Ја гледам редовно не сум искоментирал одамна, серијата мене лично ми е една од најдобрите, показател зошто ББ за мене е и долго ќе биде бр.1
Си има одредена публика на која цели, нема да ја гледа секој, но серијата е совршенство. Не би рекол дека е спора, туку методична, секој кадар, секоја сцена, секој дијалог е со некое значење, истите карактеристики што го правеа ББ ремек дело.
Иако се вика Better Call Saul веќе е јасно дека серијата е двострано следење на животите на Мајк и Џими се до моментот кога ги запознаваме во ББ. И не знам кој дел ми е поинтересен, зависи од епизода до епизода, некогаш ми се поинтересни Мајки и неговите сплетки со картелите особено сега откако Гас Фрингс настапи на сцена (еден од најдобрите негативци на ТВ), а некогаш ми се поинтересни правничките надмудрувања на Џими, Чак и екипата. Само што спомна некој погоре, тешко е да се сетиш на сите ликови и настани од ББ, морав да читнам на Википедиа за да се потсетам кој беше Дон Еладио ама после одма ми текна на сцената- Гас и крпата во ВЦ-то.
Последната епизода беше лом, како се излизга Чак, се измести од колосек тотално.
Баш ме интересира каде е Чак во времето кога Џими е веќе Саул во ББ, според мене има две сценарија- или е веќе умрен или е во лудница (со последнава епизода тоа станува доста веројатно сценарио). Можеби серијата ќе заврши така што Џими по настаните од ББ ќе сака да го види Чак уште еднаш во лудницата каде ќе биде затворен и така ќе го фатат, една моја претпоставка не мора да значи ништо.