What Ever Happened to Baby Jane? Стварно, што и се случи? Така си беше слатка, мала, мила... не... Значи нејзе шоу бизнисот и го направи тоа. Убаво кажа Вокерка, правејќи паралела со All About Eve кој ни беше прв филм во клубов. Можат да се направат паралели и со вистинскиот шоу-биз. Еве, прв на кој ми текнува е Меколи Калкин - исто ко Џејн, дете-ѕвезда кој како растеше, така пропаѓаше, сите знаеме како. Исто и братот на Жоакин Феникс, детето од Stand by Me, не ми текнува како се викаше (тој и не е меѓу живите веќе).
За ривалството меѓу актерките и за филмов дознав неодамна, кога FX првата сезона на anthology серијата Feud на Рајан Марфи (го знаеме по American Horror Story и American Crime Story), ја посвети на нив две, со наслов: Bette and Joan. Серијата беше номинирана и за нелолку Еми награди годинава, меѓу кои и за најдобра минисерија. Ликовите на Бет и Џоан ги глумат Џесика Ланг и Сузан Сарандон, па ете, кој сака да дознае повеќе за нивното ривалство, а меѓу другото и за тоа што се случувало за време на снимањето на филмов, нека побара: Feud: Bette and Joan.
За филмов се сте си кажале, се согласувам и за маните, и за убавите работи. Оваа психопаткава, дури, до толку се соживеала со улогата, што кога ја номинирале за Оскар за главна женска улога, станала психопатка IRL, па пред доделувањето на Оскарите им се јавувала на другите 4 номинирани актерки, да ги моли ако тие го добијат Оскарот, а се спречени да присуствуваат на церемонијата, таа да се качи на сцена и да го подигне наместо нив.
Убав филм, ама не толку колку некои други класици кои сум ги гледал. Се мислев за оценка измеѓу 7 и 8, и се одлучив за повисоката, ама само заради тоа што филмов останал запаметен во историјата и уште му пркоси на времето. Да немаше таков статус, каков што има, не знам ни дали би го гледале тука. А?