Ако проблем ти е дали ќе влезиш или не, тогаш не ја земај картата. Никој на сила не те тера

Знаевме сите кои се правилата и условите, и ако купуваш карта на црно, тогаш треба да се договориш ризикот ако не влезеш да го сноси продавачот на истата.
Абе еве и јас сум без карта ама никако не ми се криви ни стојко ни митко што таков ми е к'сметот - никаков. Оние не ја добиле картата гратис или со врски па да ми се криви, имале среќа, добиле и тоа е тоа. И мене ќе ми останеше една вишок карта од апликација со вкупно три (нема да може да присуствува еден) и јас требаше да ја фрлам картата? Секако, ако се лажеме.
Значи мора да ги разграничите работите. Ако прајте муабет за ФФМ и препродавање на карти кои што се за друга намена тогаш океј и потполно се слагам. Ама не можам да сварам како ви се криви некои дечки кои што имале среќа, аплицирале за повеќе карти а истовремено ризикуваат да им пропаднат.
Препродавачите се најмалку криви во целава ситуација. Се силеа дека сите карти ќе бидат персонализирани и нема да може друг да ја користи, па ај нека го спроведат тоа. Нема што да ги казнуваат со затвори, смешки се тоа. Не сме Северна Кореа.
Секаде е вака Џони. Да не се прајме французи. На црно карти се продаваат за се и сешто и не само кај нас. Ми нуделе и за финале ЛШ ама ќе требаше цела година да работам само за картата. Што сме за никаде сме, ама како викаат кога не можеш да удриш по магарето ќе удираш на самарот па така и муабетов. Ние си молчиме за вистинските проблеми што се дешаваат кај нас, но затоа затвор за препродавачите ќе ни ги средат сите проблеми.