Драга Кајгана (виртуелен дневник)

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.895
Поени од реакции
6.170
^ Зошто да чекаш кога може да ја гледаш на онлајн страни што стримаат епизоди? Е сега поголем квалитет од 720p тешко да најдеш, ама и тоа е солидно за на лап топ.
 

Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
Забрането е симнување на торенти, а воедно и гледање онлајн серии/филмови бидејќи се симнува автоматски кога се гледа онлајн, а казните се енормно големи од 300 евра па нагоре.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.895
Поени од реакции
6.170
^ За торенти е забрането, но за стримање епизода онлајн не е, и истата не се симнува. Ова ти кажувам проверено од луѓе кои живеат во Германија и на тој начин гледаат. Затоа и постојат тие глупи страни со 300 реклами.
Еве ти пример линк:
https://123movies.re/tv/game-of-thrones-season-7/13653-10/watching/
http://www.dbltube.com/episodes/game-of-thrones-7x1/
..е сега сликата е.. :confused:
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.373
Поени од реакции
1.241
Кур да пушат сите 8 дела на Fast And Furious, за помалку од 2 недели било снимено ремек делово... ЗА 13 ДЕНА!!!

Нека трепка!!!
Во филмов три реченици не се кажани..
Мистерија е оти тој со цистерната го бркаше тој со колата..Интересен филм..
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.850
Поени од реакции
10.305
За дечкото од погоре, гледај си онлајн на раат - стримингот не е до толку регулиран како симнување преку торент и сл. Со години гледам онлајн, Коди бокс итн. без проблеми. Пробај solarmovies, не е 4к или ХД ама за без пари тоа е. До пред некој ден можеше да си земеш Скај за 2 евра 2 месеци и да ги изгледаш сите епизоди.
 

Charon

Нинџа
Член од
31 октомври 2010
Мислења
428
Поени од реакции
1.104
во Германија, да симнуваш/гледаш филмови е дозволено. Не е дозволено да споделуваш, што правиш кога користиш торент.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И јас тоа го знам од пракса а логично кога симнуваш торент, самиот клиент качува, поточно споделуваш. I will go with Charon on this :icon_mrgr:

Btw Duel филмчиште, на Сител порано го рокаа секој втор ден, која напетост, без нокти да останеш :cuc:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Од ден во ден се повеќе нервози. Се обидуваш да направиш нешто од ништо, а нешто постојано те влече назад за и од тоа ништо да не можеш да почнеш. Незнам од кај сила и решение да наоѓам. А посебно ме боли душата кога ги гледам натажените и загрижените лица на моите:unsure:
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.538
Поени од реакции
17.952
Znaci vrv na nekultura e prasanjeto, sj a izvini kolku zemas plata? Ok e da me prasa nekoj blizok, ustvari nema. potreba sam ke im kazam. Ama ovie radoznali stvorenja ne prasuvaat zas ti mislat nesto dobro, nego da imaat po cel den sto da jadat gomna.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
@Nino Manchester па земи речи им дека земаш 1500еур, барем нека испоцркаат од завист копилињата.

Драгице,

од кај да почнам кај да завршам... дали секаде во светот е така или под ова парче небо ни се еба мамицата појма немам ама ете ќе ти кажам дека не чини работата. Сè повеќе и повеќе гледам осамени и депресивни лица, океј луѓе (без разлика на која возраст и од кој пол) онака го живеат животот самотнички без вистински пријатели или партнер... купи ден продај. Со лажни насмевки на лицата.

Ај кога сме кај партнерите одамна заминала работата у три курци па ако го имаш и сакаш да го задржиш мора да го вараш и да си кретен (инаку сам ќе си оди), али маму му јебем како му цепи глата дека откако ќе налетаат на некој таков после уште 10 години мора да се депре по истиот и на следниот или следната да им се одмаздуваат за грешките на претходниот? Изгледа работи она Фројдовското во луѓето кога од партнерите ги примаат само негативните особини откако ќе бидат оставени и ги применуваат на следната лично БАШ бидејќи им фали таа што заминала. ЈБГ повеќето на тој начин функционираат... а она љубаФ нели требаше да биди фан енд енџојабл тинг? м? аха, утре.

За пријателите да не ни почнувам.... ти се прави најдобар а уствари одвај чека да отвори уста за тебе, те лае низ цел град - ај барем пола од тоа да е вистина па да не ти е мака, си гледа само за газот (недај Боже тебе да ти треба нешто, гадно ќе се заебиш ако побараш рака), со тоа тука е за тебе само ко ќе има слободно време и никако кога ќе ти треба, те „поддржава“ само и само за да види до каде ќе догураш... и ако случајно успееш повеќе од него ќе те плука наоколу уште толку, ако не успееш ќефој ќе биди... и сè така до недоглед....

Па јебем ли га дали толку сме гнини од луѓе?
И по едно куче сите да си купиме и тоа ќе престани да ни мрда со опашката кога ќе не види ако сме вакви.

На 3 погреби бев во 3 недели, секоја недела по 1 чоек... пууууу кој ебан осеќај да гледаш дека уствари секој момент од животот е скапоцен и секоја секунда која ќе ја потрошиме не можеме да ја вратиме назад, а никој не знае колку од горе ни се избројани и кога ќе секнат тоа зрнцата во часовникот. оп цуп, толку, крај. конец филма. Ти снема чоек кој до некни бил пред тебе, бил весел, бил добар, помагал на луѓето.... и не само тоа, заминал во најголеми маки, ко да било малку што се мачел во животот да биди исправен туку ова како бонус за бон вајаж. jeeeeeeee.

А ќе видиш на опроштајот такозвани погреб сурати кои не го почитувале, кои го плукале дури бил жив, кои идат таму и сами не знаат зошто... па цели натажени, уплакани... ПУ! Одамна се отчоечивме и чиста лудост е во денешно време да бараш ЧОВЕК помеѓу луѓето. Ебате Диоген ебате, во право бил.

Толку, овер енд аут. Ајт чао.

п.с. а убо време е ова, лето, сонце, навечер ѕвезди и месечини... уживајте во животот да му ебам мајката наместо да се кодошите... и онака не знаеме колку ни е чкртнато одозгора.
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Д.К.,
не се серии за мене дефинитивно. Кога ќе почнам да гледам крај нема. Уште една епизода и уште една и уште една... и само лежам и гледам цел ден ко некој паразит. Океј де, еден слободен ден имам у неделата, зашто да не го протрачам онака бе? Шо ќе ми е да одам да се гледам со луѓе, преку глава ми се. Бар еден ден ``луксуз у тишини`` можам да си дозволам.
Виц од работа: Ни донеле столчиња, ама ``пожелно е`` да седиме само кога нема муштерии, а муштерии има нон-стоп, така да никад нема да седиме и за украс ќе стојат само, евентуално да те сопињаат пошо и онака нема кај да се завртиш. Шта речи, а не заплакати? На 25 години проширени вени и испукани капилари за работа што можеш комотно да ја вршиш и седејќи, ама треба да се задоволат нечии каприци, нели? Повиц од ова е само тоа што добивме покачување на плата од 300 денари. Да, да 300 ден. Мислам чему? Чути си барем, не ни кажувај и така нема да осетиме. Чекај уште еден виц: ``Земавте ли бонус овој месец``? -``Нееее``... - ``Како не ви исплативме по 200 ден плус?`` Ахахахахаха мислам аххахаха мрш таму бе у пичку матер и ти и твоите 200 ден шукурац...``
Ај чао, се наапав а dayoff ми е!
 
Член од
4 август 2011
Мислења
178
Поени од реакции
517
Муабетот од Нино ме потсети на една случка од пред година дена и некој месец, кога прв пат се вселував во стан, после годините поминати по студентските домови со рандом цимерки и, кога (сеуште) мислев дека рандом цимерки ми се сосема океј. И така со девојчето се изнајдовме по тоа групите за цимери, си подадовме рака, се вселив, се запознавме, и иако по природа сум прилично затворена личност и не зборувам многу, сепак си наоѓавме некои заеднички теми и ни одеше муабетот, и покрај тоа што за некои работи мислам дека прашуваше премногу за мој вкус, ама си реков дај не претерувај како и секогаш, дај и шанса. Па така дојде и муабетот за плата; јас во тоа време имав неполни шест месеци стаж на мојата прва работа каде што почетната плата ми беше минималец, сосема соодветна на моето работно неискуство и немањето вредност на поседување на тутурутка; и, иако договорот беше дека ќе има покачување после три месеци, истото дојде малку подоцна. Ме прашува девојчето како ми е на работа, што работам, се зазборуваме, и ми вика а колку плата земаш цимер? И јас се подзамислив малку, си реков дали да бидам безобразна да ја заќутам малку, да и ја објаснам тежината на самото прашање, дали да ја излажам, дали да не и кажам ништо, и си реков, па ајде, живеам со неа и ќе живеам барем година дена и почнувавме да си градиме некоја цимерска доверба па океј, ќе и кажам, без скандали. И и кажувам, па беше ептен вчудоневидена, бидејќи тој период ми беше ептен напорен со прекувремена работа, работа за празници, викенди, скоро секој ден ми се фаќаа по десет часа на работа, па нејзиниот коментар беше леле цимер како толку многу работа за толку малку пари, како издржуваш, па нели ви плаќаат прекувремено, па зошто не си најдеш друга работа и така муабетот тргна во други правци и насоки, па дури и ми се понуди да прашала кај некоја братучедка или другарка што и да беше, за кај нив на работа, а јас некако се почувствував послободно после таа дискусија со неа, како ете, јас да и се доверив а таа да се обиде колку толку да ми даде некој совет. И во ред, муабетот заврши, исклучивме сијалиците, отидовме на спиење.
Месец дена подоцна, јас се враќам од работа и гледам гости во станот, таа ми ги претставува, нејзината сестра и дечко и, се запознаваме (значи, прв пат ги гледам луѓето). Јас седнав малку со нив, иако ми паѓа главата од умор, си реков ајде ќе направам два три лаф муабети па ќе одам да одморам. И цимерката ми вика, ти цимер пак касно денес, од работа доаѓаш? А пак јас не ни стигнав да одговорам, туку сестра и зеде збор, и ми ја раскажа целата моја ситуација во еден здив: леле па сестра ми ми кажа дека работиш за десет илјади, па како може да работиш толку многу за толку пари, па како се издржуваш овде сама плаќаш ќирија, сметки, па во продавница кај нас земаат повеќе пари, па што не смениш работно место, па ова, па она, а јас стојам така со подотворена уста и неверување дека девојчето што тукушто го запознав не престанува да зборува за мене, и како да тоа не беше доволно и дечко и почна да се надоврзува. Само немо погледнав во цимерката и за момент се почувствував како да сум дел од некоја сапуница и мојот лик е во крупен кадар а во позадина оди некоја музика соодветна на чувството кога ти се руши целата слика за една личност. Двоумејќи се дали да се спуштам на нивното ниво и да ги однесам на едно магично место па си реков ма дај, зарем за ваква малограѓанштина да трошиш зборови? Станав и им реков дека ќе си легнам и дека можат слободно да продолжат да зборуваат за мене.
Доста работи се сменија од тогаш; некои во нагорна линија, како мојата плата на пример, некои останаа праволиниски со повремени осцилации, како мојот однос со, веќе поранешната цимерка, a некои толку стабилно се движат во надолна линија што, за жал, нема надеж дека ќе го сменат правецот во скоро време. Тоа се тие луѓе, тие што во постот на Нино се радознали створења што јадат гомна по цел ден. Тие што при секоја моја и твоја постапка ќе лаат хранејќи се со (не)вистини за тебе и за мене. Тие што решаваат комплексни алгоритми за како ти преживуваш со твојата плата. Тие што ќе им помине животот пред очи прашувајќи се како едниот комшија си купил џип а е заглавен до гуша со кредити а како пак другиот прави свадба во најелитниот хотел во градот со плата од три-сменска работа во некоја од владините субвенционирани странски инвестициони компании.
Минута молк за тие луѓе.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Луѓе што имаат премногу време и не знаат што да прават со својот живот се замараат колку земате плата, луѓе што не знаат ни глава каде им е не знаат ни самите колку зеле месецот, еве ме среќа со токенот во тутунска ми стига порака за секоја трансакција, па знам кога ми ја пуштиле платата, инаку ни тоа не го проверувам редовно.
Мој совет е да ги избегнувате таквите фаци, од нив може да имате штета поради завист и споредување дали се подобри од вас и дали постигнале повеќе, ви требаат лица со кои ќе имате коректен однос без глупави прашања, без замарања, лица од кои ќе научите секој ден по нешто, а тие од вас и тоа е тоа. Краток е животот за губење време со секакви будали.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom