Сигурно Даре и Чеде знаат добро кои се квалитетите на Коне и процениле дека како играч им е попотребен Марковиќ да го заземе тоа последно место за странец во тимот. Коне последен пат играл во сериозна лига преклани, чим стигнал до четврта лига макар било тоа и Италија, веројатно кажува за пад во неговата кариера, клипови на ЈуТјуб можат да се направат за било кој играч и не се никакво мерило, а и од друга страна Којашевиќ иако можеби разочара квалификацииве, сепак беше еден од подобрите играчи минатата сезона и неколку пати ни извадил бодови кога сме биле во незгодна ситуација. Не разбирам зошто го потпишаа Ганецот, ем нема никакво СиВи, доаѓа од аматерска лига и колку што успеав да прочитам дури и во годините кога бил на Кипар никогаш не изиграл утакмица за некој квалитетен тим, туку веднаш бил праќан на позајмици, ем ако нашиве го планирале како засилување сигурно немаше да го праќаат одма на позајмици, а на таа позиција да купуваат уште еден играч. Чудно ми е и тоа што Чеде не му даде воопшто прилика на Итало на дуелите со Фенербахче, од она малку што го изигра со Победа ми изгледа на погодено засилување, не толку во квалитет колку што ми изгледа на играч кој многу често ќе влегува во шанси, класичен бразилски шпиц, тип на играч кој дефинитивно ни фалеше за да го размрда нападот за разлика од тромавоста на Балотели.