Premier League - Season 2016/2017

Кој ќе биде шампион во оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    218
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.499
Поени од реакции
80.575
Реков дека не е поранешниот Мурињо, после триплетето со Интер, како почна да паѓа со своите фудбалски тактики. Ќе земе титула една сезона, потоа наредната ќе му е распад систем, прошлата сезона му беше ПРЕ-МИ-ЗЕ-РНА, повеќе се "забавуваше" со Ева и новинарите, одколку со екипата.

И да, Јунајтед барем сезонава нема да се бори за титулата, туку ќе гледаат да фатат место кое носи ЛШ. За наредната ќе видиме....
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Оваа година ќе биде урнебес...ништо чудо да има пак некое изненадување (не како лани), али веома врло вероватно е некој од фаворитиве да не влезе ни во топ 6.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.037
Поени од реакции
106.833
Мурџо у октомври ќе освои титула.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.494
Поени од реакции
6.120
Рано е сеуште да предвидуваме со цел месец отворен трансфер пазар и на повеќе од 2 недели до започнување на сезоната.

Засега е јасно дека итаљијаните повеќе ќе пишуваат во темава отколку во таа за Серија А, и тоа јувенташите ќе ги подржуват Челзи, интерашите Јунајтед (и Вотфорд секако :D ).
Од другите лиги, каталонците веројатно ќе навиваат за Сити а се очекува одвреме навреме и коментар од Игорче со пофалби/критики за Клоп и Ливерпул. :icon_mrgr:
 
A

Aexil Kong

Гостин
Сите таљани ќе го подржуваат Вотфорд
Друже, јас сум долгогодишен фан и поддржувач на Вотфорд ама не пишував многу на претходните теми оти само јас бев фан па не сум ни толку конкурентен во бројот на мислења заразлика од постарите членови. Одма ќе речат овој вештачки фан, нов акаунт само за Вотфорд направен тука да не трола и остало.
Ајде со среќа Мацари у новата сезона, Игало rules.

Инаку, Barclays не е веќе спонзор на Премиер Лигата?
 
S

silmarillion

Гостин
Навијачки пуштив за Јунајтед, али разумот ми кажува дека Сити ќе биде. Чак што више ја и повеќе бев за Пеп да дојде кај нас али тоа е што е. Жабарите дојдоа на голема врата во ЕПЛ оваа сезона па ќе видиме дали ќе мрсат муда со тактики. Од Јунајтед очекувам реално макс 3то место со Сити и Челзи на прво и второ. Не ги пратам засилувањата на другите тимови, али Јунајтед уште дава слика на некомпактен-допрваќесесредува-тим.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.348
Поени од реакции
3.217
Ај нека е честито новата тема. :)
За предвидувања е рано,ама сигурен сум дека Барнли и Свонси ке се борат за опстанок,и новајлиите освен Боро кој може да биде пријатно изненадување на сезоната.
Главни три фаворити за титулата според мене се Сити,Јунајтед и Челзи.
Пеп е на огромен тест,но и фијаско да му се случи за мене ке остане најголемиот фудбалски мозок кој фудбалот го имал во последната деценија.
Пред месец дена го сметав Арсенал за главен фаворит за титулата заради тоа што мислев ке се засилат на позцииите каде им фали играч.ама изгледа на Венгер не му доаѓа мозокот.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Ај озбилно малце. До септември ќе се направат уште милион трансфери, ама вака стојат работите според мене засега...

Комплетирани трансфери:
Арсенал: Гранит Џака, Такума Асано, Роб Холдинг
Челзи: Мичи Батшуаи, Н'Голо Канте
Ливерпул: Џоел Матип, Лорис Кариус, Садио Мане, Рагнар Клаван, Алекс Манингер, Џорџино Вајналдум
Манчестер Сити: Илкај Гундоган, Нолито
Манчестер Јунајтед: Ерик Бејли, Златан Ибрахимович, Хенрик Микхтарјан

Лестер си има солиден тим, ама нема шанси да ја повторат ланската сезона. Ако успеат да играат во слична форма, ќе се вртат тука околу 4-6 место. На крај во топ 8 би требало да завршат. Тотенхем исто има добар тим, ама и они лани повеќе го искористија падот на конкурентите. Сезонава не верувам да се сериозни конкуренти, ама има некоја ептен мала шанса за изненадување. Вест Хем очекувам пак да имаат добра сезона, а и Коман би можел да изненади со Евертон.

Арсенал пак си е Арсенал. Се знае моето мислење, и се додека е Венгер на чело, нема шанси да освојат. Се залетаа со трансферот на Џака кој успеаа ептен рано да го компетираат, ама исто беше и лани со Чех. Еве сега пак ништо не прават, а сметам дека очајно им треба класа напаѓач и дефанзивец. Овие Асано и Холдинг не треба ни да се спомнуваат. Ете пробале за Лаказет, ама ако е точно тоа што рекоа тука дека уште од јуни била таа понуда, значи имале една понуда, им ја одбиле и се откажале. Со Игуаин цело време ги поврзуваа, и таков трансфер би им би полн погодок, за на крај да оди во Јуве. За да купат играчи кои ќе ги направат сериозни кандидати за титула, треба да дадат по над 40-50 милиони, а Венгер и управата позади него не верувам да го направат тоа.

Челзи пак со нов менаџер, ама засега Конте можам да кажам дека импресионираше и не придоби сите, ни даде верба дека може да донесе успех. Тренинзите му се ептен физички захтевни, и напорно работи за да ги спреми играчите за почетокот на сезоната. Доволно е да се споредат слики од играчиве од ланските подготовки и од сега, за да се види колкава разлика има. А и според изјавите на играчите, а и слики од тренинзи, се гледа дека дека успешно ја наметнал својата филозофија. Сите се среќни и работат напорно за да се докажат кај новиот менаџер. Трансферите засега се она што беше потребно. Мичи е млад и ги има сите квалитети за да се развие во одличен напаѓач. За Канте нема потреба да се коментира, можеби најзаслужниот играч за титулата на Лестер лани, иако Варди и Марез ги добија сите пофалби. Сигурно ќе му биде главен играч во средина, и едвај чекам да заигра за Челзи, сигурен сум дека ќе биде одличен трансфер. Сега се работи и на дефанзивец (најверојатно Кулибали), и можеби уште едно крило, со што тимот би бил добро покриен.

Ливерпул засега се најактивни со трансферите, ама повторно нема некој онака голем трансфер со кој би покажале сериозност. Но, тоа и можеше да се очекува од Клоп. Не носи големи имиња, туку играчи кои смета дека ќе можат добро да се склопат во неговата игра. Мане и Вајналдум се имаат веќе добро покажано во ПЛ. Доколку успее Клоп да ги подобри и да ги искачи на следно ниво, би можеле да бидат одлични засилувања. Вака тимот изгледа солидно, ама баш и нема играчи кои што отскокнуваат и би можеле да им донесат титула. На крај се ќе зависи од Клоп, јас искрено би сакал да видиме силен Ливерпул кој ќе може да се вмеша во борбата за титула.

Манчестер Сити со Пеп засега ми се онака ептен несигурни. Можат лесно да се избламираат ептен, ама би можеле и да освојат. Овде сметам дека не се проблем трансферите, ќе си донесе Пеп играчи кои ќе се вклопат во неговата игра. Проблемот се играчите кои веќе ги има во Сити, и дали ќе успее нив да ги прилагоди, затоа што не верувам да планира да отстапи од својата филозофија. Гледам и некои посебни режими на исхрана морал сега да им даде затоа што повеќето биле во ептен лоша форма. Имам кажано и претходно дека според мене ептен тешко ќе се вклопи првава сезона. Не искусил ваква лига до сега, а и самиот на тие интервјуата така малце несигурно делуваше, вика не знам како е во лигава, дојдов да научам, да пробам да се докажам. Очекувам да губи бодови од „слаби“ тимови кои ќе ги потцени мислејќи дека ова е Шпанија или Германија.

Манчестер Јунајтед засега направи добри трансфери, а еве би требало и Погба да успеат да го договорат наскоро. Со Мурињо на чело, и играчите со кои се засилија, нормално дека ќе бидат прв фаворит за титула. Но, и покрај одличната 11-ка која би ја имале, сепак целиот тим сеуште не е совршен, и си имаат позиции кои може да им прават проблем во текот на сезоната. Посебно одбраната каде пак како и лани немаат вистински лидер, искусен играч на кој ќе може Мурињо во секое време да се потпре. А знаеме дека сака одбраната да му е беспрекорна. Го донесоа Бејли кој сеуште е млад и ќе му треба време за да се прилагоди на лигата. Сепак, најголемиот проблем на крај може да биде и самиот Мурињо. Знаејќи го, после ланската сезона ќе сака пак да покаже дека е сеуште најдобар, и мислам дека ќе оди ол ин сезонава за да ја освои титулата. Може да биде ептен тврдоглав, и лесно може сето тоа да му се удри од глава на крај. Но, ако некој знае како да победува, тоа е Мурињо.

Никој не може да прогнозира уште од сега што ќе се случува во лигава до мај. Овие пет тимови се главните конкуренти за титула, и баш би сакал сите да се јаки сезонава. Не очекувам само еден тим да доминира во текот на целата сезона, и ептен да отскокнува од другите. На крај верувам дека само 2-3 бода ќе го одлучат шампионот. Сити и Јунајтед би требало да се главните фаворити, а се надевам дека ќе може и Челзи да ги следи. Ливерпул исто би можел да изненади, ама не очекувам некоја сериозна борба за титулата од нив. Но, би можеле лесно да завршат во топ 4. Арсенал освен ако не донесе сериозни засилувања до септември, би требало да отпадне од топ 4.
Во секој случај, не очекува одлична сезона. Секоја сезона уствари го кажуваме истото, а и секоја сезона си е приказна за себе и никогаш не разочарува. Но, овој пат со квалитетот на менаџерите во големите тимови, и играчите кои доаѓаат, стварно би можеле да бидеме сведоци на нешто посебно.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ја и лани реков дека Манчестер ќе освои па потонав ама сезонава пак викам дека Манчестер ќе освои. Мурињо е копиле гнасно и ќе даде се од себе да освои и да покаже дека сеуште е класа менаџер и ланското фијаско било само сплет на околности.
Ако потоне и оваа сезона ондак нека си иде у пензија или селектор, нека не се резили.

За почеток сакам само да го изеде јако у Супер купот од Раниери за све што му праеше у Италија порано а овој му ќутеше, ќе ти ебам Мурињо тоа у срж поквареното копиле, закачај се со Венгер таму он барем се курчи остај го дедо Ранко на раат.

Сакам и Ливерпул малце да се умеша горе, ајде мора еднаш да им тргне као што треба, греота се, на Пеја му побелеа конците на фаца од нервоза, жал ми е.
Арсенал нека заврши 6то место и нека си иде тој сенилниот Венгер, доста му е пичка му матер инаетлива, магаре старо.
Не знам што да мислам за Сити, дефинитивно ќе бидат интересна екипа за пратење, да го видиме Пеп како ќе се снаоѓа.
Челзи истотака ќе биде интересна екипа, Конте речиси сигурно нема да игра 3-5-2 барем од почеток туку 4-4-2 или 4-2-4 сеедно. Вака почна и во Јуве ама откако не му идеше смени у 3-5-2 ама во Англија би требало да му иде оваа формација со оглед на тоа што на островот функционираат такви брзи крила и таква игра со транзиции, контра напади.

Тотенхем, Лестер, Евертон тука негде у топ 7-8 секако. Сандерленд ќе бидат интересни со Мојс секако, нема да се борат до последно коло за опстанок сигурно.

Секако ние италијанците би требало да навиваме за Вотфорд и нашиот човек Валтер Џиги Мацари.

Ајде Џиги напред Џиги ле але.
Зига-зага форца Џиги ле але.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
@Донев

Убаво си кажал се и добри се прогнозите освен таа дека Арсенал нема да заврши у топ4, ќе заврши, тимот воопшто не е лош за топ4 пласман, иако за титула нема сила ни квалитет

За инат наш на сите ќе завршат во топ4, мене лично нема да ми смета тоа да не се случи, да се раздрма статус-кво состојбата, но знам дека на крај ќе се извлечкаат некако како и секогаш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom