Serie A 2017/2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

Koj ќе биде шампион оваа сезона


  • Вкупно гласачи
    261
Статус
Затворена за нови мислења.
Очигледно не ги познавате добро фудбалските правила па вака како позасегнат можам да ти објаснам дека има големо влијание за пенал ако играчот е во посед и е во шанса за гол,дали оди топката накај корна/ќошот или накај голот....вака топката избегана во аут,не е во посед,падна како женче некое на најмал допир..пенал НУЛА..од смешно посмешно
Eте Урко погоре ти посочи, колку пати имаш видено играчот да ја избаци топката у гол аут и притоа голманот да му влезе со клизач и да го закачи малце по што судијата свири пенал? Милион пати така? Колку пати некое обично играње со рака се случувало каде воопшто тоа не влијае на играта па се свирело пенал? Џони кои правила бе друже, па фактички ти со ова викаш дека судиите во Италија не ги знаат добро правилата со тоа што свирнале пенал уз помош на ВАР технологијата... Тоа со поседот и дали е шанса за гол или не има врска во други ситуации, не и во оваа на Едер. Значи циганот падна и со рака го акна по нозете или ногата сеедно, значи го сопна, овој падна и беше досуден пенал, чист како солза и стварно дебилно ми е 20 поста да напишам за ситуацијава која е повеќе од очигледна.

А иначе превидов у корист на Јуве не ми е чуден, за нив и ВАР и било каква технологија нема улога. :)
 
А иначе превидов у корист на Јуве не ми е чуден, за нив и ВАР и било каква технологија нема улога. :)
Eпа тогаш не треба да ти биде чуден ни превидот во корист на Џенова со Јуве кога добија пенал. Ама да, типично интерашки ќе го премижите тоа. Играчот над кој е направен пенал се извлекува од офсајд ама против Јуве е судено па кој кур да кењаме.
 
Очигледно не ги познавате добро фудбалските правила па вака како позасегнат можам да ти објаснам дека има големо влијание за пенал ако играчот е во посед и е во шанса за гол,дали оди топката накај корна/ќошот или накај голот....вака топката избегана во аут,не е во посед,падна како женче некое на најмал допир..пенал НУЛА..од смешно посмешно[DOUBLEPOST=1506900237][/DOUBLEPOST]

Добро ајде не е битно само си кажав мислење дека такви пенали ако се свиреа досега или во иднина тогаш мочајсе во фудбалот


Ајде трк прегледај ја ситуацијава и дојди пак напиши што и како било.
Топката удри во Едер, и не беше избегана во никој случај.
 
Ајде трк прегледај ја ситуацијава и дојди пак напиши што и како било.
Топката удри во Едер, и не беше избегана во никој случај.

Добро не се нервирај
 
Добро не се нервирај

Не бе што кур имам да се нервирам, никој не правеше галама во Италија за пеналов, после 32132 анализи од експерти, на скај и сто други медиуми, да беше спротивно 2 недели ќе се пишуваше во тие медиуми и портали за тој непостоечки пенал, според тебе немало никаков пенал.

За мене права грешка ова со ВАР, беше пеналот за Џенова против Јуве, кога играчот беше во офсајд, денешниот пенал за Јуве не го видов.
 
Тежок срам за фудбалот беше овој пенал.Пресрамно,скандалозно.Овој судија треба од федерацијата добро да го прочистат,бидејќи со вакви одлуки џабе ВАР(ме потсети одлукава на слично нешто со гол лајн технолоџи,кога докрај не дадоа дали Арсенал всушност дал или не дал гол против Тотенхем).Уште пак поконтравезно е што се суди во корист на Јувентус и тоа при резултат 2-2 и згора на се во последните минути.:icon_lol:Но за теории на заговор барем јас нејкам да коментирам.Џонтра и сличните си се за тоа.:kafence:
 
Лоши судии има во лигава, се знаеше порано Папареста, Месина, Де Сантис, Росети, Фарина... што е ова денес, да неможе човек на раат натпревар да намести, се идиоти судат.

Бергонци отиде пензија, Таљавенто е квалитетен, али не како постариве, нажалост :'(
 
Мене глупо ми беше поништувањето на голот на Манџо за фаул на центар, вака можат да поништат гол и за фаул пред 2 минути што се случил.
 
Мене глупо ми беше поништувањето на голот на Манџо за фаул на центар, вака можат да поништат гол и за фаул пред 2 минути што се случил.

Чудно ситуација во секој случај. Не очекував дека со ВАРов и вака може да се менува одлука, а дека требаше да свирни фаул од Лихштајнер требаше. Сепак влијаеше директно на голот.
 
со рака ја удри у шеснаетерац , како не му е срам на овој да го суди тоа пенал цц местачи
 
Со рака ја удрил, СО РАКА....

Очигледно за некои луѓе нема разлика од рака и рамо.
 
Вклучи го и судијата меѓу нив, кога више досудил таков пенал :)
 
не , кајгана експертизата на јутуб со неверојатен квалитет од 480п резолуција може да процени 100 пати подобро од овие местачите
 
Јасно е дека фудбалот не е математика и дека 2+2 не е секогаш 4. Понекогаш може да има контакт ама истиот да биде со преслаб интезитет за прекршок, е сега тој интензитет е субјективна проценка, еден ќе го процени дека е доволен, друг судија ќе одмавне со раката, трет може ќе даде и жолт за симулација. Исто е и за рака/рамо ситуацијата, едноставно доволно е топката малку да опфаќа дел од раката за еден да си каже дека има основа да ја казни, јас пак ќе кажам судијата сношти 90% ја санкционираше заради движењето и намерата на Петања. Крајно небитно во секој случај, уште од старт е јасно дека технологијава нема да ги елиминира сите грешки, ама затоа доста помага. Гледам некој праша за Лихштајнер и голот на Манџукич, според правилата судијата има право да промени одлука корегирана од ВАР се додека тече истата акција независно од тоа колку време поминало. Пример, доколку топката излезеше во аут(или било кој друг прекин) после ситуацијата Лихштајнер-Гомез и Јуве постигнеше гол тогаш голот ќе беше признаен, бидејќи започнала сосема нова акција. Вака како што се случи вчера, голот падна без да има прекин од прекршокот на Лихштајнер до голот и истиот беше правилно поништен.

Е сега што ме нервираат тие муабети како овој на Син дека на Јувентус и со технологија му помагале, дај @Syn одговори ми, без твоето класично филозофирање каде беше ти да реагираш кога за Џенова против Јуве беше свирнат пенал врз играч кој се извлекуваше од офсајд? Оти тогаш не напиша, каков срам дури и со технологија Јувентус е оштетен, а вчера уште на очигледно ништо невидено се распиша на долго и на широко?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom