Македонска берза

Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
https://www.youtube.com/watch?v=8FxEXbMyr-g&feature=youtu.be
Интересно кој сакал Фени да го лапне за ич пари, цел квартал на Македонска Економија го заебаа преку обид правење криза во 2те најголеми банки. Ова вака нацртано пластично за Бошко е измислено.
Колку се јаки овие Мијалкови, Груевци, Чавкови од опозиција и од Шутка сакаат Фени да го лапнат. Секоја им чест капа им симнувам . . .
Недај боже да загинат во сообраќајка, што би правеле Вие кутрите за што би дискутирале ТИ и оние што ти лајкаат . . . . ќе умрете од досада . . . После мора да дебатирате за ланскиот снег . . . .

Новинарскиот прилог е глупав, смешен, нарачан . . . . И самиот новинар се губи кој на кого е газда . . .
Намерно и не го постирав бидејќи ми вреѓа интелегенција . . . Требаше после и демантот да го постирам . . . .
http://24vesti.mk/reakcija-na-firmata-„rolis“
(незнам зошто ти не го постираше и демантот)
Во истиот прилог се спомнуваат Вицепремиерот и Пуцко петрол (ДУИ функционер) кои се поголеми доверители, па не ги спомнуваат во негативен контекст . . . .
Се откажувам . . . . Доста ми е од глупости . . .
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541

Кој демант кога сите работи се цитирани со документи од централниот регистар се што наведуваат, што демантираат овие др. у демантот дека документите се фалс или побарувањата сите заедно над 10м. Кој е твојот аргугмент да ти веруваме интуцијата претпоставувам,за разлика од новинарот и тв.
 
B

Bafra

Гостин
Темав супер си беше, се збореше прецизно на пример за СТБ или АЛК а не воопштено :D

Имате други теми и за Анѓушев/даноци/економија и сл.
Бате Боле ако може кога ќе објаснуваш за фирма, воздржи се од Грујо и Зајко....
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Околу Џидипито ако смеам да приметам, кое е извесно дека ќе биде позитивна нула, сметам дека не треба да не’ загрижува. Еве зошто

БДП е важен пред се’ за фондови и слични големи инвеститори кои инвестираат во индекс, те во најтргуваните компании колку и да се. Ние помалите инвеститори би требало, инаку која е поентата, да тргуваме во строго одбрани компании според конкретните очекувања и проценки. Наша предност е што не ни треба којзнае каков волумен на тргување за да излеземе и влеземе од фирма во фирма.

Па така, што е важно БДП за, пример, ТЕЛ, кој на време си се ослободи од вишок вработени и сега драматично зголемува добивка на сметка на намалени оперативни трошоци? Внимавајте дека приходите се намалени, но добивката, она што нас не’ интересира, е зголемена за 50%.

Друг пример се извозно ориентирани компании, како АЛК или ГРНТ (или МЕРМ апла) кој не зависат исклучиво од домашната економија и исто си бележат зголемени или барем непроменети добивки.

Проблемот пред се’ може да се лоцира кај исклучиво домашно ориентирани фирми, и банките кои се претежно домашни кредитори. Кај вториве меѓутоа, има и позитивни моменти. Случајот Фени во кој нарачаа стечај и оп го добија за две недели потоа е доста илустративен. За банките е многу важна ажурната работа на судовите за да брзо си ги решаваат сомнителните побарувања и тука мислам дека, барем за големите играчи, ќе има позитивно поместување.[DOUBLEPOST=1512333615][/DOUBLEPOST]Да не заборавам, под итно би се мавнал од фирми блиски до минатата власт, како пример БЕСТ ЗПКО СБТ и сл. Таму личи дека нема да има милост. И тоа нема врска со ЏИДИПИ :eek:
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
90
Поени од реакции
46
Онаа табела за мене е показател само и само дека оваа влада враќа далеку повеќе доспеано ДДВ за враќање на оние кои плаќаат ДДВ. Не знам кај гледаш помала наплата на ДДВ, јас гледам поголема.
Се извинувам, никогаш не ми било јасно за враќање на кое ДДВ се мисли, она по основ на извоз или??? Гледам Проф. па затоа се осмелив да прашам.
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
Се извинувам, никогаш не ми било јасно за враќање на кое ДДВ се мисли, она по основ на извоз или??? Гледам Проф. па затоа се осмелив да прашам.
Распрашај се малку по сметководители како тоа во пракса се случува, генерално, многу од фирмите плаќаат тековно ДДВ кое произлегува од нивните излезни фактури, додека калкулирањето на ДДВ од влезните фактури, во пракса, се случува малку подоцна. Тука настанува потребата УЈП да им врати ДДВ од влезните фактури. Тоа е во две реченици :)
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537
Да не ме праша некој Репликантите каде се кријат...
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Со споредба на стара и нова состојба на ЦДХВ испаѓа дека најголемиот дел на КМБ од EBRD завршила кај домашни физички лица, уделот се зголемил од 36.8% на 40.3%
 
значи вакви мафијашки работи во 4 очи со менаџментот прави и ЕБРД, просто да не веруваш ако нема документ од цдхв, продадоа по 2300денари а овие купија далеку испод пазарната, неовозможно е толку физички лица одеднаш договор со ебрд да прават.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
неовозможно е толку физички лица одеднаш договор со ебрд да прават.
Не мора да се повеќе, може е и само едно физичко лице кое собрало ~80к акции, нема детаљен листинг на сајтот на ЦДХВ. Останатите 40к ги собрало домашно правно лице.

Претходно
Kb_14.10.2017.png
Сега

Kb_04.12.2017.png
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.784
Поени од реакции
5.058
Не мора да се повеќе, може е и само едно физичко лице кое собрало ~80к акции, нема детаљен листинг на сајтот на ЦДХВ. Останатите 40к ги собрало домашно правно лице.

Претходно
Прегледај го приврзокот 181208
Сега

Прегледај го приврзокот 181211
Зеле домашни правни и физички лица две или повеќе ама со огледа дека нараснал нивниот број може и да се повеќе од две...инаку тоа се купувачи на МСЕ домашни физички и правни лица. Странски правни и физички лица продаваат. Зависи од месецот но генерално тоа е правилото за цела МСЕ. Ова е типично. Е сега најверојатно се работи за групни блок трансакции. Мислам дека немаше поединечно тргување со КМБ тој ден...ако грешам исправи. Инаку во октомври 2017та се зголемува бројот на купувачи страници во однос на другите месеци иако е предоминано домашно купување...за ноември нема сеуште билтен.
 
B

Bafra

Гостин
Не мора да се повеќе, може е и само едно физичко лице кое собрало ~80к акции, нема детаљен листинг на сајтот на ЦДХВ. Останатите 40к ги собрало домашно правно лице.

Претходно
Прегледај го приврзокот 181208
Сега

Прегледај го приврзокот 181211
Илирика ги собрала најверојатно така зборат.
Шо се секирате и така нели не чини КБ со толку лоши заеми...
Којзнае што наумил тој лово-ебачот :cautious:
 
Член од
27 јули 2017
Мислења
54
Поени од реакции
37
Не мора да се повеќе, може е и само едно физичко лице кое собрало ~80к акции, нема детаљен листинг на сајтот на ЦДХВ. Останатите 40к ги собрало домашно правно лице.

Претходно
Прегледај го приврзокот 181208
Сега

Прегледај го приврзокот 181211
Мора да се повеке лица, мислам постои закон секое физичко лице за да се стекне со акции од банка над 1%, и правно над 5% треба дозвола од НБРМ[/QUOTE]
 
Последно уредено од модератор:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.784
Поени од реакции
5.058
eTrader е апликација наменета за крајните корисници (клиентите на брокерската куќа) и овозможува праќање електронски налози до брокерите и комплетен увид во тргувањето кое е извршено преку брокерската куќа . Со eTrader апликацијата доволно е да имате електронски уред со пристап на интернет и независно каде се наоѓате, овозможува давање електронски налози до брокерите и следење на тргувањето.

http://www.mse.mk/mk/content/29/11/2017/etrader
Со користењето на апликацијата eTrader, можете да го замените традиционалниот начин на тргување кој претпоставува физичко присуство на клиентите за давање налози во брокерската куќа. Отсега, со само една посета кај вашиот брокер, добивате идентификациони елементи и давањето на налози може да се направи од вашите домови, од работните места, од странство, додека сте на одмор, итн.

Апликацијата е едноставна за користење и овозможува:

  • високо ниво на сигурност (SSL сертификат, единствено корисничко име и лозинка за заштита на корисниците)
  • едноставност во пополнувањето на налогот, неговиот внес, измена или повлекување
  • преглед на портфолиото и паричната состојба со моментално ажурирање, согласно пазарната состојба
  • преглед на пазарните податоци (цена, пазарна длабочина, трансакции)
  • следење на внес и извршување на налогот во реално време
  • преглед на активни налози
  • следење на налогот во пазарната длабочината
  • аларми (нотификации за промените на пазарот)

Пристап до eTrader апликацијата

За да можете да ja користите eTrader апликацијата, потребно е брокерската куќа да дозволи пристап на корисникот до апликацијата. Како корисник на eTrader апликацијата ги добивате следните податоци:

  • URL адреса за пристап до апликацијата
  • Корисничко име и лозинка

За повеќе детали за оваа апликација јавете се кај Вашиот брокер!

http://a1on.mk/archives/827176
Презентација на новиот продукт Е-традер ќе се одржи денеска во Македонската берза.

Презентацијата ќе ја одржи главниот извршен директор Иван Штериев.

По одржување на презентацијата ќе бидат презентирани и резултатите од тргувањето во изминатите единаесет месеци и деветмесечните резултати од работењето на котираните компании.

Кога е презентацијата денес незнам и немам време да одам...ако некој оди нека каже каква е и која е цената.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom