- Член од
- 8 ноември 2008
- Мислења
- 542
- Поени од реакции
- 731
Која е логиката ако бил толкав приоритет да не пробаат сериозно да преговараат со Евертон уште пред да се вмеша Јунајтед, па и од кога го договори веќе Јунајтед, да пратат понуда која и јас или ти тука знаеме дека немаше шанси да е прифатена од Евертон, а не па луѓе кои зимаат милиони за да ја работат таа работа.
Ама пак ми го вртите муабетот и ми зборите за Лукаку, а темата е Мората и Јунајтед.
Која е логиката Јунајтед цел месец да се влечка со Реал и Мората, па тек тогаш да се откажат и да одат на Лукаку, ако не им бил приоритет?
Донев, модератор си брат, читај ги постовите на сите членови бидејќи можеби сум пцуел во овој пост а ти не си го прочитал...Додека јавноста знае и сите новинари трубат за одредена трансфер цел на Манчестер, они да работат тивко на друга трансфер цел? Башка Челзи беа сигурни дека Лукаку лесно ќе го договорат и се во пол позиција и се насочија кон други трансфер цели. Самиот Лукаку изјави во интервју дека го исконтактирале Челзи. Потоа Манчестер го исконтактирале 3 пати во рок од неколку дена а Челзи не го исконтактирал ниту еднаш се до денот кога скоро беше објавено дека доаѓа во Јунајтед. Самиот кажа дека на неговата одлука влијаело и тоа што Јунајтед биле позагреани за него одколку Челзи. Од кај знаеш дека сето тоа со Мората не било само одвлекување на медиумите за да не се наруши сигурноста на Челзи дека Лукаку е веќе нивни играч?
едит: Самиот имаше поставено линкови од новинари каде што самите кажуваат дека Конте бил бесен на управата на Челзи зошто го испуштиле Лукаку од раце...