Македонски филмови

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.749
Поени од реакции
33.468
Можеби веќе е објавено, ама го гледавте краткиот тизер за првиот македонски долгометражен анимиран John Vardar vs. the Galaxy?

Премиера се очекува тек 2019 :eek:

http://kajgana.com/poglednete-go-trejlerot-za-john-vardar-vs-galaxy-prviot-makedonski-dolgometrazhen-animiran-film
Па овој годинава има земено пари, реално е да се очекува дури 2019. Ослободување на Скопје, на пример, зеде пари од фондот во 2012, а премиера има дури сега.
 
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296
Можеби веќе е објавено, ама го гледавте краткиот тизер за првиот македонски долгометражен анимиран John Vardar vs. the Galaxy?

Премиера се очекува тек 2019 :eek:

http://kajgana.com/poglednete-go-trejlerot-za-john-vardar-vs-galaxy-prviot-makedonski-dolgometrazhen-animiran-film
верувам дека ќе биде подобар и од pixar и disney анимираните
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Алал да им е.
Не знам дали беше ироничен или не, ама јас стварно викам алал да им е. Кај нас секој сака да симне, а никој нејќе да се помачи да сними. И ако не се лажам ова е прв наш филм во HD, па макар и рип од тв да е.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Не знам дали беше ироничен или не
Не бев.
Иако откако го симнав малку се разочарав. На VLC апла се гледаат линиите што се појавуваат кога се гледа Interlaced video а на Potplayer не се гледаат но при движења е многу магливо.
Не сум сигурен дали е ова кривица на риперот или на изворот.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Давам предлог да отвориме еден Нацивуд во Македонија и да штампаме наци-филмови за цела Европа, тамам згради, мостови имаме, не мора да се прават филмски градови и шта ти знам.

Сега конкретно за Ослободување на Скопје, ме разочара. Пред се приказната која не трогнува, а цело време беше нагласуван токму тој момент во секое интервју- војната видена од очите на едно дете. Приказна која што вредела да се адаптира? - Апсолутно не.
Дел од ликовите потполно со безвезални реплики, Силвија Стојановска на моменти ми идеше да и лепнам шамарчина. Раде со пцовките цел филм не поминува кај мене, Ана Стојановска и со 2 секунди знае да ти го уништи филмот.

Од друга страна сценографија добра, костими, музиката иако кратко ја имаше - ефектна и добра беше, од глума добри епизодистиве - Џамбаз, Игор Ангелов, децата, Луција Шербеџија, Дејан Лилиќ.
Јазикот не ми сметаше ко на Мајло погоре, ама сценариото и тоа како ми го сруши филмот. Само 6ка, и тоа се мислам да не му е премногу.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Од друга страна сценографија добра, костими, музиката иако кратко ја имаше - ефектна и добра беше, од глума добри епизодистиве - Џамбаз, Игор Ангелов, децата, Луција Шербеџија, Дејан Лилиќ.
Јазикот не ми сметаше ко на Мајло погоре, ама сценариото и тоа како ми го сруши филмот. Само 6ка, и тоа се мислам да не му е премногу.
И јас ќе го симнам на шестка, многу му е седум, сега кога помина скоро една недела од премиерата.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.749
Поени од реакции
33.468
Малце офф е ама... ватафак
Јас мислам дека беше наместено. Типкава беше конферансие во перформансот на свеченото отворање кој исто така предизвика доста скандали зашто актери на прилепскиот и битолскиот театар биле потполно голи на сцена, а девојкава била боса, па имаше доста реакции по медиумите заради фалусите кои им се мавтале пред очите на уважените гости од цел свет, а и на таканаречениот наш претседател, Ѓорге Иванов кој е покровител на фестивалот и бил во публиката во салата. Идејата на режисерот била дека сите се раѓаме голи и боси на светов, па затоа нема ништо срамно да се појавиме голи и боси (какви и што сме навистина) и на една ваква манифестација, со што воедно сакал да и влепи една жешка шлаканица на целата таа фела, на естаблишментот, на костумираните суштества кои мислат дека парите го вртат светот па затоа секоја година тие седат во публиката и добиваат карти наместо луѓето кои навистина го сакаат филмот.

Скандалот продолжи кога на истиот режисер му беше откажан перформансот планиран за свеченото затворање, по што упати протестно писмо за цензурата која ја спроведува фестивалот. Одговорот од таму беше дека причината за откажувањето на перформансот била од техничка природа, зашто по перформансот актерите на сцената требало да остават купишта органски отпад (овошје и мед) и околу половина кубен метар дрва, кои не можеле да бидат отстранети за брзо време за да продолжи церемонијата на затворањето. Затоа јас мислам дека како компензација, намерно и беше дозволено на девојката да се качи на сцена и да ги собуе чевлите пред сите, и (наводно) да биде исфрлена од обезбедувањето, за повторно да се испрати истата порака од отворањето.

P.S. За отварањето имаше реакција и од лауреатот годинава, финецот Јани Петери Паси, кој го нарече отворањето чудно затоа што некоја од актерките вперила автоматска пушка директно во публиката во која седел и претседателот на државата.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Мене баш ми беше интересен перформансот за отварањето, имаше многу смисла целиот тој настап и добро изгледаше. Глупав ми е секој можен потег за цензура, се надевам не било тоа причина за затварањето туку поради техничка причина.
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Околу перформансите ќе разговараме дополнително, моментално сега што иам да кажам е околу еден од најлошите филмови што ги имам гледано од македонската продукција воопшто, "Златна петорка". Како прво ова е ТВ филм и тоа е факт, човекот има земено 300 илјади евра за да прави ИГРАН ФИЛМ. Од почеток буквално во првите 10 секунди кога ќе чуеш наратор знаеш колку е часот и што можеш да очекуваш. Од тоа што претходно имав читано и беше јавно објавено мислам синопсиси или режисерски експликации јас ништо не видов во филмот, драматуршки тешка катастрофа се има десено. Во филмот со приказната нишо не се дешава еден тон еден тон непотребни работи се случувааат, а ништо од приказната што треба да ја видиме. Костимографија многу лоша, имаше едни агенти демек од службата комунистичка ми се чинеше како од филм ноар да се избегани и го згрешиле сетот и тоа пази сето тоа луѓе натуршчици, тоа мислев дека е пародија цел филм, за дијалозите да не зборувам, наместо да гледам драма, историски филм демек со моменти на романтична приказна, јас мислев дека гледам пародија некоја се газев од смеење на глупостите што ги гледам. Кастингот од А до Ш промашено цело сето, незнам кај гледал човекот што гледал позади камерата. Колор градирање никакво НУЛА, баш како за на телевизија да е сниман филмот, мислам дека треба да си го спакуваат филмот за во фиока или да го пуштат сеа еднаш на мтв и тоа е, ова не проаѓа на ниеден филмски фестивал, тоа е само џабе пари трошење. И тоа дечки на крајот нараторот фино поштено си ја раскажува приказната и кажува за што се работело во филмот и за што е филмот, мислам нормално на сите да му биде јасно како било што било :tapp: .

пс. како добил пари? Епа многу лесно ќе правиме филм за патриотизмот, слобода или смрт и на крај 'сонцето ќе огрее за нас' ...
 
Последно уредено:
B

Blade Torch

Гостин

пс. како добил пари? Епа многу лесно ќе правиме филм за патриотизмот, слобода или смрт и на крај за 'сонцето ќе огрее за нас' ...
Каде го гледаше?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom