Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Може да заврши со Најт Кинг уствари, како најава за последната сезона, ама битки стварно не верувам да има.

како мислиш уште една сезона, нели нема веќе да се снима серијава
 
20914667_1290055051122980_4611675186836371314_n.jpg
 
како мислиш уште една сезона, нели нема веќе да се снима серијава
Потврдена е осма сезона.
Ова ко старите екс ју бендови за да соберат луѓе на концерт секогаш промовираат со "За последен пат"
 
Потврдена е осма сезона.
Ова ко старите екс ју бендови за да соберат луѓе на концерт секогаш промовираат со "За последен пат"

аеае ова све ми мења сега. значи наредна епизода може само да се очекува да умре неко од поомилените ликови.. Тирион или шо ти знам.
 
И јас сметам дека веќе не гледаме некој јака борба оваа сезона..здравје за 2 години :))
 
Па ако не видиме борба во 80 минути, што ќе гледаме? Само да не биде Џон и Дени лигавење пола епизода, омг, д хорор. :facepalm:
 
Има инфо дали во сличен период ќе излезе последната сезона? Или ќе биде покасно, чак и есен? (мада не верувам)

Иначе, не заборавајте дека Висерион (100% е он, после трето гледање на епизодата, овој пат на џам верзија, се виде дека погоди кафеав змеј, не зелен-Регал) блуеше оган баш кога беше погоден и се деси како експлозија (сигурна смрт).
 
аеае ова све ми мења сега. значи наредна епизода може само да се очекува да умре неко од поомилените ликови.. Тирион или шо ти знам.
Имаат зацртано 6 епизоди за наредната сезона, што значи дека веќе го имаат и сценариото и податокот дека ќе се емитува за 2 години (во 2019).

И околу тоа дека Серси не е трудна. Јас мислам дека е, но ќе изигра паметно и мислам дека ќе го поврзе детето со Грејџој т.е. на крајот тој ќе си го пикне палецот за зацртаната цел. Јас мислам дека Џејми на крајот ќе ја убие, а истото тоа го напишав и кога заврши 5-тата сезона.

И ајде дебелиот нека ги заврши книгите, не само што е можно тој да умре пред да ги издаде книгите, туку може и ние да умреме пред книгите да бидат издадени. Моите деца имаат еден аманет-да ја догледаат малечката невеста, па не би ги товарел со уште еден- да ги прочитаат книгите. :D
 
И јас како да читав дека ќе паузираат една година ама мислев дека е кромид вест.
 
Па ако не видиме борба во 80 минути, што ќе гледаме? Само да не биде Џон и Дени лигавење пола епизода, омг, д хорор. :facepalm:
Сум приметил дека твоите желби за серијава не се исполнуваат, се обратно е, значи да очекуваме секс од 50 минути.:icon_lol:
 
2019 дури 8ма сезона. Тоа е ќе се изначекаме, треба да научи да лета Најт Кинг.
 
И јас како да читав дека ќе паузираат една година ама мислев дека е кромид вест.

Снимањето на 8ма почнува во октомври оваа година, проверена вест. Е сега изгледа ќе снимаат подолго од вообичаено па после додека оди во пост продукција одзема време и затоа се очекува да излезе 2019..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom