Almeida
поет, мрачна сила, гад
- Член од
- 15 февруари 2015
- Мислења
- 7.563
- Поени од реакции
- 19.997
За луѓе што продаваат една-две карти мене не ми е никаков проблем. Ок, разбирам, има луѓе што им е криво што нема да ја гледаат во живо утакмицава, а се изгорени и за фудбал и за некој од клубовиве. Мислам дека ова со законов повеќе се однесува на организирано продавање во рамки на федерацијата. Порано се случуваше на градски, се сеќавам Русија ни гостуваше и стариот север беше со најмалку дупло продадени карти. Ако добро се сеќавам тогаш секретар беше преварантон Митровски шо го фатија после со фалсификувана диплома. Или првото гостување на Англија, кога имаа спремни цели блокови за мрсна наплата, па откако не дојдоа англичаните ги даваа пошто-зашто. Ако сега некој се обиде тоа во ФФМ да го направи или да ги препродава по сопствен тарифник може да напраи сериозни пари, а не некои 200-500 евра шо ги колнете овие ситниве.