Македонски филмови

G

grande-juve

Гостин
Каде ги има на интернет сите овие филмови? Ама со одличен квалитет.

Многу ми е криво што не успеав синоќа на Каде по дождот... И Среќна нова 49 ќе се емитува во вторник за 30 годишнината.
тракермк, јутуб, али не се баш одличен квалитет, може неколку.. гледлив квалитет да, некои ни тоа. А конкретно овој филм не го најдов нигде.. Затоа глеам да не ги пропуштам низ кинава во ретките случаи коа ги даваат
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613

Го има на trackermk, TVRip, од Алфа ТВ, повеќе звукот лош отколку сликата. И веројатно може да се купи во Кинотека.

Ставен во watchlist. :)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.204
Каде по Дождот закон филмче. Не личеше на македонски филм, ко да имаше инспирација од франција/Годард од тоа време. Многу јаки сцени, на нивата со компирите омилена, исто и стариве коа си го спремаа излетничкото место(кој глеал знае :D). Монтажа, режија, глума и посебно сценарио, се' тоа на високо ниво. Позитивно изненаден (y).
@Shawn Spencer и мене ми влезе во топ 15 :D
Ти реков. Не знам зошто ама овие странциве што имаат наши филмови снимано во екс-ју ми се многу подобри од еден Љубиша Георгиевски, Гапо, Османли. Волча ноќ и Виза на злото на Штиглиц, Солунските атентатори и Мис Стон на Жика Митровиќ. Каде по дождот на Слијепчевиќ. Поради тоа сакам и Малиот човек (Mali covek) на Цукулиќ да го најдам, али нигде го нема досега. Иако и од нашиве имаат излезено добри филмови како Цената на градот, Мементо..

Го има Каде по дождот од Наша тв снимка на тракермк. И доста солиден квалитет е. Не ми е листата тука, ама од тие што ги нема нигде на нет се: Малиот човек, Јужната патека, Оловна бригада, Маклабас (иако за овој не сум сигурен) и поновиве од 2015 што се излезени.

П.С. го има од прееска и Војната заврши на Митко Панов од 2010. Проблемот е што филмот е на албански, а без превод. Ако знае некој албански добро ќе биде да го преведе.[DOUBLEPOST=1479910836][/DOUBLEPOST]Инаку Злате што викаш во Кинотека да се купи, да, ги има тие реставрираните. Ама еден филм да купиш е 500че. Треба 30 бубрези да продадам за да си ги купам сите. :mad:
 
И Ангели на отпад фали. Значи: Малиот човек, Јужна патека, Оловна бригада и Ангели на отпад. Само тие ги нема никаде + овие од Медена ноќ наваму (значи 2015 и 2016).

Маклабас го имаше на youtube, па го тргнаа. Не сум сигурен и јас за него сега.

Не знаев дека се 500 ден, искрено. Само имам видено дека продаваат, затоа спомнав. Но, вреди да се издвои 500-че од секој месец, па малку по малку, за едно 5-6 години ќе може да си ги купиш сите :P Шала на страна - ќе им пишам на Кинотека, па ќе ви кажам што, како. ;)[DOUBLEPOST=1479916243][/DOUBLEPOST]
да да, најдов.. срчот не ми даде ништо вчера коа барав.. сеа еве ги две снимки
Пиши ако ти треба seed.[DOUBLEPOST=1479918392][/DOUBLEPOST]Им пишав, ми одговорија веднаш: за жал, само филмските опуси на браќа Манаки, Столе Попов и Љубиша Георгиевски имаат DVD изданија од Кинотека. Еден комплет е 1500 денари, поединечните филмови - 500 денари. Значи „Каде по дождот” сепак не може да се купи, а и никој од овие што ми фалат. :(
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.204
И Ангели на отпад фали. Значи: Малиот човек, Јужна патека, Оловна бригада и Ангели на отпад. Само тие ги нема никаде + овие од Медена ноќ наваму (значи 2015 и 2016).

Им пишав, ми одговорија веднаш: за жал, само филмските опуси на браќа Манаки, Столе Попов и Љубиша Георгиевски имаат DVD изданија од Кинотека. Еден комплет е 1500 денари, поединечните филмови - 500 денари. Значи „Каде по дождот” сепак не може да се купи, а и никој од овие што ми фалат. :(
Точно и Ангели на отпад фали. Туку на Милчо филмовите не ти ги кажаа? Или он е персона нон-грата. Јас викам секој од нас да земе по 1 филм - 500 денари и после да се стави на торент и сите ќе си ги имаме за 500че. Еве Гранде го има Тетовирање, ама не го става на Тракермк оригиналното ДВД. :D
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.959
Поени од реакции
8.306

На Милчо Манчевски ги има да се нарачаат на сајтот kupikniga.mk
Ги има Мајки, Прашина, Сенки и Пред Дождот. Комплет сите 1700 денари. Ги има и посебно сите 400 денари само Мајки е 500.

http://kupikniga.mk/ListBooksforCategory.aspx?cat=186&displayName=
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.860
Поени од реакции
1.611
Вчера на МТВ без никаква најава беше емитувана серијата Љубов и предаство или Златната петорка филмот денес се дава вториот дел. Добра замисла ама костимите и сценографијата една голема 0.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.204
Вчера на МТВ без никаква најава беше емитувана серијата Љубов и предаство или Златната петорка филмот денес се дава вториот дел. Добра замисла ама костимите и сценографијата една голема 0.
од колку часот друже. :)
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.860
Поени од реакции
1.611
од колку часот друже. :)
Па во Вторникот беше во 21,00 термин резервиран за Куќа од карти и пуштија две епизоди вчера е пуштена третата во 14,25 , а денес 4 во сличерн термин последната ќе биде емитувана утре бог знае кога среќа што пости нешто ко твтека :)
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
А кои филмови може да се најдат по торенти?
Го барав овој, ама неуспешно.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
А кои филмови може да се најдат по торенти?
Го барав овој, ама неуспешно.
Сите, буквално сите, освен Оловна бригада, Јужна патека, Малиот човек и Ангели на отпад.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.204
@Shawn Spencer Денови на Искушение филмиште, нели... вистински Македонски ноар
Филмиште во права смисла на зборот. Одлично разработена драмата, одлично снимено, глума петка, атмосфера, сценографија, сè беше петка. Прво му ставив 4ка, али кога се подразмислив дека и не му најдов некоја мана, си доби 5/5.
П.С. Се заљубив во Дафина (девојката од возот). :icon_mrgr:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
Каде по Дождот закон филмче. Не личеше на македонски филм, ко да имаше инспирација од франција/Годард од тоа време. Многу јаки сцени, на нивата со компирите омилена, исто и стариве коа си го спремаа излетничкото место(кој глеал знае :D). Монтажа, режија, глума и посебно сценарио, се' тоа на високо ниво. Позитивно изненаден (y).
@Shawn Spencer и мене ми влезе во топ 15 :D
Го гледав и јас пред малку, и не ми се допадна толку многу. Не знам, некако ко експериментален филм кој се изгубил некаде на пола пат ми делуваше. Сигурно уживањето во кино е поголемо, не спорам, плус јас и со малиов дома, не можев баш да се сконцентрирам, едно дваесетина пати го паузирав. И мене ми наликуваше на француските, па и воопшто европските филмови од тоа време, па и подоцна, до осумдесетите. Сакал режисерот да постигне некој сличен ефект. Плус и несекојдневната тема која ја прикажува, модерна тема која отвара многу прашања. Сцената на нивата со компирите беше впечатлива, се согласувам. Плус и има многу симболика во филмов - уште една од работите кои ми се допаднаа. Македонскиот јазик кој го зборуваат актериве не-Македонци - почист од јазикот на било кој од нас на форумов денес. Тоа е една работа заради која ги обожувам старите македонски филмови, особено Мирно лето. Но, некако сѐ ми беше премногу неубедливо во филмов. Премногу се трудеше, а не успеа да го достигне и прикаже тоа кон кое се стремеше. Некако ми делуваше ко евтин обид да стане некаква врвна уметност. Плус, не го спорам фактот дека Тома Прошев значи многу за македонската музика, но музиката во филмов ми беше толку еднолична и дефокусирачка, што баш заради неа сакав неколкупати да го прекинам. Ко да беше рандом избрана од купче исто така случајно одбрани класични дела. И ко да не припаѓаше во универзумот на овој филм, туку ко од некој трилер / хорор да беше позајмена - цело време очекував да се случи нешто страшно. Не знам, мене филмов не ми беше воопшто за WOW. Само просечна драма со некои добри елементи, но во поглед на приказната - здодевна и изгубена некаде.[DOUBLEPOST=1480364110][/DOUBLEPOST]А, да, и заборавив - на сајтот на Кинотека го пишува како црно-бел филм, постерите - и двата кои ги има се црно-бели, а ова што јас го гледав беше во боја. Може некој да ми каже што е работата?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom