Филм+ додаток за филмови во весникот Слободен печат

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.806
Поени од реакции
8.223

Промоција на ново списание за филм, „Филм плус“

„Филм плус“ е првиот филмски месечник во Македонија , списание коешто ќе биде претставено на јавноста на промоцијата што ќе се одржи во понеделник, 17 октомври во кафулето „Менада“ со почеток во 20 часот, во Старата скопска чаршија. „Филм плус“, затоа што темите се поврезани со филмот но и нешто повеќе. Вакво списание недостигаше со години и беше потребно да се појави во Македонија, списание што го посакуваа сите оние кои сакаат да бидат или се веќе дел од филмот, стои во информацијата испратена до медиумите од страна на редакцијата на „Филм плус“.

„Филм плус“ во првиот број донесува најмногу теми поврзани со македонскиот филм. Иако интенцијата беше да се направи македонски филмски месечник, сепак, никој, па дури ни авторите, не очекуваа дека ова издание со 48 колор страници ќе биде речиси целосно исполнето со македонски филмски содржини. А излезе дека навистина има за што да се пишува и дека македонската кинематографија, и покрај се, е една жива и пулсирачка средина во која и тоа како има потреба од едно вакво списание.

Во „Филм плус“ има рецензии за најактуелните филмови, во него се промовирани нашите млади таленти, има разговор со филмски работници чија професија најчесто не е во прв план, а донесува и репортажа директно од филмскиот сет. „Филм плус“ ќе се обиде да придонесе кон позитивни промени, пред се, со објективни, аргументирани, но „жестоки“ текстови. „Нашата цел е да бидеме афирмативни, но истовремено и субверзивни, да зборуваме за она што е добро и она што е лошо. Да се обидеме да ги вратиме или да ги воведеме вистинските критериуми кон нештата. Познато е дека зачмаената средина не води никаде, „Филм плус“ ќе се обиде да не го дозволи тоа“, пишува во воведникот Сунчица Уневска, која заедно со Влатко Галевски го уредува новото македонско филмско списание.

„Филм плус“ ќе се дистрибуира во цела Македонија, а на продажните места ќе се појави веќе на 18 октомври. Целта на „Филм плус“ е да воведе и да се претвори во традиција, со која ќе придонесе кон движење и менување, не само во поглед на македонската кинематографија, туку и во поглед на односот кон филмската уметност воопшто, а најмногу кон критичната опсервација и креативна мисла, која се повеќе недостига во нашата земја

Извор: kultura.mk
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Се е тоа убаво, затоа што навистина ни фалеше едно вакво списание, но јас лично мислам дека нема да биде нешто посебно успешно. Работите кои ќе се најдат во списанието верувам дека може да се прочитаат и на Интернет, а и реално нашиов народ нема пари за списанија. Уствари не само што нема, туку и нема желба да ги даде тие пари што ги има за списание.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Јас ќе го купувам со мерак :)

Конечно!

Што се 70 денари месечно за вистински фанатик на филм? Па и да ги знам повеќето новости, од желба кон филмот и да си чувам вакви списанија ќе го купувам!
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.534
Поени од реакции
29.096
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.806
Поени од реакции
8.223
Само ако пишуваат за филмов кој не се холивудски и кој не се повеќе комерцијални не верувам да е премногу успешно списаниево. Кај нас мислам дека највеќе се гледаат холивудските филмови кој се премногу застапени на интернет, кино и телевизија.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
Јас ќе го купувам со мерак :)

Конечно!

Што се 70 денари месечно за вистински фанатик на филм? Па и да ги знам повеќето новости, од желба кон филмот и да си чувам вакви списанија ќе го купувам!
И јас! Плус, ако постои опција, и би се претплатил, на година, на пример.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.806
Поени од реакции
8.223
За списаниево разбрав од Метрополис радио на Петар за појадок и пауза. Интересно е кажаа декa ќе се печати на хартија како оние порано старите што биле а тоа најверојатно мислат на рециклирана еко хартија не на онаа мазна хартија.

Јас ако ме бендиса иако не сум некој премногу што гледа филмови би го купувал плус ако во секој број понудат постери и во некој броеви двд издание на македонски филм тоа би било мотив плус да се купи и чита списанието. Нешто ако го тераат како многу странски филмски списанија (Total Film, Empire, Entertainment Weekly и други) ќе биде одлична работа.
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.437
Поени од реакции
5.485
Према насловна ми делува далеку од комерцијално ориентирано спсиание.
Немаат ни Капетан Америка ни Спајдермен нит Бетмен....
Незнам кој пензионери ќе ги таргетираат, ја лично запек би добил од статијата за Xavier Dolan така да ни таму нема да ја брка работата.
А и тоа македонската кинематографија што е еден жив медиум, пичку матер се растурија филмови снимање.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.806
Поени од реакции
8.223
Према насловна ми делува далеку од комерцијално ориентирано спсиание.
Немаат ни Капетан Америка ни Спајдермен нит Бетмен....
Затоа мене ме копка дали да го купам или не, јас не сум некој што многу се разбира па и фанатик по филмови. Kога гледам филмови тоа се највеќе комерцијалните холивудски филмови. Така да до некаде и сум скептик дека ова ќе успее кај нас.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
Затоа мене ме копка дали да го купам или не, јас не сум некој што многу се разбира па и фанатик по филмови. Kога гледам филмови тоа се највеќе комерцијалните холивудски филмови. Така да до некаде и сум скептик дека ова ќе успее кај нас.
А што подразбираш под „успех кај нас”?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Одлично е ова, нешто ново и интересно за филмоманите. Со задоволство би читал. :)
Се е тоа убаво, затоа што навистина ни фалеше едно вакво списание, но јас лично мислам дека нема да биде нешто посебно успешно. Работите кои ќе се најдат во списанието верувам дека може да се прочитаат и на Интернет, а и реално нашиов народ нема пари за списанија. Уствари не само што нема, туку и нема желба да ги даде тие пари што ги има за списание.
Јас мислам дека си бот, па никому ништо.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.150
Поени од реакции
25.290
Затоа мене ме копка дали да го купам или не, јас не сум некој што многу се разбира па и фанатик по филмови. Kога гледам филмови тоа се највеќе комерцијалните холивудски филмови. Така да до некаде и сум скептик дека ова ќе успее кај нас.
Како сакаш да има успех вакво списание кога еве конкретно ти се мислиш дали да дадеш 70ден за да го купиш. Значи да е 300 денари списанието па да сфатам да е некој проблем, ама 70 денари (една кутија цигари, едно кафе испиено) сите може да си приуштат. Башка ти го осуди списаниево уште не излезено и тоа прв број, можеби само првиот број ќе биде ваков со повеќе македонска содржина. Сигурно во следните броеви содржината ќе биде исполнета со европска кинематографија и америчка, барем јас се надевам.
 
Парите за мене не се проблем барем не за тие 70 денари бидејќи јас не пушам,ретко кафе пијам и кога пијам 70 денари не се големиот проблем. Малку сум скептик што можеби нема да има содржини исполнети за холивудски амерички филмови. Сум го слушал повеќе пати овој Влатко Галевски на радио Метрополис и повеќе зборува за некомерцијални филмови.што значи дека има познавање за тие филмови повеќе. Али ајде да не го осудувам уште не излезено ќе го купам првиот број и ќе го прочитам ако ме бендисува го купувам редовно.

Туку нити наидов на сајт нити на фејсбук страна за списаниево, единствено само вака по портали има вести за него а и овој Гелвсски што пишал на фејсбук.
 
Абе и да има за холивуски филмови не е ваљда дека очекуваш во првиот број да го има тоа. А, со оглед на тоа колку ни е затупена филмскава сцена, едно вакво списание за повеќе да не информира супер ќе е. Кажа некој погоре, се што сакаш за филм имаш на нет, ама иди најди нешто за Македонската сцена. Таман ќе си биде списаниево.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom