@Klima ured, само да допрецизирам, затоа што сакам прецизна дискусија без нафрлање претпоставки. Вчера и денеска регистрирани по 4 кратки дефроста.
Не ја силувам, но сетпоинт е 25 или повеќе. Сепак за просторија која скоро 24часа се грее, тоа не би требало да е проблем. Другата клима секој ден ја силувам по неколку саати и не направила дефрост и споредбата ми е со неа. За мене дефрост е показател за слаб компресор/клима. Да бидам коректен, дефростите што ги прави досега се кратки.
Мислам дека климата е исправна. Со некои членови имаме слична потрошувачка.
Само кога е ладно ја оставам 24х. Во спротивно работи 05-24h.
45 годишна е мојава, со 10cm камена исто како кај тебе, со Veka PVC. Сетпоин 25 или повеќе. Индивидуално е чувството за топлина, некои местат на 21 и доста им е, така ќе потроши 40% помалку. Обично е на аутофан, но сега експериментирам со 4та брзина на 26 степени.
10950btu е, и никако поинаку. АКо е повеќе ќе се пофалеле. Тоа со 750 или 800W е само грешка која може да се игнорира. Не знам колку ме свативте од моето објаснување, јас не ја кудев климава, мојот заклучок е дека Gree можеше да направи ХИТ клима, доколку ставеше 13-14бту компресор, како некои од легендарните Vivaxi на времето кои нудеа многу клима за парите, една од нив користам и јас- можеби најдобриот Вивакс. Вака за малце ја промаши работава. Климава има работи за кои јапонците можат да сонуваат, но заштедиле 20$ на компресор, непотребно, и го утнале рецептот. Со овој компресор комотно можеле да стават 9/28кг внатрешна и надворешна и ќе добиеле сличен резултат на пола цена.