Фан клуб - РК Вардар

И јас мислам дека е рано да се носат заклучоци, иако од тоа што го видовме во подготвителниов период оправдано е да сме песимисти.
Сепак, од пријателски натпревари до официјални има голема разлика.

Проблем е што Борозан го нема воопшто. Не бев оптимист при неговото доаѓање, ама човекот изигра на топ ниво минатата сезона. Покрај него, би требало и играта на другите бекови да се подигне. Малус разочара на првите пријателски, ама има добро CV, сите сме го гледале дека е одличен и проверен среден бек. Да се надеваме дека ќе фати некоја форма. Боно, Танкоски и јапонецов треба да се доволни да покриваат во нашава лига. Стварно имаме голем избор на бекови и е вистинско разочарување што ме видовме ништо од нив досега. Ако не ја бива работата, секогаш може да се игра ланската принудна комбинација со Вуко на среден и Хориха лево. Крсманчиќ делуваше катастрофално на почетокот минатата година, па се крстевме во него. Па не е можно Малус и Боно да излезат послаби од него.
Голем проблем е што Мечка ќе го нема толку време. Не е дека сме очајни на пикер, Атанасовски е супер, ама сепак голем хендикеп е тоа што ќе го нема Лазаревски 3 месеци. Губењето на двоецот Лазаревски-Аларов во одбрана е голем минус.
Го добивме Тале, кој личи како да не играл ракомет воопшто откако си замина. Пак ќе се молиме да врати форма. За разлика од Петриќ и Николиќ, он игра во два правци, иако досега се покажа доста лошо.
Десната бековска позиција е најслаба, стандардно. Од полјакот не очекував ништо и стварно е доста слаб. Србинов е талентиран, ама би бил добар за резерва. Нас ни треба водечки десен бек, а во него не добиваме таков играч. Лесно го затвораат, тромав е, има шут само. Нешто ко Борзаш што им беше лани на Пелистер. Не многу корисен, ако немаш добар среден бек да разигрува.
За прв пат крилните позиции ни се вистинска катастрофа. На лево крило мора да се засилиме или да го правиме Стојановски играч. Кеита слаб и дефанзивно и офанзивно. На десна страна ќе брка работа Жутиот. Не знам што стана со Пинто. Си отиде ли?
Од Валах очекував многу повеќе на голманска позиција. Вака имаме три голмани на кои ќе се крстиме да му се погоди денот на некого.
Чупко не ме убедува засега дека го совладал тренерскиот занает.
Долга е сезоната, ќе има повреди на клучни играчи, незгодни натпревари про згуснат распоред, се е можно. Ама засега личи дека Пелистер е за класа подобар или повоигран, а ние мака ќе мачиме и со Алкалоид и Охрид. Особено додека ги нсма Вуко и Мечка.
 
Не ми е многу верно, но доколку е вистина, се надевам дека тоа нема да значи заминување на Мечка.
 
Пак без Борозан, Боно, и веројатно без Малус и Пинто. Каша попара.
 
Саат време уживање, многу приказни за времето поминато во Вардар, вреди да се погледа.

Тешка петарда е Џамбо, животна желба ми е со ликов да одам во кафана.:D

Саат време уживање, многу приказни за времето поминато во Вардар, вреди да се погледа.

Тешка петарда е Џамбо, животна желба ми е со ликов да одам во кафана.:D

Како улета видеово од сабајле со кафе и цигара, ко лажица у мед, мелем на душава
 
Слаби сме на крило и на пикер по тоа што гледав. Кеита е стандард црњо без мозок. Пољаков пикеров во напад многу слабо, простор не знае да направи. Јапончето игра многу со срце ми напраи ќеиф. Единствена мана што ќе го извади одбранбениот од патики и ја враќа назад на 9 метри. Голманчето ново Валах исто океј се покажа.
Има потенцијал во екипава само мора Чупко да ги уигра. Инаку мое мислење е дека брзо ќе менуваме тренер.
 
На оваа одбрана што ја игра Вардар нема основа да им се суди уште на голманите. Буквално 80% од шутевите се чисти, небранети од 9 или зицери на пикер/крило/контра. Кога би се играла малце и одбрана ќе му биде полесно и на Валах да покаже што знае и умее, ако знае.
 
Добар е Џамбо за кикики хахаха муабети, ама типот сепак не кошташе титула во ЛШ 2018-та година. Парадоксално, ама ние најсилен тим имавме токму таа година, измеѓу двете титули, а не ја освоивме. Ја свртевме игрицата таа година, walkover ќе и направевме на ЛШ да не беше повредата на Штербик заради која не играше на Ф4. Интересно дека најсилните тимови кои беа створени последниве години и кои беа толку убедливи во настапот низ цела сезона што буквално само се чекаше да поминат сите натпревари и да им се даде титулата, зарибаа на Ф4. Тука мислам на Барса, првата година кога ги собраа Рутенка-Карабатиќ-Кире па им излезе штакорот Гландорф во последни 10 минути од полуфинале, Веспрем кога ја направија линијата Илиќ-Палмарсон-Наѓ, па им се десија 7 гола во последни 6 минути од Киелце во финале и тој Вардар од 2018-та. Само што за разлика од Веспрем и Барса на кои на самите им се деси блокада, нас ни се деси повредата на Штербик и "бранењето" на Џамбо на Ф4. Не ми се верува дека и поред таква катастрофа од настап на голман, ние изгубивме само еден разлика во двата натпревара таму. Дебелото, покрај што имаше број на одбрани кои се бројат на прсти на една рака, дури прими и гол од пола терен во последна секунда од прво полувреме против Монпеље во полуфинале и пак стигнавме до позиција да имаме напад за реми на крај. Толку бевме доминанти таа година и толку се осеќаше таа доминација од почеток на сезона и се уживаше во нивниот настап за на крај он со несериозноста да се посере на се што другите го градеа. Да беше Штербик, ќе се прошетавме на Ф4.
Судбината ни врати на најсладок можен начин следната година, можеби немаше да постои 2019-та ако се направеше back-to-back 2017-та и 2018-та, али си стои ко факт тој настап на Џамбо на Ф4. За кикики хахаха муабети со него сум пишувал и јас на темава од лично искуство.
 
Тука сме и ние до некаде криви, поради тоа што си дозволивме цела сезона Џамбо да биде втор голман, со таква несериозност и куроболие требало многу одамна да се раскрсти со него, самиот Милиќ си кажува дека последните 2-3 години од кариерата апсолутно не го интресирал ракометот, не тренирал, не се замарал, се прашувал зошто воопшто се бави со овој спорт.

Вака од денешна перспектива кога се раскажуваат приказни звучи интересно, а уствари никој од нас не би посакал пак да функционираме како во време на Вујо, цела тактика да биде базирана само на другарство помеѓу играчите, на тренинг да ти ја нема пола екипа, да те лажат дека ги боли стомак поради тоа што ги мрзи да дојдат, да идат по кафани навечер и сабајлето на тренинг да испаруваат од алхохол, таквиот начин на работа е изумрен пред добри 30 години.
Тогаш само поради среќа, притисок од публика и сплет на околности на крај сме излегувале како победници во неколку наврати против Металург, инаку во принцип во тој период не се знаело кој пие кој плаќа, вака според кажувањата не знам кога сме имале поголем хаос во клубот од тоа време.

Среќа што во новата екипа во Самс ерата се пренесени само позитивните работи од претходната генерација, а благодарение на Раул во клубот е воспоставна дисциплина, подоцна добриот микс на овие две работи ни донесе две титули во Лига на шампиони.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom