темава - најекономично греење.[/user]
Последно уредено:





