Не сум пишувал на темава, но ја читам цело време, исто и серијата ја имам изгледано секоја епизода и можам да кажам дека оди само во надолна линија, гледам последнава епизода ви била подобра од останативе освен првата нормално, мене ништо посебно не ми беше дури имаше и преглупи моменти со Карл, детиште влегува во камион на групата што и во Александрија им се тресат, им убива двајца луѓе им вади пушка во нивна зона и уште им вика не мора никој да биде повреден Ниган ми треба

седи бе мали не се резили...

Капак на се психово го прашува што да направи со него, а овој му враќа да се фрли од прозор да не мора да го убие човекот што му испасира пред очи двајца од неговата група...
Друга работа што не ми се допаѓа, на страна тоа што Ниган е извонреден негативец, неговата група и не е некоја велесила, барем до сега тие што ги прикажаа не се некоја бројка што може да држи како робови неколку групи кои скоро се колку нив бројчано...Како да не можеа некако да ги заебат да ги отрујат, запалат или рокнат со некое RPG или наједноставно групите на Рик, Исус, тој со тигарот и жеништата здружено да ги нападнат, сите имаат над 20 луѓе, знам дека не е интересно одма да се решат, ама вака изгледа наивно...Многу поинтересно ми беше кога менуваа локации и беа во движење, сега зомбињава никој не ги ни регистрира не памтам кој последен настрада од зомби,

сега само седат на затворено и чекаат да дојде Ниган да им ја собере зимницата и намештајот

(и уште овие па на земја спијат, пошто многу е тешко кревети да се најдат од милион напуштени куќи) и да напиња и ќе чекаме финална пресметка, а во меѓувреме ќе гледаме скоро еден час посветен на Тара која најискрено заборавив дека постои
