UEFA Champions League 2016/17

Абе шампион сезонава е...


  • Вкупно гласачи
    69
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Па што ако има по 100 на утакмица, некои се судат, некои не, тоа не значи дека тоа вчера врз Суарез не беше пенал.
Три работи поради кои е пенал:
- Маркињос го удри Суарез по врат
- Суарез беше пред Маркињос
- Маркињос не ја глеаше топката воопшто, туку Суарез и глеаше како да го спречи него а не топката да дојде до него

Според што не е пенал? Затоа што Суарез не застана него падна театрално? Сите знаеме дека ударот не беше за да легачи на трева, тоа не го менува фактот дека Маркињос направи старт или „старт“ за пенал.
Кој го гледал видеото внимателно ќе види дека имаше контакт и со коленото во исто време кога беше контактот со раката.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
За ПСЖ пенал немаше ли?
А за ПСЖ зборевме или за тоа дали е пенал тоа над Суарез или не?

Немаше никаков удар, имаше ситен допир, дали можеш да направиш разлика? Не падна прво се фати за глава па за врат па за задник или како и да беше и се спружи на терен, срамота е да се прави муабет за пенал. Нити беше попречен ниту ништо, беше слободен за шут.
Е сега ако и од сротивната страна Кавани и другите правеа така на секој допир ќе требаше да суди 40 пенали ама кој би сакал да гледа такво нешто, како да ти кажам, превара е, цигански, бедно, ефтино.
Бреј, имало ситен допир. Јас пак ти кажувам зошто требало да биде пенал а ти ми викаш дека било срамота да глуми и затоа не треба да му свирне пенал.
 
Член од
2 јуни 2016
Мислења
88
Поени од реакции
29
Вчера судиите го погребаа фудбалот...
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Џабе си го едитирал и крател постот, пак никој нема да ти го прочита. :kafence:
Види и овој пост составен од 5 збора си го едитирал :pos:

Какви исклучителни ботови сте ти и @Џонтра Волта. Би било навистина штета доколку некоја од нашиве политички партии не ве регрутира и не го искористи вашиот потенцијал. Совршени за таа улога, двајцата.

Уште еден пост во низа, уште еден пост кој содржи исфорсиран вана би хумор. А никој да ви каже за вашето кловносување по темиве на форумов. За тоа колку смешно и за греота изгледате. Како и кој ќе ви каже всушност, кога вие неколкумина си се тапшате по рамо, за секоја испишана небулоза и глупост, за секоја очајна шега, веројатно собрани во нечиј стан, со лап-топите во скут, договорајќи се кој и што да пише, а да изгледа тоа сосема природно, спонтано и кул. Само и само, на тој начин, да добиете нечие внимание и да си дадете на важност. Вашето кловносување, меѓудругото е и една од главните причини за вртоглавото паѓање на квалитетот на форумов(и те како имаше порано што и од кого да се прочита, а да не се бљувотини, украдени од одредена ,,Просечан кладионичар'' Фејсбук страна).

И вие двајца ќе кажете некому, нешто. Еј.

Па уште, за едитирањето се фаќаат. Преку едитирањето сум сакал постовите да добијат филозофска димензија. Преку едитирањето. Не служи тоа за поправање на печатни грешки, или кратко дополнување. Туку ете за што било. Мајчице, majcice. :pos:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Аииии, каква логика еј !!! :cuc::cuc::cuc: Имале ПСЖ предност од 4 гола на првата утакмица и немало врска какво е судењето на реваншот. :cuc::cuc::cuc: Човек да си помисли дека тие 4:0 од првиот меч им се поклон дадени, а не заслужени. Јас се согласувам дека срамота ќе беше ПСЖ со онаков пристап и спуштени гаќи од прва минута да помине понатаму, но дупло посрамен е начинот на кој што Барса помина во наредната фаза. Дај не зафркавајте бе луѓе...преку 10 пати вчера се обидоа да изглумат пенал и не ми е јасно како Нејмар и Суарез не добија ради симулирање по 3 црвени картони. Срам за спортот беше она што вчера го правеа џуџињата па ако сакаат и од 40:0 нека се вратат не ме интересира кога се служат со неспортски потези. Без контакт паѓаа во противнички шеснаесетник. :facepalm:Пеналите живи глупости, само на Барса може онакви пенали да и свирнат, посебно вториот е пенал што не се санкционира како прекршок ни во кошарката. Од друга страна чист како солза пенал не се суди за ПСЖ на резултат 1:0. Гол во тој момент можеше и најверојатно ќе го однесеше натпреварот во сосема друг правец, но немале никаква вина судиите. :pipi: Па уште и нормално било да им судат онакви пенали дека цело време напаѓале...мислиш само они се екипа што напаѓа, а екипи како Баерн, Јунајтед, Челзи, Дортмунд, па и Реал се бранат цело време па затоа само после утакмиците на Барса со денови се збори за судиските одлуки. :rolleyes:
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
А за ПСЖ зборевме или за тоа дали е пенал тоа над Суарез или не?



Бреј, имало ситен допир. Јас пак ти кажувам зошто требало да биде пенал а ти ми викаш дека било срамота да глуми и затоа не треба да му свирне пенал.
На некои ликови не може да им се докаже ништо. Ќе си верглаат една иста работа без да разгледаат ниеден аргумент.
 
Член од
15 јануари 2013
Мислења
251
Поени од реакции
240
Убаво некој пиша во темава пред утакмицата. За да помине Барса треба да го има најдобриот ден, а ПСЖ најлошиот. Тоа и се случи, пеналите беа дискутабилни. ПСЖ ментално беа пропаднати уште во самиот старт, притисокот тотално ги изеде.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.228
Поени од реакции
7.318
Не го гледав целиот натпревар, го пропуштив второ полувреме. И баш ми е криво. Историја, а што друго? Не успеав ниту да ја разлистам темава, можам да замислам колку било забавно тука. Од телефон само отворив рандом страна и таму, во постот на @Lu5 си го начекав и моето име.

Епа секоја чест друже. Ја доби наградата ,,најлоботимирана личност'' на годината. Имаше повеќе кандидати, ама ти дефинитивно се надмина себеси.
Во толку краток пост, да напишеш толку инфантилно-ретардирани работи, треба да си посебен вид.

Вечерва во Барселона - екстаза. Испишана историја и тоа на каков начин. Омилениот тим го игра можеби најепскиот натпревар во клупската историја и историјата на европските натпреварувања. За три минути Барселона постигнува три голови против ПСЖ, успева да го надокнади надостатокот од 4 гола. И ти...
Не ми се верува уште. :pos:
Луѓето главата ја имаат изгубено, цел фудбалски и нефудбалски свет е под импресии од виденото, извесна тетка Драгица од администрација, во некоја маалска кафеана го има фрлено тањирот со похован кашкавал и пирошка во воздух, после голот на Роберто, а ти ги прозиваш сите оние кои на темава искоментирале нешто во негативен контекст за Барселона. И внимавај, сосема оправдано искоментирале спорна одлука (пеналот на Суарез и те како е спорен но победата на Барселона е толку силна и остава таков печат, што греота е да зборуваме за судиски одлуки). Настрана тоа, продолжуваш со прозивки и кон некои личности и настани кои апсолутно немаат врска со денешниве случувања. Значи, самата помисла на тоа е крајно ретардирана. Во тој момент. Крајно ретардирана. А уште поретардирано е истото да го напишеш.

Ајде добро. Наместо да е доблесен, да признае дека пеналот од Суарез е непостоечки и да каже дека се случуваат такви работи, имаше многу набој во мечот, висок интензитет, судијата е под притисок, 100 000 луѓе во неговата глава, играчи, стручен штаб. И тој е човек, на крајот од краиштата, Барселона постигна пет регуларни голови, направи нешто неверојатно, ирелевантно е до некаде да зборуваме за арбитри и за евентуалната судиска помош која ја добила Барселона. Легитимен став, би бил.

Ама ај што е шуто, па и боде. И не знае за доста, не може да престане. Доаѓа стандарниот муабет на фановите и омилениот нивни збор ,,комплекси''. Ние, фановите на Челзи, не сме можеле да го преболиме полуфиналното испаѓање и голот на Иниеста од 2009. Добро. Е сега, оттогаш до денес, изминати се 8 години. Цели 8 години. Ваквиот муабет со кошмари, комплекси, фрустрации, од основец/средношколец, можам да го разберам. Сите сме поминале низ тој процес, повеќе или помалку. Осум години подоцна, некој да се расфрла со овој муабет, истите две дебилни фрази, а да сака да е сериозен и да не квичи кога некој ќе каже дека фан базата на Барселона е составена од дибеци, е тогаш е проблем. За него, ние имаме опции да не го читаме.
И не запира, никако. Продолжува да е ретардиран и да се гордее со тоа што Овребо го направи тогаш, да се гордее и повикува на најконтроверзниот и најнеправедниот натпревар што Лигата на Шампионите некогаш го видела. Внимавајте, тој се гордее.
Зборот ретардиран, не е случајно напати повторуван. Не се должи тоа на дефицитарноста на зборовите во македонскиов јазик, туку едноставно не постои друг термин кој би се искористил и совршено би го опишал ликот и неговите излагања вечерва.


Околу натпреварот. Барселона е единствен тим, покрај Тотенхем што всушност го мразам. Не дека немам симпатии, или не го сакам. Го мразам, едноставно. Арно ама, не знам зошто, кога чув дека победиле 6-1 и се пласирале понатаму, се израдував. Без претерување, многу. Фудбалското преовлада најверојатно. Заостануваа 4 (четири) гола. Да бркаш толкава разлика, против Леганес, Лас Палмас или против било кој второлигаш е ужасно тешка работа, а не против тим кој е дел од европскиот крем (или после вечерашново фијаско, се претвора дека е, неважно) и да успееш, не само да ја анулираш разликата, туку целосно да ја надминеш. Секоја чест, наклон до земја. Што се однесува до мене, нека им ја дадат уште сега титулава. Навистина. Победата е уште повеличествена, ако се земе во предвид уште еден сегмент. Психолошкиот. Од самиот почеток си сјебан во глава, кога знаеш дека мора да постигнеш 5 голови за да успееш во намерата. Стартуваш добро, постигнуваш гол, имаш солидно водство на полувреме од два голови кое ветува. Постигнуваш уште еден гол, на дофат ти е четвртфиналето и...Кавани, 3-1.
Гол кој те убива во поим и ти ги доведува шансите за успех до минимум. Арно ама, ти успеваш да го пребродиш тоа и за 5 минути, ЕЈ, 5 минути, даваш три голови, оноколку колку ти се потребни за ја постигнување на целта. Епа, да ми извините, ама :cuc::cuc::cuc:.

Честитки до фановите на Барселона, барем до оние преживеаните, интересна и возбудлива станува сезонава. До пред еден месец навидум беше се изгубено за нив, освен купот, а сега се враќаат во игра за двата најважни трофеи. После ваква инјекција, нема воопшто да ме изненади да ги освојат и двата.
Да јас сум тој што се замара со вас, јас напишав 15 страни во word за некого. Напатен си другар :)
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.973
Уефалона ви е страв и трепет, права ноќна мора :icon_lol:
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Да јас сум тој што се замара со вас, јас напишав 15 страни во word за некого. Напатен си другар :)

Не, не. Ти не се сериозен. Ај, ај, ај. :pos:

Ало бре, роџаче, твојот омилен тим вчера го направи невозможното, цел свет е во делириум, а ти ме прозиваш МЕНЕ, веднаш после победата на Барселона. Никој те нема споменато претходно, никаде. И тоа не еднаш, повеќе пати. Следува реакција после тоа, нормално, на прозивките и провокациите, за да на крај да испадне дека ЈАС се замарам со тебе, затоа што сум реагирал, а тоа не било на конвенционален начин, во три-четири реченици.

Па има ли крај глупоста?
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.260
Поени од реакции
18.473
Се е океј луѓе, само не ми го правете она над Суарез пенал, само тоа НЕ ви се молам :pos:

Тоа беше класична симулација, класична. Нема никаков муабет тука, контактот со коленото толку беше мек што дури и Суарез не го почувствува, инаку немаше да се фаќа за вратот каде што немаше апсолутно ништо.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.228
Поени од реакции
7.318
Не, не. Ти не се сериозен. Ај, ај, ај. :pos:

Ало бре, роџаче, твојот омилен тим вчера го направи невозможното, цел свет е во делириум, а ти ме прозиваш МЕНЕ, веднаш после победата на Барселона. Никој те нема споменато претходно, никаде. И тоа не еднаш, повеќе пати. Следува реакција после тоа, нормално, на прозивките и провокациите, за да на крај да испадне дека ЈАС се замарам со тебе, затоа што сум реагирал, а тоа не било на конвенционален начин, во три-четири реченици.

Па има ли крај глупоста?
Јебем ти спин логика јебем ти. Значи не треба постови да пишувам ако мојот тим го направил невозможното? Треба месец и пол на системи да лежам? Треба да копам постови кај шо пробуваш да тролаш фаној на Јунајтед после важни победи на Челзи? Take it easy.

Тебе те спомнав оти фанови на Челзи одма почнаја со коментари за судиите, а ти тука си крал. Не си толку битен буразеру.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.004
Поени од реакции
116.773
Какви исклучителни ботови сте ти и @Џонтра Волта. Би било навистина штета доколку некоја од нашиве политички партии не ве регрутира и не го искористи вашиот потенцијал. Совршени за таа улога, двајцата.

Уште еден пост во низа, уште еден пост кој содржи исфорсиран вана би хумор. А никој да ви каже за вашето кловносување по темиве на форумов. За тоа колку смешно и за греота изгледате. Како и кој ќе ви каже всушност, кога вие неколкумина си се тапшате по рамо, за секоја испишана небулоза и глупост, за секоја очајна шега, веројатно собрани во нечиј стан, со лап-топите во скут, договорајќи се кој и што да пише, а да изгледа тоа сосема природно, спонтано и кул. Само и само, на тој начин, да добиете нечие внимание и да си дадете на важност. Вашето кловносување, меѓудругото е и една од главните причини за вртоглавото паѓање на квалитетот на форумов(и те како имаше порано што и од кого да се прочита, а да не се бљувотини, украдени од одредена ,,Просечан кладионичар'' Фејсбук страна).

И вие двајца ќе кажете некому, нешто. Еј.

Па уште, за едитирањето се фаќаат. Преку едитирањето сум сакал постовите да добијат филозофска димензија. Преку едитирањето. Не служи тоа за поправање на печатни грешки, или кратко дополнување. Туку ете за што било. Мајчице, majcice. :pos:
Зошто не го едитираше овој пост?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom