Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа ми беше муабетот, со гњурењето, врзување на змејот и го вадат, а овој потонува претходно.
Не прават нивни како што приметив, според тој небитниот од екипава што паѓа и го "јадат", продолжува со неговото оружје што му беше во раце. Логично е така да е и со другите.
Зборам за Вајт Вокерите и нивните оружја, оклопи, олтар видовме исто...

А тоа со гњурењето, не знам како би се објаснило. Можда некоја магија на Ајс Кинг, али тенко.[DOUBLEPOST=1502998833][/DOUBLEPOST]
Како мојт да ви е жал за змејојте кога на крај (сигурен сум) дека ќе умрат. Немат логика да останет живи и сите среќни и задоволни да си живееат.
Мислам дека тоа ни стана јасно уште од S01 E09.
 
Не. Он е недовршен вајт (wight).[DOUBLEPOST=1502998219][/DOUBLEPOST]
Имаат оклопи нивни, оружје, олтари... Не можат ланци да напраат?

Е сега, како гњурнал некој па да го заврзе ланецот за змајот, тоа е веќе друга работа.

prvpat citam/slusam da ima takvi? edinstven e toj..?

ili?
 
Ги пратиле најдобрите гњурачи шо не е јасно
 
prvpat citam/slusam da ima takvi? edinstven e toj..?

ili?
Да. Пошто кога Блодрејвен/Чилдрен оф д Форест кога интервенирале, процесот на претварање сеуште не завршил, и резултатот е вајт ама со задржана лична свест.
 
Сцената со мечката беше за да не` потсетат дека Страшо (ете му име, кој бараше) и компанија можат да оживеат и животни, не само луѓе, и да ја навести сцената со змејот на крајот.
Немора до толку да ни дробат ко демек нема да разбериме дека најт кинг освен луѓе, ќе можи и животни да реанимира. Макар што змејовите важат за високо магични суштевства, фактички тие ја вратија магијата со самото раѓање. Можеби ова ќе се објасни еден ден.
 
што не ви е јасно за тоа како го извлекоа змејот???
Најт Кинг им има наредено на стотици вокери да одат подвода и да се жртвуваат...пошто веќе се мртви, сигурно не им треба воздух додека се под вода..
 
Дури сега ја изгледав, ми се спиеше кога пуштив, сега очиве ми се 0.0

Сеа ќе пишам само дека утре на раат singsing или како и да беше што го кикнав од темава ќе лета и перманентно од форум, го имаше индиректно пишано ова со змејов а и Вори си заслужи погоре само Џимеј го фати во добрите. Значи ве молам немојте да бидете гниди, ако немате самоконтрола, немајте за себе. И јас и Тегла и Спојлер и Хурин и Берик и многу други што ги имаме прочитано книгите можевме прошлите сезони со 3 реченици да ви ги расипеме па не го направивме тоа.
 
Се освен седнување на Најт Кинг на тронот како крај за оваа серија ќе биде срање

Баталете среќни краеви и долго си живееја..
 
Дури сега ја изгледав, ми се спиеше кога пуштив, сега очиве ми се 0.0

Сеа ќе пишам само дека утре на раат singsing или како и да беше што го кикнав од темава ќе лета и перманентно од форум, го имаше индиректно пишано ова со змејов а и Вори си заслужи погоре само Џимеј го фати во добрите. Значи ве молам немојте да бидете гниди, ако немате самоконтрола, немајте за себе. И јас и Тегла и Спојлер и Хурин и Берик и многу други што ги имаме прочитано книгите можевме прошлите сезони со 3 реченици да ви ги расипеме па не го направивме тоа.

Ај во темава, ама Вори имаше во драга кајгана ставено слика без спојлер за 4-тата епизода.
 
Баш у оваа епизода немаше некои нелогичности, не знам за какви нелогичности правите муабет, освен ако не ви е чудно да има зомбиња, змејови и натприродни чудовишта, ама тогаш грешка серија гледате.

Nigga what? Последниве епизода ликовиве испливуваат од вода ко да се мртви риби. А не Џон Сноу кој цела вечер седеше на карпа на минус нешто, се бореше, падна у длабока вода на минус нешто, му се намокри крзното кое го носеше и со такво тешко крзно искочи (си пробал да дигнеш некад мокра јамболија :D), и после тоа јаваше коњ. Хипотермија anyone? И после у бродот на Денерис, го соблакаат а бе вода од градине му испарува. Седи бе. Мртвацине извадија бродски синџири за танкери закотвување. Страшо извади javelin (сеа видов, џилит се викало на македонски), пошо нели, нормално е да се шета со такви низ тоа пустошот горе. Ќе се најде ај.

Шо знам... можда и ние цепидлачиме, ама некако навикнавме на поквалитетна GoT од оваа што ја гледаме сега. Ова е ептен холивуд, клише моменти колку сакаш.
 
Како прогресивно ја усеруваат серијава тоа е чудо.
Арја се однесува како комплетен ретард без никаква смисла за логика и рационално размислување...што ќе направеше Лијана Мормонт вика,Лијана Мормонт ејјј исфорсирано дете од публиката :tapp:
Хаунд во ситуација кога буквално не смееш да прднеш за да не ги наостриш 1000-ци вокери да дојдат да те убијат ќе фрла камчиња зошто му е досадно :sramezliv:
За телепортирањето веќе нема смисла да се зборува зошто е едноставно смешно.

Ај се ова да го простиш,ама сцените со Џон и Дени :popce: Ја поболно и покринџ искуство во серијава немам од нивните сцени и исфорсирана "љубов". Па уште се буди покрај неа,и оваа паѓа на гз кога ќе ја нарече ДЕНИ :lolzz:...не можам еј не можам. Очекувам врвот на кринџот да биде последната епизода од сезонава.

Страшно во која насока се движи серијава,јас сум среќен да ја прифатам Ред Вединг ко тажен и единствен крај,зошто се од тогаш па навака е бул,факинг,шит.
 
Па изгледа така ја нарече колку да се потврди дека и е роднина некаква, нели само брат и во прва сезона така ја викаше. Што знам, ептен сте негативни бе, баш супер пар се. :D
 
Сцената со мечката беше за да не` потсетат дека Страшо (ете му име, кој бараше) и компанија можат да оживеат и животни, не само луѓе, и да ја навести сцената со змејот на крајот.

Глупости. А полураспаднатите коњи што ги јаваат веќе 5105015015150 епизоди не се животни, растенија се? Апсолутно ништо не значеше сцената со мечката, освен CGI куропецање и тоа што Торос после изгина од повредите. Па Ди Каприо преживеа 5 пати повеќе млатење у факинг Ревенант, у колку - толку реален филм.

Очајна епизода од логички карактер, без разлика што е серијата фантазија. Синџири извадија долги 100-тина метри и дебели како камионска гума, а да не зборам кој уопште го врза Висерион од дното, некој од спелеолошко друштво „Пеони“? :facepalm: Па досега у серијата водата е стриктно прикажана како непремостлива пречка за нив, сега одеднаш врзаа змеј пропаднат од дното?

На Калиси-то кој и покажа каде се точно, Џони ГПС координати и прати преку Навигон? Гендри го јаваше Регар? Ej првпат доаѓа на непознат терен кој е ОГРОМЕН.

Бенџен го совладаа за 10 секунди, битно му „купи“ време на Џон да избега :ROFLMAO: Каков очај ццц
Бран нигде го немаше (или дреме пред дрвото како торко?). Еј Бран го нема, the all-seeing Бран, а ги даваат двете кокошки како се глупираат со некои мизерни mind games.
 
Последно уредено:
Глупости. А полураспаднатите коњи што ги јаваат веќе 5105015015150 епизоди не се животни, растенија се? Апсолутно ништо не значеше сцената со мечката, освен CGI куропецање и тоа што Торос после изгина од повредите. Па Ди Каприо преживеа 5 пати повеќе млатење у факинг Ревенант, у колку - толку реален филм.

Очајна епизода од логички карактер, без разлика што е серијата фантазија. Синџири извадија долги 100-тина метри и дебели како камионска гума, а да не зборам кој уопште го врза Висерион од дното, некој од спелеолошко друштво „Пеони“? :facepalm:
На Калиси-то кој и покажа каде се точно, Џони ГПС координати и прати преку Навигон? Гендри го јаваше Регар? Ej првпат доаѓа на непознат терен кој е ОГРОМЕН.

Бенџен го совладаа за 10 секунди, битно му „купи“ време на Џон да избега :ROFLMAO: Каков очај ццц
Бран нигде го немаше (или дреме пред дрвото како торко?). Еј Бран го нема, а ги даваат двете кокошки како се глупираат со некои мизерни mind games.
Абе види ако бараш логика во секоја серија тогаш ниедна серија нема да ти се допадне. Што демек другине серии сите се направени перфектно?
Еве на пример за тоа што викаш како ги нашла, ги најде така што знаеше каде ќе одат, стигна до Eastwatch и продолжи понатаму, лесно е да ги види лета.
Тоа со мечката беше за да покажат дека постојат мртви поларни мечки, бидејќи во текот на серијата се спомнуваа неколку пати и никој не веруваше. Јас очекував и ice spiders да покажат бидејќи и тие беа спомнувани дека постојат.
Е сега за синџирите не е логично од каде им се и кој го врзал змејот ама ако така бараме ситници тогаш подобро да не гледаме серии.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom