Таман да напишам глеам постирал колдскај. Зголемениот тренд на повреди се должи пред се на големите напори кои ги вложуваат спортистите за што е можно подобар успех. И самите знаете какво е темпото, два пати неделно меч, првенство-ЛШ или кога играат репрезентации тогаш два меча неделно за својата земја. Секој ден тренинзи и така цела година. Тоа е преголем напор за телото, а ако истото не се одржува правилно доаѓа до секакви повреди. Реално, кинење предни вкрстени лигаменти, скршеници на нозете, рацете, повреди на грб, врат и слично, може да се случат и самите од себе, како што е објаснето во текстот, при нагло движење, промена на правец, заринкување во некоја нерамнина на теренот и џабе ти е и сета цврстина на светот, лигаментот/коската пука и ти иде јабана. Е сеа има и одредени ситуации каде повредите се предизвикани од преголеми напори и неправилни тренинзи и доаѓа до лесно оштетување на лигаментите при некоја лесна промена. И трета работа, едноставно некои спортисти имаат тела кои се склони на повреди бидејќи секој организам, односно секоја единка е различна.
Стек Комби.