За цинизам збори човекот што цело време замара дека основата на силата на Јуве е одбраната (што е океј), но од друга страна проблем бил Манџукич што нема статистика како последнава сезона на Игуаин (што ајде што си нема врска, пошо типот е ненормално важна алка за тимот, преочигледно е тоа, туку со тоа се контра со првото).
За цинизам збори човекот што го смета Алегри за тренер кој на готово ги истурка овие две сезони, пошо за него предавникот Конте е бог и батина.
Така да подобро ти преиспитај се од таа страна.
Од една страна го барате „најдобриот стрелец“, од друга страна „па головите и не се најважната работа“. Првите две сезони „имал проблем со реализација“, ама затоа во ЛШ „е добро решение“, пошо нели таму не е важно колку гола ќе даде, туку во колку шанси ќе се најде. Дур ги пунеше Фросиноне и остали слаби екипи, втора полусезона го немаше не само против Јуве, туку и против Милан, Рома, Интер (додуше против нив беше суспендиран). Како што реков, појаките екипи ја научија тактиката на Сари, го блокираа нивниот главен напаѓач, а овој немаше план Б и затоа не ја освоија титулата.
Човекот имал ЕДНА добра сезона и тоа само во Серија А, а Јуве веќе не се ни замара со лигата после 5 последователни скудета и брка ЛШ. Е коа сме кај ЛШ, ајде статистичарите ко Шчиреа и остали да ми кажат, колку гола има Пепита таму?