Ама нема трансферот на Кулибали да направи клубовите да бараат повеќе. Јуве го продаде Погба за 100 милиони, и нормално дека сега секој клуб ќе ги крева цените. Целиот трансфер маркет е забеган, не е само ситуацијава со Кулибали. Така да не прави баш никаква разлика дали сега ќе дадат толку пари, со цените кои ќе се вртат во иднина, не зависи само од Челзи и Наполи, и трансферот на Кулибали тоа.
Според ова значи ти попрво би земал пак некои како Џилобоџи и Хектор, па наредна сезона пак да се заебаваш со носење дефанзивци, наместо сега да си го решиш проблемот за повеќе пари. Или со други зборови, сакаш да бидеме Арсенал, наместо по секоја цена да ги земеме играчите кои ни требаат, и да бидеме успешни