Како инвеститор треба да ти е познато дека инвестициска политика се прави претежно врз база на идни очекувања, не само на моментални показатели. На сите ни е јасно дека нема да има раст на БДП оваа година поради политичката криза и стопираните градежни активности на автопатите и запирањето на СК2014,
ама затоа може да се очекува ~3% раст за следната година. Плус овој тежок период фирмите што котираат на МСЕ го пребродија релативно ок, лично мислев дека ќе биде подраматично. Уште повеќе ако догодина имаме изненадување со влез во НАТО и старт на преговори во ЕУ и ете го МБИ на 3000+.
Најчесто тие што паничарат испаѓаат со куси ракави. А нема место за паника.
Не Боле, некој друг е заробеник на дневната политиката, останатите овде сме собрани да дискутираме за МСЕ и економија. Секој што се обидува да протне Грујо-Зајо муабети оди на ладење, така било, така и ќе остане.