абе шо знам, еве имам двајца колеги, буквално, едниот има 50 квадрата стан и ја користи помалата а другиот има 140 квадрата стан и ја користи оваа поголемава, и они па за разлика ми се фалат. пелети купувале од мак петрол и од прилика еве со овој што има 140 квадрата стан разговарав утрово последниов месец му потрошило 1,2 тон пелети, по 11 денара ги купувал, а греел нон стоп + високи температури, така да кај мене станот е 100 квадрата, има одлична изолација, и кога ке видиш дека моментално се греам на инвертор и една панелка vailnat 2,5 киловати и плакјам 10 000 денари за струја месечно а скоро ич не сме стоплени, ова на крај на денов со пелети ми се исплати. имам место каде да ги складирам пелетите, жена ми е нон стоп дома, значи има кој да го одржава. + проблем е кај мене што дневната ми е салон така поголе, скоро 35-40 квадрата и нема шанси со ништо да го стоплам. така да во греење со пелети кај мене складирањето, чистењето и сл. не се проблем.
а и цената, на човек (еве јас) кој што палка 10 000 денари месечно за струја и со која што едвај стоплува една соба, тогаш 12 000 или 15 000 за да е стоплен целиот стан е смешка. така да согледајте ми ја и таа мака
))