Сега тимов ќе ни биде сочинет од доста млади играчи
Рашфорд, Марсијал, Лингард, Лукаку, Де Геа, Погба, Шо, Бејли, Линделоф, Фосу, Туанзебе....
Што се однесува до Лукаку, нека ни е со среќа, иако не сум нешто којзнае колку многу убеден во овој момент дека трансферот е 100% вреден за реализација....особено од аспект на цената која треба да се плати. Но останува да видиме...
Да не бидам сфатен погрешно, ама Лукаку од 22 голa што ги постигна, па едно 18 гола му беа против екипи од долниот дел од табелата кои имаат катастрофална одбрана (Sunderland, Bournemouth, Middlesbrough итн). Против нив си правеше хет-трикови и до некаде така го набилда добриот скор.
Како и да е, гол си е гол, и тоа е за поздрав...НО....
Поентата ми е дека против појаките тимови во ПЛ има очаен учинок што се однесува на постигнатите голови. Секогаш се покажува слабо, и се надевам дека тоа нема да биде случај кога ќе заигра за нас.
Хари Кејн беше сосема друга приказна. Тој имаше далеку подобар учинок....
Според мене, доста подобар избор ќе беше Алваро Мората. Шпанска игра, добро позициониран, доволно брз, добар голгетер и добар реализатор.
По-компактен ми е некако во Јунајтед каков што сакам да го гледам.
Но, тоа е тоа....да бидеме задоволни мора
Но од друга страна статистички гледано, колку глупости и киксови правевме и ние претходната сезона против слабите тимови, ни требаше еден ваков играч кој ќе ги „ОТКОПА“ без милост послабите тимови.
Снажен е, добар играч е со глава, доминантен, во голем дел од ситуациите се наоѓа на вистинското место, и до некаде е непредвидлив.
Тоа што е млад е исто така доста важен елемент...
Сепак уште ќе останам со мислите дека ни треба некој брз талентиран играч од калибар на Вилијан, Марсело, Бејл, Перишич кој ќе развие добра брза и прецизна акција.
Ни треба некој опасен брз прецизен креатор со јасна визија за ситуацијата кој не се плаши да се пробие напред и да пронајде напаѓач....
Не може секогаш се да оди преку Рашфорд....