Арсенал - Ќе си бидат Арсенал, со тие засилувања што досега ги направија ќе се борат за место во ЛШ (читај: четврто место), али оваа година ќе им биде пеколно тешко да стигнат до таму. Клод од АрсеналФанТВ сеуште ќе доживува нервни сломови
Сити - Ако ја спроведат тактиката што ја бара Гвардиола, сигурно ќе се едни од главните конкуренти за титулата...Нема проблеми за Гвардиола, оди во богати тимови и си носи играчи по негова мерка, единствено енигма за мене е што ќе прави Туре под водство на Пеп со неговиот гз што едвај го движи
Јунајтед - Земаа јаки играчи а еве и Погба им чука на врата... Али штознам, овој Манчестер ми личи како на сила да е правен, фрлање пари на велико се со цел да им тргне некако работава, али сеуште имаат мувлосани играчи во тоа екипата од предходниве три сезони. Сега за сега земаа 3 (еве 4 со се Погба) засилувања, али треба уште многу да се промени во тој тим. Мурињо некако не ми е тренер како што беше порано, дури и таа титула со Челзи ми е некако ептен на мускули земена, али ај ќе видиме... прогноза за Јунајтед: Или ќе влезат во топ 4, или ќе имаат уште една бродолом сезона. За титула мислам нема шанси да се борат.
Лестер - Мислам дека брзо ќе издишат со натпревариве, сега ќе играат во Европа, + домашно првенство + ФА куп + Карлинг + штотијазнам. Топ 10 сигурно ќе бидат, али далеку од тоа дека ќе ја повторат предходната сезона.
Тотенхем - Имаат добра екипа, Почетино е јак тренер и за разлика од другиве екипи со нови тренери и нови играчи, сметам дека овие сигурно ќе завршат во топ 4, само под услов Кејн да не им ги изведува слободните и корнерите
Челзи - Конте нов тренер

, годинава не играат во Европа такада ќе има повеќе простор Антонио да го разработи тимот. Минатата година завршија 10-то место, али ако за нешто е познат Конте, тоа е што знае да оживее мртви тимови (посткалчополи Јувентус и мртвата Италија). Во Челзи мислам дека скоро сите играчи останаа од онаа генерација што ја освои титулата пред 2 години, такада Конте ако убаво ги искординира играчите, сигурно ќе имаат добри резултати. Топ 4 според мене.
Ливерпул - Најјак играч им е Клоп. Не донесоа некои звучни имиња (освен Манингер

), али авторитетот на Јурген е огромен во екипата. И овие не играат во Европа, очекувам и од нив да атакуваат на место во ЛШ, али не ми изгледа до толку кадарен тимот... Лига Европа за нив
Сезонава ќе ги пратам Челзи пред се ради Конте, али сигурно ќе навивам за Вотфорд. Џиги подвратената куродрвица, брадата на Фрусталупи, заедно со Камило Зунига, Брис
ЏјаЏјеЏје, еден од подобрите голмани на ПЕС 6 Еурељо Гомес, рамковниот брат Ваљон Бехрами, башка што читам планирале да го земаат и покемон фосилот од Наполи Кристијан Маџо... и како потоа да не навиваш за нив? Страва од екипа
