eTrader е апликација наменета за крајните корисници (клиентите на брокерската куќа) и овозможува праќање електронски налози до брокерите и комплетен увид во тргувањето кое е извршено преку брокерската куќа . Со
eTrader апликацијата доволно е да имате електронски уред со пристап на интернет и независно каде се наоѓате, овозможува давање електронски налози до брокерите и следење на тргувањето.
http://www.mse.mk/mk/content/29/11/2017/etrader
Со користењето на апликацијата
eTrader, можете да го замените традиционалниот начин на тргување кој претпоставува физичко присуство на клиентите за давање налози во брокерската куќа. Отсега, со само една посета кај вашиот брокер, добивате идентификациони елементи и давањето на налози може да се направи од вашите домови, од работните места, од странство, додека сте на одмор, итн.
Апликацијата е едноставна за користење и овозможува:
- високо ниво на сигурност (SSL сертификат, единствено корисничко име и лозинка за заштита на корисниците)
- едноставност во пополнувањето на налогот, неговиот внес, измена или повлекување
- преглед на портфолиото и паричната состојба со моментално ажурирање, согласно пазарната состојба
- преглед на пазарните податоци (цена, пазарна длабочина, трансакции)
- следење на внес и извршување на налогот во реално време
- преглед на активни налози
- следење на налогот во пазарната длабочината
- аларми (нотификации за промените на пазарот)
Пристап до eTrader апликацијата
За да можете да ja користите
eTrader апликацијата, потребно е брокерската куќа да дозволи пристап на корисникот до апликацијата. Како корисник на
eTrader апликацијата ги добивате следните податоци:
- URL адреса за пристап до апликацијата
- Корисничко име и лозинка
За повеќе детали за оваа апликација јавете се кај Вашиот брокер!
http://a1on.mk/archives/827176
Презентација на новиот продукт Е-традер ќе се одржи денеска во Македонската берза.
Презентацијата ќе ја одржи главниот извршен директор Иван Штериев.
По одржување на презентацијата ќе бидат презентирани и резултатите од тргувањето во изминатите единаесет месеци и деветмесечните резултати од работењето на котираните компании.
Кога е презентацијата денес незнам и немам време да одам...ако некој оди нека каже каква е и која е цената.