Како прво не го чепкај Ширеа, слаба точка ми е.
Како второ човек кој навива за пет тимови и уште два подржува не може да зборува за цинизам. Преиспитај се малку од таа страна.
Како трето, нема ништо лошо по тоа да се "палиме" по квалитетни играчи. Игуаин е квалитетен напаѓач, ти колку сакаш негирај го тоа. Проблемот во првите две сезони во Наполи каде што и покрај се има солидни статистики, му беа тоа што промашуваше доста шанси. Реализацијата не му беше на ниво, ама Игуаин никогаш го немал тој проблем да се наоѓа во шанса, што е многу битна карактеристика. Како слеп за стап си се фатил за тој меч против Јуве, каде што тактиката на Наполи беше 9 назад и Игуаин сам ако направи нешто против одбраната која на европско ниво покажува одлични резултати.
И како последно, али не и најмалку важно не е поенатата комплетно во бројот на головите од страна на еден напаѓач. Битна е структурата и токму тоа е целта што треба да се таргетира. Манџукич кој го имаме за жал знае да погоди против Карпи и Аталанта, против поквалитетните малку потешко. Игуаин (доколку се разбира евентуално дојде) би бил добро решение за тешки проблеми, какви што се наоѓаат во текот од сезоната. Исто така би бил решение кое очигледно во ЛШ го немаме, а тековниот напад е премногу тенок за да може да одговори и на тој предизвик. На кратко еден напаѓач може да биде ефективен и со 15-16 голови во текот на сезоната, а може да даде и 20+ па пак да не биде се како што треба поради повеќе фактори. Може на пет меча хетрик да даде против мали тимови, а тогаш кога ќе биде најмногу потребен да го снема целосно.
Се на се доколку Јуве е способен да плати разумна цена која според мене се движи околу 65 милиони плус некој играч, тогаш овој трансфер би бил одличен. Ако се бара повеќе од тоа, тогаш малку потешко, но што е најважно не смее овој евентуален трансфер да биде условен од нечие заминување.