Комплетно ја заслужи победата РНЛ. Пробаа комплетно да го сменат темпото на натпреварот за разлика од тој во Германија, да се игра поспоро и речиси сите напади да се завршуваат при крај на времето. Имаат право некои погоре што пишуваа дека Раул можеби влезе како неспремен во овој дуел. Мислеше дека повторно со Канељас и со некој од другите бекови повторно ќе ја растури таа одбранбена зона на РНЛ како во Германија. Само проблем беше денес што за разлика од тој меч Штербик отвори доста лошо, а Апелгрен на другата страна одлично.
И кога во првото полувреме РНЛ играше цело време со +1 во напад, и кога Вардар имаше +2 водство се гледаше дека не оди играта, немаше течност при нападите, да не беа тие голови на празна статива којзнае и дали ќе имаше водство. Да беа малку сконцентрирани при крајот кога има +2 и напад, и некако да одвлечкаа на полувреме со 3 разлика ќе беше подруго, притисокот ќе беше врз нив. Вака со нерешено си одиграа слободно, стегнаа одбрана, закуца ѓупакот Менсах некој лесен гол и отиде натпреварот. После се веќе беше некои јалови обиди да се фати приклучок ама колку и да сакаа Апелгрен ги оневозможи, додуша повеќе неискористените зицери.
Ваков натпревар без голман не се добива, еднаш на 10 пати можеби. Штербик е веќе премногу неконстантен, ретко кога ќе се погоди да има добра партија, а Милиќ според мене не е голман за вакви тешки дуели, за со послаби противници е арен. Сепак, според мене, нема баш добра двојка голмани Вардар за екипа која се бори за врв во ЛШ. И секако пикерите, уште пред да почне сезоната мислам во оваа тема пишав за тоа. Марсениќ и Фереира се тотално исти тип на играчи, трупови. Високи, јаки на градба, ама ни реализација имаат добра ни ништо. Со вакви двајца пикери е тешко, Столе си е приказна по себе, тешко дека допрва ќе стане јак пикер, замина неговото. Реков уште тогаш, требаше многу подобра замена да се донесе за Тоскиќ, со оваа тројка ќе си имаат мака при нокаут фазата.