Не стигнав да го изгледам Бејби Џејн по втор пат во дадениот рок, сори Хоуп, краток со време, а и расположен за нешто различно бев, ама секако дека некогаш ќе го репризирам. Немав изгледано многу црно-бели филмови пред да го гледам Бејби Џејн, можеби немаше ни да го гледам толку рано, ама за среќа и тогаш се најде Хоуп да ми го предложи
eeeптен ретко знае она да ми промаши филм
Ако филмот е стар, мене тогаш тие филмови ми беа "нови", се запознавав со старите филмови, едвај чекав да дојдам до слободно време за филм да пуштам. Најдобрите стари филмови, класиците, што се и денес многу познати, они први се гледат
помалку познатите се најчесто просечни или во некои поретки случаеви ќе ти се погоди ептен добар и уште поретки некој лош. Еве пр, ако од Хичкок се сите добри филмови, прво ги гледаш Vertigo, Rebecca, Rear Window, Dial M for Murder и тако даље...
Еве и од Џејмс Стјуарт, шо ми е топ 3 омилени глумци, новиот филм од клубот го немам гледано, ќе сум го гледал некогаш, ама којзнае кога.. едноставно ја нема таа репутација филмот како некои други негови филмови.
Ај нешто и за лудачата Бејби Џејн да кажам, тоа шо ми останало у сеќавање, се ежев кога ја гледав Бет Дејвис, многу забеган лик, не знам кој ја постира погоре песничката I've written a letter to daddy, не ја слушав сега, ама од сеќавање почна да ми се врти у глава со нејзиниот глас, колку е само језиво.. глума, приказна, атмосфера, се ми беше супер 9/10 од мене.