Хоуп
ümid edirəm
- Член од
- 13 април 2012
- Мислења
- 2.494
- Поени од реакции
- 9.494
The Man Who Shot Liberty Valancе
Спрема тоа колку јас ги обожавам. т.е не ги обожавам вестерн филмовите, не беше лошо, ама кога гледам вестерн се забавувам исто колку да гледам собраниска седница.
Во филмот ми беа најинтересни два ликови, ликови од истра страна а различни како небо и земја. Stoddard , кој доаѓа најавувајќи доба на демократија во една неимована земја без правила, цврсто верува во законите и на насилството враќа со цитирање на уставот и Doniphon, кој му доаѓа како добрата верзија на Liberty Valance, праведен човек кој уствари знае како навистина функционираат работите и не верува во бајки како правда и такви ствари, за него насилството се решава со насилство и тоа е тоа, праведен и добар ама си живее во тој див и нападен свет без правила што Stoddard уствари очајно сака да го цивилизира ... Тук и таму по малце романса што го направи Doniphon уште поинтересен како лик пошто не постои никаква сила ни закон што може да се противи на љубовта, и тој си останува сам, умира како самец и со него умира и цел тој свет и цело тоа време на насилства без закони.
Да не беше Џејмс Стјуарт ќе ставев пониска оцена, ама тој им дава некоја топлина на филмовите што ги прави поинакви и повузбудливи за гледање т.е човекот им дава душа.. Иако не се работи за класичен вестерн со коњи и пукотници, него е сосема обична мирна приказна за доаѓањето на цела една нова доба и заминувањето на старата. Барем јас така ќе си го запаметам, пошто многу многу не се разбирам и не сакам ни да навлегувам во се она што сакал да го каже филмов, а богами многу нешта раскажал.
8 од мене.

My name's John Ford. I make Westerns.