Добро, брат, се откажав од цитирање на тебе, ама последен пат.
Зошто го форсирате ова со
@RickyLFC9, зошто испаѓате глупи со сила, а не сте?
Кај виде некој да замери за тоа, пребрзо одвивање на настаните?
Знаеш што е за замерка? Џејми испловува безбедно у реката, откако се обиде да ја убие кралицата. Пази, на НИКОМУ не му текнува да оди да ја пребара реката и околината, да фати заложник од огормна вредност, кој би и и помогнал на Даенерис во евентуалните преговори со Церсеи.
Добро, Даниела вика дека не става никого у ќелија, можда и на Џејми ќе му викаше бен д ниии или ќе те запали Дрогон, ама не, така тоа нема да влијае врз заклучукот на приказната, па ај Џејми е ипак, ќе го оставиме Џејми да живее и НЕПРИМЕТЕНО да си замине од бојното поле, после обид за атентат на кралицата...
Исто така, Арја зборува тотален нонсенс, но нема врска пошто и тоа помага при расплетот на приказната, односно некако да ги скараме Арја и Санса и да влезе тука Литлфитс меѓу нив. Немаше потреба од таа сцена меѓу Арја и Санса, можеше комотно да биде само втората кога Арај го прати Литлфингер, дознава за писмото и ТОГАШ и пука филм.
А за крај, дефинитвно најдебилното. Кралот на Северот и Кралицата на (следат 10те титули на Даниела), сакаат да ја убедат Серсеи да им се придружи, односно да „не ја чепка“ Даниела дури овие се борат со Вајт Вокерите. Како да ја убедат, со носење доказ, жив Вајт (ова е најјакиот pun додужа, жив Вајт
)?
Значи разбираме дека мора приказната да се движи кон конклузија, мора да се тепаат со Вокерите, ама ради волку дебилна причина?
Ќе се обидат да ја убедат лудата кралица која сопствениот брат на која му е i ljubavnica, i sestra i drug, не успеа сто пати до сеа да ја убеди, лудата кралица која и други сто разумни луѓе не ја убедеа, сеа ќе ја убедат овие со носење Вајт дека треба да го допре својот од кон тотална моќ?
Кралот на Северот ќе си го ризикува животот одејќи онаму од каде што едвај спаси жива глава, за да ја убеди најнеубедливата личност дека постои „Арми оф дед“ за да оваа не ја напаѓа Даниела дур она е на северот?
Сериозно? Па ова е во категоријата генијална глупост. И ајде ова да и текнеше на Даниела која е глупа, или па на Џон кој е сеуште наивен за многу нешта, ова е поддржано од Варис, Тирион, Џора и Давос, ликови кои порано беа „гласот на разумот“?
Тоа е брат тоа што го спушти квалитетот. Насилното и нелогичното поврзување настани за да се стигне до крајот на приказната. Значи не е пролем избрзаноста, туку начинот на кој се прави, за да продолжи плтот до својот крај.
Па така тука некако мораше да се склопи све, да се состанат некако сите овие мадафакери во Eastwach и да се крене кон битка. Но, наместо со вакви глупи причини, тоа можеше и едноставно да се деси. Затоа што секако знаеме дека ќе треба да се тепаат со нив кад тад.
Ама џабе ти цртам, ќе ми вратите сеа дека ова е серија со змејови не треба да не чудни ништо (убедливо најглупото оправдање) и „па не глеј ако не ти се свиѓа“.
Нон нема назад. Од ова ништо нема да се опраи, па останува да уживаме во расплетокот, колку може да се ужива. За среќа оваа епизода ваљда беше последната ваква, наредните две ќе гледаме она што во ГоТ сеуште е на ненадминато ниво у телевизијата, акција.
.