Јана Бурческа на Евровизија 2017

Статус
Затворена за нови мислења.

pacienat

Лабав надуен
Член од
7 септември 2010
Мислења
524
Поени од реакции
718
Spoiler alert...[DOUBLEPOST=1489738759][/DOUBLEPOST]Инаку македонскава, српскава, бугарската се со ист калап праени. Ма да што македонскава малце позабавна е.
Flume за сиромашни држави :D

Пред секоја евровизија, продуценти шиткаат песнички за ефтини пари(дискутабилно), МТВ ги купува, и доделува пеач така што ќе замижи и ќе избере име на некоја листа.
Место да ги финансира наши композитори и текстописци, ќе им даваме пари на странци.
После оти македонската музика умрела. Е оти де :)

Каков контраст има од фестивали на 90тите па сега. Очајно и разочарувачки.
Типичен пост за тежок пањ ко тебе..
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Во втората полуфинална вечер ќе настапуваат и Бугарија, Хрватска и Србија, така да ако си се гласаме меѓу себе со припомош од по некој поен од другите држави, имаме шанса да влеземе во финале.
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Требаше и ние некоја ќорава, без раце и нозе да пратиме. И геј. И циганка. Сиромашна. Сирак. Нешо такво. Ќе тепавме гарант.
Мислам дека мигрант/ка од Сирија е добитната позиција за оваа година.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.468
Поени од реакции
31.006
Јас не се согласувам со ова од погоре, и се радувам што им даваме пари на странци (иако ова е само 2 пат во нашата евровизиска историја да имаме песна напишана од странец) . Нели има проект за субвенционирање на македонската музика, знаеш ли кои се субвенционираните песни? Еве дамо еден пример:
Па така, не, не треба да им даваме пари на нашите автори.
Па МТВ чија телевизија е? На истите тие што даваат субвенции.

Ги слушав старите песни евергрини од Макфест и Скопје фестивал, вистинска мистерија е каде отиде целата таа уметност и креативност во денешните генерации.[DOUBLEPOST=1490390991][/DOUBLEPOST]
Абе се виде колку успех направивме со наши автори... Се изнаредија сите, дури и Слаткар стигна да прави песна за Евросонг. :pos: Добро е што МТВ реши малце да го смени пристапот, да пробаме со нешто ново, нешто што успева на ваков фестивал.

Целта на Евросонг како фестивал одамна не е промоција на културата на секоја од државите. Веќе ретко кој пее на свој јазик. Се бараат способни композитори, не е битно од каде се. Си постојат одредени трендови, и кој се дистанцира од нив и тера по свое, се знае како поминува.
Не се бараат способни композитори, се бара кој повеќе ќе ја изнервира русија. Или брадести жени.
Освен Еуфорија нема ниедна квалитетна песна што победила во последните 10 години.[DOUBLEPOST=1490391094][/DOUBLEPOST]
Типичен пост за тежок пањ ко тебе..
:pipi:
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Песната е одлична, барем мене ми се допаѓа многу, а верувам и на многу останати. Читав на youtube, премногу позитивни коментари од различни земји, скоро сигурно ќе го забележиме најдобриот пласман во нашата историја поврзана со Евросонг. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.251
Поени од реакции
37.937
Ништо не е сигурно. Многу зависи и од настапот во живо. Евровизија знае и за случаи кога најголемиот фаворит за победа не го поминал полуфиналето. ;)
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
Конечно нешто модерно и добро.
Кога ја слушнав за прв пат, не ми се веруваше дека вакво нешто може да излезе од кај нас :confused:
Искрено очекував некој тежок резил, и покрај тоа што знам дека Јана не е тапа девојче.
Дека навикнат од претходните години..... :pos:

Ова е далеку подобра песна од сите резили што сме ги пратиле до сега (Џоко Фиш, Некст Тајм, Влатко Илиевски, Тамара....и слична багра).
Песната е светска класа и е доста квалитетна, така да оваа година не смееме да имаме било какви замерки.
Единствено што ме "копка" е како ќе звучи и како ќе изгледа во живо.
Нешто наслушнав дека Јана на настапот ќе играла со сопствената сенка.
Ми звучи доста интересно....дали е само шпекулација, ќе видиме наскоро....
Како и да е, се надевам дека ќе се пласираме доста добро, затоа што оваа година навистина заслужуваме.

Оваа година ако не направиме ништо, најдобро е и воопшто да се повлечеме од учество на Евросонг.
И онака до сега има доста политика во гласањето, нема ништо да пропуштиме...
Сеуште не можам да ја разберам победата на Азербејџан во 2011 и на Украина лани....чиста мештаљка и чиста политика.

Останати фаворити за оваа година (и покрај катастрофалните песни на 90% од земјите) ми се Србија, Белгија, Хрватска и Молдавија.

1. Македонија (Газиме!) :D
2. Србија (101% квалитет)
3. Молдавија (Интересна песна)
4. Белгија (Квалитетна, иако малку монотона....)
5. Хрватска (Дечкото има страшен глас :eek: и изгледа сум единствениот на кој му се допаѓа песната и смета дека не е лоша)

Иако реално гледано, Србија ми е најкомплетна на секаков план.
Просто обожавам Drum&Bass и Breakbeat елементи во песни :D
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.592
Не се бараат способни композитори, се бара кој повеќе ќе ја изнервира русија. Или брадести жени.
Освен Еуфорија нема ниедна квалитетна песна што победила во последните 10 години.
Освен победата на Украина лани, не знам за ниеден друг пример каде победникот на било каков начин бил поврзан со Русија, или пак ја нервирал. Напротив, пред неколку години Грузија беше целосно суспендирана и и беше забранет настап таа година пошто песната се викаше We don't wanna put in. Што беше очигледно ругање со Путин и навреда за Русија. Ако некој има нешто против Русија, ќе ја оставеле песната и ќе и дале и место во финале.

А ова што руската претставничка може нема да учествува, секако дека не е во ред, но сепак не се случува прв пат ваква ситуација. И Ерменија не учествуваше во Баку во 2012 поради односите меѓу двете земји и спорот за територија. Само не се изрекламира целата работа толку медиумски пошто не е голема земја во прашање. Политика на Евросонг секогаш има. Ако еве по некоја убава случајност победи Јана и догодина Евросонг биде во Скопје, верувај дека ќе има големо натегање со Грција за тоа под кое име да настапиме и да го промовираме фестивалот.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890

Лол, ме потсети кога Елена беше во Грција, бевме запишани како Former Yugoslav Republic of Macedonia што зафаќаше пола екран, а секоја друга година сме F.Y.R Macedonia.

Не знам која година беше Верка Сердучка, знам песната им се викала "Russia Goodbye", и нормално дека ја одбиле, па ја смениле во Lasha Tumbai.

Нешто прочитав дека сателитски настап ќе имала Русија, не знам колку е точно.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
За прв пат Македонскиот народ да не плука по својата песна за Евровизија, туку истата да ја фали и велича:eek::ROFLMAO:

Лол, ме потсети кога Елена беше во Грција, бевме запишани како Former Yugoslav Republic of Macedonia што зафаќаше пола екран, а секоја друга година сме F.Y.R Macedonia.
А замисли тогаш во Грција, Елена Ристеска ја прогласија за најубава жена за 2006-та година на Евровизија. И тоа наградата и ја даде победничката од Грција од 2005-та година, Хелена Папаризу.
 
P

PewDiePie

Гостин
За прв пат Македонскиот народ да не плука по својата песна за Евровизија, туку истата да ја фали и велича:eek::ROFLMAO:
Тоа е затоа што тие што 24/7 кењаат и им смета се што е македонско се обично комуњари,овој пат пејачката е комуњарка па сега немаат за што да серат.
Помага тоа што песната е барем пристојна и listanable(чисто зошто странци ја правеа)...за разлика од претходни години и позитивните коментари под видеото што ги има слични на буквално секоја песна секоја година на евросонг за било која земја како 12 из србије,this is the winner thie year love from Spain итн итн.....и кај нас тоа се доживува како ГОТОВО ПОБЕДИВМЕ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom