Филм+ додаток за филмови во весникот Слободен печат

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Горд сопственик на 2 примерока овде.
Кратка промоција, без некоја тешка помпа, самиот Влатко кажа дека списаниево повеќе ќе се концентрира на некомерцијализам бидејќи добро знаеме каква е ситуацијата тука со печатениот медиум. Сеа за сеа ми се допаѓа критиката... пардон, рецензијата :D за „Ослободување на Скопје“. за понатака ќе видиме.
 
Јас ќе го купувам со мерак :)

Конечно!

Што се 70 денари месечно за вистински фанатик на филм? Па и да ги знам повеќето новости, од желба кон филмот и да си чувам вакви списанија ќе го купувам!
This. Пред се заради поддршка на некакви културни ствари у македонија.

Ама чисто се соменвам дека кај нас ова би успеало повеќе од година... кај нас уште владее менталитетот на "Немаме ништо!" а тогаш кога имаме списанија, претстави, филмови, спортски настани, музички настани и што ти знам онда се бараат гратиси..па ако не вложуваш во нешто не знам како можеш да очекуваш резултати..
 
Абе и да има за холивуски филмови не е ваљда дека очекуваш во првиот број да го има тоа. А, со оглед на тоа колку ни е затупена филмскава сцена, едно вакво списание за повеќе да не информира супер ќе е. Кажа некој погоре, се што сакаш за филм имаш на нет, ама иди најди нешто за Македонската сцена. Таман ќе си биде списаниево.
Абе нека има и од македонска сцена ама нека има и од европската па и од холивудската сцена. Од се по нешто нека има.

Јас би сакал да видам повеќе рецензии на филмови, интервјуа со македонски и странски глумци, режисери, мега постери, предлог филмови кој да се гледаат, imdb топ листа, бокс офис листа, нека има и за серии по нешто, за стрипови, за игри затоа што сето тоа некако си има некоја поврзаност. Списанието да биде за публика од најмала возраст па се до публика од поглема вораст со поистенчен и различен вкус за филмови.[DOUBLEPOST=1476741184][/DOUBLEPOST]
Горд сопственик на 2 примерока овде.
Кратка промоција, без некоја тешка помпа, самиот Влатко кажа дека списаниево повеќе ќе се концентрира на некомерцијализам бидејќи добро знаеме каква е ситуацијата тука со печатениот медиум. Сеа за сеа ми се допаѓа критиката... пардон, рецензијата :D за „Ослободување на Скопје“. за понатака ќе видиме.
Стај слики од некоја страна да видиме како изгледа внатре за нас оние кој планираат или се двоумат дали да го купат :)
 
Последно уредено:
Горд сопственик на 2 примерока овде.
Кратка промоција, без некоја тешка помпа, самиот Влатко кажа дека списаниево повеќе ќе се концентрира на некомерцијализам бидејќи добро знаеме каква е ситуацијата тука со печатениот медиум. Сеа за сеа ми се допаѓа критиката... пардон, рецензијата :D за „Ослободување на Скопје“. за понатака ќе видиме.
Ако не можам да најдам по трафикиве, чувај еден.
 
На промоцијава да не ги делеа гратис? :cautious: А, Сал? :D

Ја прееска погледнав у една трафика, не го најдов. Дај пишете што ствари има (наслови да не мислите дека барам нешто повеќе). Прочитав негде ќе имало фотографии од сетот на некој филм, па занима ме. И со кој интервјуа, што-како.
 
Јас сабајлево бев у 2-3 блиски трафики во Тетово го немаше.
 
Нешто освежително после долго време во македонскава штампа, изгледа добро и квалитетно се надевам така и ке продолжи.
 
Го видел ни некој по трафикиве? Од каде може да се купи?
И јас на три места го видов денес, во Кисела Вода во маалско дуќанче, на железничка и во СП Маркет :D Значи секаде го има.
 
Го најдов и јас во Карпош. Го зедов од трафиките кај што чекам автобус и додека го чекав разлистав нешто. Добро е како прво списание, добра хартија, го обожавам мирисот на свежо печатена хартија. И ми се свиѓа што е ставен акцент на македонскиот филм, мада сега ја читнав рецензијата на Галески за Златна петорка и до негде и преблаг бил. А рецензијава пак на Сунчица вчера ја читав на текст.мк. Ми се свиѓа „статијава“ за актеркиве и за Тајната состојка. :D

Мада очекував нешто и за Слобода или смрт, Жртва на Џиџева и Ах, љубов моја. Сепак тоа се најсвежи филмови кои се снимени.

И можат да си прават тематски броеви како што се фестиваливе. Ноември да го посветат на Синедејс, Октомври на КинеНова, Април на СФФ, Јуни имаат француски филм, Септември - Манаки.
 
Колку би сакал да се врати времето кога имаше наши списанија и весници на кој поклон или со доплата даваа Цд музика или ДВД филм. Тоа го правеа Теа, Авангард, весниците на МПМ и други. Така јас си набавив ДВД изданија на Манчевски Сенки, Прашина и од Митевска Јас сум од Тито Велес.

Знам можеби сето ова за тие компании кој уредуваат списанија е трошок но добар мотив да се купи и прочита со задоволство списанието или весникот. Се надевам овие ќе прават така па макар и 200 денари е сето тоа.

Јас ако го најдам списаниево ќе го купам со задоволство иако пола од македонските филмови не ги имам гледано и не одам во кино.
 
Последно уредено:
Првиот филмски месечник? Имаше пред 15тина години филмски месечник, Play се викаше ако не се лажам. Како и да е, во време на интернет и pdf да давам СЕДУМДЕСЕТ денари за списание? Ќе купите сите по 2-3 пати, и ќе ви пројде.
 
Исто како за стрипови што викаат дека ги има на нет. Друго е печатено издание друго е онлајн. И за книги исто, ги имаш на нет па сите купуваат. Башка тиражот е само 1500 примероци.
 
Исто како за стрипови што викаат дека ги има на нет. Друго е печатено издание друго е онлајн. И за книги исто, ги имаш на нет па сите купуваат. Башка тиражот е само 1500 примероци.

Не. Цел свет се повеќе се пренасочува на дигитална верзија бидејќи е подостапна и поефтина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom