Premier League - Season 2016/2017

Кој ќе биде шампион во оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    218
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.687
Поени од реакции
11.786
ај па и вие на Шо му скршија нога на две места па немаше никаква санкција ради јакото правило дека прво ка допрел топката па за ова со Марсијал
нервира фактот шо тука некои спомињаат проценти, со успорени снимки и од триста кадри неможе да се направи добра проценка и првично е ризичен старт кој се суди, ама не судијата око соколово процени дека нема ништо


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Ја гледав утакмцата на BT Sport вчера, со Ходл и Севиџ коментатори, и кога Бритос му ја изби топката, срипаа во стил на Wow, what a fantastic tackle.

За потоа да почнат да го прикажуваат дуелот од повеќе агли, па се сведе на
- Not so sure that was a clean tackle.

Да на крај да го уклучат Хауард Веб, кој не сакаш да каже дали е фаул или не, indecisive кажа братот. Се вратија во студио па и Мекманан истото го кажа. По мене, премногу мал контакт со топка за таков остар старт.

Но, тоа не го оправдува фактот што Јунајтед прими 2 copy-paste гола. Буквално идентични голови. Евертон прими апла полош гол од судиска одлука кога Негредо го удри по раце Стакеленбург и топката му испадна од раце во гол, па Евертон фино си ја сврте на 3-1 до полувреме.

Јес дека Јунајтед трпи од судиските грешки, прво стартот на Браво, па офсајд против Феенорд, но, проблемот е во немање на систем по кој ке се игра фудбал. И очајната форма на играчот што по секоја цена мора да игра.
Овој негов плачам-кенкам однос на Мурињо може да го затера тимот во многу лоши води...Незнам како не сфаќа дека со консантното кукакње против одредени дискутабилни судиски одлуки уште повеќе ја нарушува самодовербата на тимот и создава менталитет на мал клуб каков што никако не е Јунајтед...Да не збориме дека личниот негов авторитет го доведува во прашање сооглед на тоа дека катастрофално му заврши времето во Челзи иако и таму постојано кенкаше против судиски одлуки..

Наместо да го покаже со прст кон ЦЕЛИОТ тим за очајното издание со Вотворд ВОТВОРД ејјјј он се понаша како судиска одлука да му ја однела победата во тесна утакмица со Барселона пример....

Позитивно ме изненади како почна да го гради тимот систематски и со визија али очигледно некои стари навики не го напуштаат.....Па уште тоа окривување на поединци во јавност е очајно и пак ќе му се удри од глава....Неможе и во Челзи и во Јунајтед играчите да не чинат а он да е во право.Да не зборам дека игачи ко Швајни и Керик ги шутна пред да имаат и еден тренинг со Јунајтед и тотално се маргинализирани што мислам дека лошо влијае на атмосферата во тимот.
 
A

Aexil Kong

Гостин
Овие фановите од Јунајтедот сеуште никако не им текнува да ми честитаат победа. Како после ќе очекувам да ми честитаат титула во мај? :D
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.525
Поени од реакции
2.380
Овие фановите од Јунајтедот сеуште никако не им текнува да ми честитаат победа. Како после ќе очекувам да ми честитаат титула во мај? :D
Честитки Симеон Панда, извини што заборавивме.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.987
Поени од реакции
67.808
Овој негов плачам-кенкам однос на Мурињо може да го затера тимот во многу лоши води...Незнам како не сфаќа дека со консантното кукакње против одредени дискутабилни судиски одлуки уште повеќе ја нарушува самодовербата на тимот и создава менталитет на мал клуб каков што никако не е Јунајтед...Да не збориме дека личниот негов авторитет го доведува во прашање сооглед на тоа дека катастрофално му заврши времето во Челзи иако и таму постојано кенкаше против судиски одлуки..

Наместо да го покаже со прст кон ЦЕЛИОТ тим за очајното издание со Вотворд ВОТВОРД ејјјј он се понаша како судиска одлука да му ја однела победата во тесна утакмица со Барселона пример....

Позитивно ме изненади како почна да го гради тимот систематски и со визија али очигледно некои стари навики не го напуштаат.....Па уште тоа окривување на поединци во јавност е очајно и пак ќе му се удри од глава....Неможе и во Челзи и во Јунајтед играчите да не чинат а он да е во право.Да не зборам дека игачи ко Швајни и Керик ги шутна пред да имаат и еден тренинг со Јунајтед и тотално се маргинализирани што мислам дека лошо влијае на атмосферата во тимот.
На Мурињо не му е гајле 2% за неговиот личен авторитет, ако тимот победува. Живо ме занимаше што ке се дешава со него, ако тимот западне во ваква криза, и сега за сега, одлично тој се носи со тоа. Во Челси пред 2 години кажа дека имало кампања против нив, за недосудениот пенал на Фабрегас против Саутемптон, а беше неколку бода прв. Па следуваше фијаското лани, со Nothing to say, puta de fia или како и да беше.

Сакав да се навратам на тоа, менталитет на мал клуб ако плачеш на судиски одлуки. Не знам колку години имаш, ми делуваш на повозрасен и сугурно помниш, ама Ферги направи авторитет кај судиите баш со ваквите ситуации. За Алан Вајли отворено кажа дека е превише слаб да трча, и да на време да ги прати ситуациите, мислам дека беше утакмица со Саутемптон или Сандрленд. Не ни досуди пенал. За Маринер викаше дека нема доволно искуство по поразот од ливерпул. 2-3 пати доби и суспензии баш заради ова.

Ја не сакам тренерот да ќути кога има очигледна неправда и тимот директно ти е оштетен, и едвај чекам да го внесат видео џаленџот или како и да се вика видео помошта што ја добиваат судиите во NBA. Особено во утакмици каде маргините за грешка се мали, а тимот не ти игра добро.

Погледни го видеото на Кејхил по мечот со Свонси, и ке ти стане нејасно како се чувствуваат играчите кога некој друг ке добие огромна предност во мечот по судиска заслуга.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.091
Поени од реакции
2.039
Да не зборам дека игачи ко Швајни и Керик ги шутна пред да имаат и еден тренинг со Јунајтед и тотално се маргинализирани што мислам дека лошо влијае на атмосферата во тимот.
Гвардиола истото му го направи на Туре и Харт па немаше никаков негативен ефект.
Да бидеме реални Керик и Швајни повеќе не се квалитетни да играат во голем тим. Време им е за МЛС.
Сети се каков пристап и одлуки направи Ферги со Бекам и Кин... па Јунајтед си остана на истото ниво, немаше никаков негативен ефект.

Проблемот не е Мурињо и неговите понашања спрема пресоналот и судиите, истото го има правено и Фергусон и баш поради таков однос изгради став кај судиите па секоја 50-50 одлука мораше да иде во негова корист.
Проблем е што во Челзи/Јун има премногу ѓубре насоберено, премногу просек играчи...
Да беше Ферги сега Руни, Смолинг, Фелаини немаше ни на трибини да седат а не пак да играат во прв тим.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Гвардиола истото му го направи на Туре и Харт па немаше никаков негативен ефект.
Да бидеме реални Керик и Швајни повеќе не се квалитетни да играат во голем тим. Време им е за МЛС.
Сети се каков пристап и одлуки направи Ферги со Бекам и Кин... па Јунајтед си остана на истото ниво, немаше никаков негативен ефект.

Проблемот не е Мурињо и неговите понашања спрема пресоналот и судиите, истото го има правено и Фергусон и баш поради таков однос изгради став кај судиите па секоја 50-50 одлука мораше да иде во негова корист.
Проблем е што во Челзи/Јун има премногу ѓубре насоберено, премногу просек играчи...
Да беше Ферги сега Руни, Смолинг, Фелаини немаше ни на трибини да седат а не пак да играат во прв тим.
Океј е Керик за ротација и играње еднаш месечно. Стариот затоа ги држеше до сам крај Гигс и Сколс. Исто вака може и Руни да се наоѓа уште сезона две, но стартер на секој можна текма, не доаѓа во предвид. За сите овие натпревари што се форсираше Руни, можеше да се укотват Мата или Погба таму и да се уиграат, Мики е повреден еве да не го спомнуваме. За Бастијан се слагам, некако тешко билда фитнес и е склон на повреди иако и тој лани имаше супер натпревари.

За судиите исто сте во право што му реплицирате на Ченто, се случуваше Фергусон и рандом на прес конференција да каже дека некој од нив е дебел и не може да стигне до местото на фаулот, дека овој бил ќор, дека оној не бил физички спремен итн. Можеби ќе добиеше суспензија ама затоа па знаеше дека не им е сеедно на судииве да бидат критикувани од име менаџер, психа е тоа и затоа нареден пат 50-50 ситуација може да отиде во твоја полза.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
На Мурињо не му е гајле 2% за неговиот личен авторитет, ако тимот победува. Живо ме занимаше што ке се дешава со него, ако тимот западне во ваква криза, и сега за сега, одлично тој се носи со тоа. Во Челси пред 2 години кажа дека имало кампања против нив, за недосудениот пенал на Фабрегас против Саутемптон, а беше неколку бода прв. Па следуваше фијаското лани, со Nothing to say, puta de fia или како и да беше.

Сакав да се навратам на тоа, менталитет на мал клуб ако плачеш на судиски одлуки. Не знам колку години имаш, ми делуваш на повозрасен и сугурно помниш, ама Ферги направи авторитет кај судиите баш со ваквите ситуации. За Алан Вајли отворено кажа дека е превише слаб да трча, и да на време да ги прати ситуациите, мислам дека беше утакмица со Саутемптон или Сандрленд. Не ни досуди пенал. За Маринер викаше дека нема доволно искуство по поразот од ливерпул. 2-3 пати доби и суспензии баш заради ова.

Ја не сакам тренерот да ќути кога има очигледна неправда и тимот директно ти е оштетен, и едвај чекам да го внесат видео џаленџот или како и да се вика видео помошта што ја добиваат судиите во NBA. Особено во утакмици каде маргините за грешка се мали, а тимот не ти игра добро.

Погледни го видеото на Кејхил по мечот со Свонси, и ке ти стане нејасно како се чувствуваат играчите кога некој друг ке добие огромна предност во мечот по судиска заслуга.
Се слагам дека на Мурињо не му е гајле за него ако тимот победува,ама проблемот настанува кога тимот не победува како во моменталната ситуација со Јунајтед...И во таков момент постојаното верглање на факторот-судиска грешка се помалку и помалку држи вода нарочито кај јавноста и тоа мислам дека уште повеќе го зголемува притисоко врз него и не врз судиите.

Инаку да,паметам дека Ферги врз тоа изгради авторитет ама има една голема разлика...Ферги најпрво со Јунајтед изгради шампионски тим,тим за секоја почит и страв и трепет за противниците...Е од таква позиција го наметна он тој притисок врз судиите...Ама прво и основно секогаш било квалитетот и добрата игра на тимот! Кога го имаш тоа тогаш да,се согласувам да правиш постојано притисок за ситуации кои ќе бидат дискутабилни да бидат во твоја полза:

конкретен пример-кога последната утакмица со Сити би се играла таму Април месец и каде и двете екипи би се јаделе за титулата..е тогаш против таков добар противник ти треба и најситната спорна ситуација да е на твоја страна.

Амааа против Ватфорд или Феенорд е too much...Против такви екипи тоа кенкање некогаш прави само обратен ефект.Да не збориме дека 3-1 заврши резултат и Ватфорт најпоштено си тепаше.

Да не збориме и дека кај Мурињо станува проблем тоа што тие примедби стануваа веќе навика,он нема утакмица да нема примедби...ајде еднаш два пати три пати ќе сфатам...

Како и да е,ја сум цврсто убеден дека ќе успее и Јунајтед нема друг избор освен да му верува.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Па Рики и Томи би истрчале повеќе од Ибра и Руни.
У одбрана на Ибра и Руни, среќа никој од фан клубов наш не играше прошлиот викенд што организиравме од Редс па да искоментира, али ја морав два пати да бранам по 10 минути (своеволно) пошто не фигурирав у играта на тимот.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.805
Поени од реакции
44.117
У одбрана на Ибра и Руни, среќа никој од фан клубов наш не играше прошлиот викенд што организиравме од Редс па да искоментира, али ја морав два пати да бранам по 10 минути (своеволно) пошто не фигурирав у играта на тимот.
Мислиш пошто не ти подаваа? xD
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom