- Член од
- 21 октомври 2016
- Мислења
- 527
- Поени од реакции
- 677
Не е до парното другар толку колку што е изолацијата. Нова зграда,термоизолација максимална и си го прави своето, инаку колку за инфо во дневната каде што е мерачот двата радијатори се наместени на термостатот на 3,5 од 5 можни и 90% од времето се ладни, во спална е скроз исклучено инаку нема шанси да се спие. Првата сметка за ноември ми е 680 денари ама типувам на 12000 до максимум 14000 годишно и да не заборавам дека и бојлерот ми е приклучен на парно што се бањам гратис 4 месеци па може да оксигуваме некои си 1500-2000денари. Ако ме веруваш ладно немам осетено, дали било 03сабајле или -20надвор, првпат во живот да се згреам како човек, инаку на истото парно живеев 30+ години на 300метри и не беше над 23 степени нигокаш ама затоа и зградата беше 50 години стара.Мн ме интересира каде е ова толку фалено парно, ќе ти наведам два примери девојка ми живее во Капиштец се грее на градско парно плаќа 1400 денари месечно за гарсоњеричка со квадратура од 29м2. Убаво си прочита 29м2 немам никаква грешка. Осетлива е на температури и се жали за тоа што навечер го гасат парното па температурата и паѓа до 21-22 степени. Користи инвертер за догревање(постојано не само сега во најладново).
Проста математика 1400х12=16800 денари
Е сега да видиме како стои другата компанија која нуди парно греење во Скопје. Дедо ми живее во Железара. Станот му е околу 55-60м2 и е приклучен на железарското парно. Точно постојано кај него дома е пекол нема гаснење и слично, АМА секогаш има некое ама сеа јбг. Он плаќа 2300 денари месечно за греење.
2300х12=27600 денари
Дека јас со климиве нешто поефтино мн од ова не, еве до сега од 21 октомври до 21 декември сум платил вкупно 6000 денари. Што за мене е прифатливо, поготово што јас греам спрат од куќа кој нема фасада и под пола од спратот имаш тераса која нормално не се грее, и претпоставувам дека ти е јасно дека комшиите мои не ги греат моите ѕидови.
Е сега за оние кои говореа клима vs ТА. Морам да кажам дека греењето во месец декември со клими ме чинеше исто како минатата година во декември месец со ТА печки односно во двата наврати платив околу 5000 денари месечно за струја само за греењето (оние стандардни трошоци кои ги имам за готвење бојлер и слично секој месец ми се приближно исти и се веќе одземени од споменатата сума), додека греењето во октомври односно ноември климиве ми заштедија некои 2000 денари. Така што дека имам некоја којзнае колку голема заштеда немам. Во последниве 2-3 дена за да не гледам потрошувачка од 1200-1800w(ова зборам за Хансолот кои ми грее околу 32-35м2, потрошувачката на Чејнџот е постојано околу 600-800w и подоле споменатата ТА воопшто нема влијание на него) на климите имам вклучено и плус термо печка 2,5kw која ја полнам навечер и не ја пуштам да дува него само да зрачи топлина. Со ова потрошувачката на климите ми е падната на ниво помегу 600-800w а дома одржувам температура од 20 степени (што за мене е супер температура за зимно време), нормално појачувам температура кога девојка ми е кај мене
Sent from my Huawei P9
nekako ja racunam ama strasno mi izgleda 4.95 a ne e u-crown, change e


