Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Дајте бе откажете ја. Изгледајте еве уште последната епизода и прекинете ја. Ќе се заебаваат они со вас, ќе ви уништуваат.
Па ќе ја прекинеме секако 2 години:icon_lol: После 6 години гледање на серијава ќе ја доглеам, колку и да е нелогично ме интересира како ќе заврши. Мада се надевам ќе остане запамтено дека ги усрале последните сезони.
 
Game of Thrones стана серија наменета за луѓе што лесно се импресионираат да мислат дека се многу интелигентни.
Мајкл Беј на малите екрани.
Крос од ЛОТР и Телевиса Пресента.
Иам приметено книгашите нејќат да се претопуваат со обичните смртници-гледачи на серијава.

Они цело време откриваат нови содржински дупки, објаснуваат физика и логика, и кажуваат кои се филлер епизоди. Фантастично е да се чита.
Да ги сумираме коментариве на темава испаѓа дека од 1 до 5 - се филер сезони, после 5та - телевиса пресента.

Добро е што Хари Потер не стана серија.
 
Mи текна дека ова го имав напишано лани, кога уште имаше здрав ентузијазам за серијава и армија апологети. Една година подоцна, темава стана "моја куќа". :D
Најмногу се тие шо серијава ја гледаат или од навика или оти се осеќаат принудени(или ќе си спојлнат сами битни ствари од книгите во серијава или некој шутрак ќе им ги спојлне на фб, у кафана...), а тешко малцинство се тие верните, луѓе шо веројатно Terminator: Genisys го сметаат за супер филмче!

Е сеа да ве прашам сериозно, како го "проголтавте" Станис? Како после епизодите со Станис, ќерка му, Ремзи и "Дваесетмината величенствени" шо имаа неверојатна среќа да испозапалат се од намирници...како после Литлфингр генијалецот со "слушај, Санса, Ремзи е малце забеган, ама мора пеер, мора тебе, шо си плукната мајка ти, инаку мојата единствена љубоф, да те шитнам на овој да те сече, затоа шо... јебига"...Како после тоа, како очекувавте да се упраи ова тешко, тешко срање и помор на логика? Тие ликови шо ги гледате, до степен во 5-та сезона, изразито во 6-та и скроз во последнава, не се истите ликови од претходните сезони. Не се тие луѓе, не се тие мотиви, не се тие ликови напишани на начин на кој вие сте ги засакале. Нешто друго станаа.

Нешто непрепознатливо. Трансформацијата на Џејми од нарцисоиден лигуш во добар човек има смисла, тежи пораз во битка, затвор, патешествие, една рака и Бриен. Трансформацијата на Станис беше буквално "мора да ја спалиме малата, инаку ќе дува ветер цело време".
Го памтите Литлфингр како екстремно глуп монголоид? Минатата и оваа сезона Бејлиш е тоа. Монголоид. Ја дава Санса на Ремзи, за после да носи цела армија и да го тепа Ремзи. Зошто? Кога стигнува во Винтерфел, го спасува Џон, копилето на Нед Старк. Бејлиш од претходните сезони намерно ќе задоцни малку, доволно за да остави Џон да умре и армијата на Џон да биде смачкана. Тоа е веќе Бејлиш и има смисла. Така добива смисла и неговата инвестиција во Санса, како наследник на Северот и негов Warden of the North. Ама не. Херојски дојава со армијата, го спаси и после шо прави, damage control? Многу јак демиџ контрол, сибало мајката. Му плеска у фаца на Џон дека сака да ја плоди сестра му у гробницата на татко му, суптилниот и умен Бејлиш. Пушта глупо писменце за да ги раскара сестрите, па Бриен да мора една од нив да убие. Маестрално. Ништо нема од Литлфингр. Само глумецот остана. Изгледа треба да умира. Обично кога треба да умираат, ги прават глупи и несвојствено непромислени, у дветри епизоди.

Народов во King's Landing, да не се членови на ДПМНЕ? Им ја разнесоа црквата, им го смачкаа храмот на Бејлор, местото шо ги хранеше и ги тешеше. Им го разнесе "таа курвата" шо ја плукаа и ја маваа со јајца. Ама кога стаса Јурон, човек шо не го знаат, како влечка некоја типка шо не ја знаат врзана со јаже, цел град се собра да го пречека, со овации. Кај ниеден од тие шо аплаудираа не видов сендвич во рака. Ни комбе со сендвичи не видов. Ама пак се наполни плоштадот да ја прослават победата на нивниот нов херој: "Тој бе со Окото".

Варис не постои веќе. Улогата на Варис и Селми е целосно префрлена на Тирион, а Тирион е трансформиран во некој Франкенштајн од тие два лика...
На Денерис и бутаат некоја паралела со татко и, за Џон да може да "ја враќа од темницата". Го најавија тоа со палењето на Тарли и немоќта на Тирион да влијае. Тарли, инаку човекот лојален на татко и до самиот крај, до неговата смрт, го држел Storm's End под опсада, а претходно го ловел Роберт. Истиот тој Тарли, у три реченици го запали.

Ова со носењево мртовец кај Серси...зошто? Која армија ја има Серси, која територија? Колку војска има и колку може да смени? Вреди да се испрати Кралот на Северот да умира за да и донесе мртовец? Која е математикава? Без храна у Кингс Лендинг и со една кратка опсада, има доволно време да се принуди Серси или да се предаде или да ја извадат гладни луѓе набиена на копје. Ама не бива така, нели? Она и Планината цел град ќе го држат како жив штит, во заложништво? Народот ќе биде спремен да умира за Серси? Не знам, ама ако некој вика дека не треба да се тупи оти така одлучиле креаторите на серијата, тогаш тие креатори на серијата гадно си ја потценуваат и вреѓаат публиката, а тие шо ги бранат се како толпата шо го пречека Јурон.

Red Wedding малку беа тие шо ја предвидоа. Таа сцена е "No, i am your father" на нашата генерација. Уметност, перфекција од изведба, и во серијата и во книгата. Затоа боли ова. Затоа ми е мило дека и најголемите фанови се бунат против лајнарииве и најверојатно секоја наредна спиноф серија на HBO ќе биде пречекана со скепса. Затоа историјата ќе ги памти книгите, а серијава ќе ја третира како Lost.

TLDR: Game of Thrones смрди. It is known.
Овој твој цитат ме однесе на страницата на темава каде јас бев еден од тие апологети. Иако за некои работи сеуште сметам дека сум во право, жал ми е што морам да признаам дека многу поенти ти се погодени, гледајќи од оваа дистанца, јас сум имал некои нереални очекувања.



Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
 
bi zamizal na se ali kaj gj i nakoja ova singirite ,inace wings nemat gajle od potonvanje vo voda ,koga klrgej go zdrobi mrazot dvajca wings potonaja istite posle izlegoja od dupkata vo mrazot i go vlecea tormund ,srekja klegejn go spasi, poslednava epizoda se nadevam nema da ja haknat vaka izedov 100000000 spojleri

stvnz eve i jaisti dilemi kako tebe imam. kakooni otidoado zamokot a vamu nemase nikoi?

pa ovoi zmao poslego izvadia ali nz stv
 
Дечки, станува збор за фикција со змејови, луѓе што палат мечеви со рука, пијани свештенеици што враќаат луѓе од смрт, и армија зомбија. Логиката у вакви работи секогаш треба да ви текне дека завршува при крај кога ќе снема лента.
 
Види го овој Стелт, 800 пати спомна за коњите, а единствено нешто поглупо од коњ е самиот Стелт. :boksix:

Баш што си ги цитирал тие членови што после сцената со мечката предвиделе дека ќе се деси тоа со змејот имаат онака ок и нормално размислување, и мене искрено сцената со мечката ме натера на слично размислување, не гледам проблем во тоа. Ти објасни и уште еден член за пајаците, не знам зошто натегаш околу скроз небитни работи. :facepalm: Ај жити се иди почни ја Брејкинг бед од 4та сезона па терај накај прва и не кур замарај. :kuracc:

Инаку и јас мислам дека намерно ВВ не напаѓаа цело време и дека ова со змејот е смислено сценарио на Пинџур. :D Пошо нели има моќи како Бран и веројатно предвидел дека ќе дојде Дени со синовите.

Прејака ми беше епизодава, јебига има нелогичности ама едно 700 000 пати е објаснето дека решено е да се убрзува дејството а и општо целата серија па затоа и се дешаваат вакви работи ко со Гендри и гавранот.

П.с. Дени у белиот костим е :love::love::love::love: :drk::drk::drk::drk:
За змејот дека ќе стане wight знаевме речиси сите зошто една ретарда во темава имаше ставено гиф од Висерион со плави очи и пишал ејјј замислете ова да биде (!?!?!?! кретен, па сигурно чим веќе има гиф, ќе биде тоа) а друга ретарда го имаше цитирано со soon. :facepalm:
 
Последно уредено:
За змејот дека ќе стане wight знаевме речиси сите зошто една ретарда во темава имаше ставено гиф од Висерион со плави очи и пишал ејјј замислете ова да биде (!?!?!?! кретен, па сигурно чим веќе има гиф ќе биде) а друга ретарда го имаше цитирано со soon. :facepalm:
Под мач!
 
Реков јас да го банирам уште кога го стави сценариото за 3 и 4та во спојлер, ама за џабе сме се бунеле, си пишал убаво дека е сценарио, буууууу Ilumious лоша.
 
Овој твој цитат ме однесе на страницата на темава каде јас бев еден од тие апологети. Иако за некои работи сеуште сметам дека сум во право, жал ми е што морам да признаам дека многу поенти ти се погодени, гледајќи од оваа дистанца, јас сум имал некои нереални очекувања.



Sent from my SM-J320FN using Tapatalk


Сите имавме, а тврдам дека сеуште имаме нереални очекувања. Значи сѐ погоре напишано е така од секоја гледна точка.
Можеби се навикнавме да се случуваат работи, коишто нема да ги очекуваме. Но, веќе серијата доаѓа до крајот и сигурно дека има некои очекувања, коишто се должни да се остварат и се пред сѐ очигледна работа.
Колку и да има разочарани од квалитетот на серијата, сепак мислам дека сите ќе ја догледаат. Сепак некој на крајот мора да седне на тронот или сепак не. :)
Според мене, од серииве што ги имам гледано единствено Breaking bad не падна на квалитет и си остана доследна сите сезони.
 
Дечки, станува збор за фикција со змејови, луѓе што палат мечеви со рука, пијани свештенеици што враќаат луѓе од смрт, и армија зомбија. Логиката у вакви работи секогаш треба да ви текне дека завршува при крај кога ќе снема лента.

Не, не, чекај малку. Колку змејови, пијани свештеници шо враќаат луѓе од смрт и палат мечеви со рака и зомбија имаше во првата сезона? Знаеш, онаа сезона шо не навлече сите да ја гледаме ГоТ. Едно зомби? Една ипол сцена? Првата сезона беше семејна драма и трилер. Ги постави параметрите и ги етаблира ликовите. Змејовите, зомбијата и запалените мечеви беа поставени уште тогаш, како ствари шо постојат во тој свет и се логични за тој свет. Ликовите се обликуваа и добија мотивација... Ама океј, фикција е.

Малку за тоа "фикција е". Скоро се шо е поставено на мали/големи екрани или напишано во книга е фикција. Кум е фикција, Сопранови е фикција, '84та на Орвел е фикција, политички дебати се фикција, со глумци наредени еден до друг, како се чукаат во гради за идеали...
Lord of the rings, друже силмарилион, е фикција. Толкин создал таква опсежна фикција, со една цела историја, семејни стебла, јазици, раси, култури, мапи... Неговото дело опстанало до денес затоа што е квалитетно и во голема мера структурно издржано(Орлите се утка и Глорфиндел...)
1984та е фикција, заедно со Animal Farm. Ама како политички коментар и cautiоnary tale, се анализираат и денес. Тие книги се point of reference.
Clockwork Orange е фикција. Алекс како лик е психолошка студија и можат томови да се пишуваат во анализа за тоа чудовиште...и се пишуваат.
Да не ги редам. Библијата е факинг фикција, цела цивилизација сосе демек вредности се изградила на темели на таа фикција.

Литературата и филмската уметност се полиња у кои шо квалитетот поставува стандарди. Содржината поставува стандарди. Ова шпанскиве и турскиве серии, турбофолков...се една меметика смрдена шо опстоја веќе 20тина години и постави стандард...
Немам ја проблем со површни стандарди како буџет, продукција, ефекти(Одисеја 2001ва, ГоТ), ама имам со тој тип на...не знам, иконокласти, кои у прво време инсистираат на квалитативна и вредносна тежина на едно дело, за кога ќе им се докаже дека истото е неодбранливо, да ги вртат тие "пеер, нека слуша народ шо сака" или "шо напињаш бе, филм е". фрази :D

Не, срање е. ГоТ е срање. Мора да остане запамтено како срање и иконокластите да одјебат. Eppur si muove. :D
 
Те разбирам, али неможе Династија да глеаме 10 сезони нели? Мора да се убрза причата и да се дојде до крв за што уствари и 90% го гледаат ГОТ. И да има куп нелогичности и све али збориме за Вестерос да го ебам.
 
За змејот дека ќе стане wight знаевме речиси сите зошто една ретарда во темава имаше ставено гиф од Висерион со плави очи и пишал ејјј замислете ова да биде (!?!?!?! кретен, па сигурно чим веќе има гиф, ќе биде тоа) а друга ретарда го имаше цитирано со soon. :facepalm:
Две работи не можам да разберам:

1. Како некој може да ужива во тоа да објавува спојлери низ нетов, кога знае дека 80% од неговите пријатели ја гледаат таа серија и можеби некој немал време да ја погледне епизодата веднаш по нејзиното излегување

2. Како некој што ги нема читано книгите, му се читаат/гледаат евентуални сценарија за серијата. Па да ви ебам се неписмено, огромна е веројатноста да изедеш спојлер, некоја од теориите да испадне точна и слично.

Ради вакви тиквари скоро ништо за ГОТ немам лајкнато на ФБ, секако и пар ликови на хајд ми се, им ебам тоа неизживеаните. :D
 
Абе Рациел... може тоа развивање на ликови да ми кажеш како ти би го извел подобро?
Го примеќаше некој Тирион у прва сезона, втора? Не беше “филер“ лик, лигле ланистерово шо ебе курви и пие вино?
Не чекавме сите некој поинтересен да дадат, Тајвин рецимо со дијалозите?
Каков лик стана у 4та? Ако го убиеа најавувани беа кампањи за престанување гледање серија.
Какви ликови беа Варис и Литлфингр? Бекбоунот на серијата така? Ами до каде може да одат? Да седнат на тронот требаше?
Станис кога се појави? Каква иднина реално му предвидуваше?
Значи затоа ГОТ е најдобрата серија, ги обработува сите ликови детално, ги прави битни, им дава скрин тајм за кога ќе ги скине да има шок валју.
Мора некои ликови да ги намалат на интензитет оти уосталом ќе бидат ОП и ќе треба по секоја логика тие да бидат на тронот.
Поентата не е некој брат на крал да седне после 1 сезона, поентата е да навива плебсот за андрдог-от, за продадената робинка која ќе стане јавач на змееви, за копилето кое го мрази мајка му да стане крал на северот. Приказната секогаш беше и ќе биде за ледот и огнот, за сноу и дени, серијата секогаш целеше кон тоа што е денес, епски битки со змееви и борби со зомбиња. Евентуално у меѓу време да ја укинеа и да им скурчеше на сите, бидејќи Литлфингр уште мене дома не флезе и дое да ме заебе, Варис почнувајќи од Мед Кинг, па се до Дени, уште на мојот кур не седна. До кога требаше тоа да трае и дали така треба да заврши? Сите политики и интриги, секој трилер момент, секој паметен дијалог беше искористен до степен веќе да стануваше повторливо. Уште еден уанлајнер од Олена и ќе развиев возпаление на обвивката на мозокот. Се до сеа вакво беше поставување сцена за ова што сега се дешава. Ја не очекувам додека змеевите роварат ко ништо што до сеа сум видел на тв да слушам некој паметен дијалог од Серсеј (која на прашањето ти: владее врз база на страв, нешто што беше "point of reference" 200 пати сезонава) или мистика и предвидувања од Мелисандре.

Беше што беше, а и носталгијата не е тоа што беше... мора да се научиш на едно нешто што го проповедаат у уште една таква слична зимска бајка.
https://www.youtube.com/watch?v=L0MK7qz13bU
 
Две работи не можам да разберам:

1. Како некој може да ужива во тоа да објавува спојлери низ нетов, кога знае дека 80% од неговите пријатели ја гледаат таа серија и можеби некој немал време да ја погледне епизодата веднаш по нејзиното излегување

2. Како некој што ги нема читано книгите, му се читаат/гледаат евентуални сценарија за серијата. Па да ви ебам се неписмено, огромна е веројатноста да изедеш спојлер, некоја од теориите да испадне точна и слично.

Ради вакви тиквари скоро ништо за ГОТ немам лајкнато на ФБ, секако и пар ликови на хајд ми се, им ебам тоа неизживеаните. :D
Брат, матер да му ебам на тој што му текна да почнит да објавуват спојлери во стори на инстаграм а и на тие шо продолжија... од се друго колку толку можиш да се заштитиш, хајдој, анфолоу, не ја отвораш темава овдека итнт ама отвораш инста со цел да видиш некоја како се сончат во полу танга на плажа во Црна Гора и некој копиљ ставил слика од кој умрел последната епизода...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom